мое мислење од пред некое време и одговорот на болдот ти е тука Спојлер Е сега на тема религија неможе секој да пишува, пошто имаме повеке традиционални верници и (незнаат скоро ништо), од верници кои навистина ја следат религијата. И за тоа само ние неколку луѓе пишуваме ( одприлика 10) Јас, Serafima, Gordana10, EvAngelos, Orthophill, daylight, ......
Абе сега...ако одиме по правило на елиминација на незнајни верници, ќе останат 2 без 3 мислења. Правилата си велат дека тимот на Фемина не застапува ничиј став, значи секој си се брука или величи на своја сметка. А, верба чуда прави. Ниту најголемите експерти не можат со логика и знаење да одвикнат закоравен верник од смислата што си ја дал на своето верување, а не па модератор со бришење. Факт е дека народ не разликува секта што е, или не си го знае потеклото на религијата...ама па, хипотетички, ако се брише тоа, нема простор некој да ги исправи или тој што исправал делува ко сам да си зборел. Велам хипотетички, пошто низ темите стојат стотици полуписмени и нелогични мислења. Проблемот, чинам, е кога ќе се јават атеисти/агностици/деисти т.е. било кој што не е 100% верник, прифрабли христијанин. Е, таа наклонетост не чини и е деструктивна за таков интересен подфорум.
Доколку некој те вознемирува по пат на пораки, истите можеш да ги пријавиш кликнувајќи на извичникот (горе десно, кога ти е отворена пораката). Инаку, имаш и опција воопшто никој да не ти праќа пораки, а тоа ќе го направиш во Контролен панел-->Прилагодувања-->Може да ми испраќаат лични пораки-->Штиклираш не. Инаку, за се друго нејасно, еве и тема конкретно за пораките za-forumot/licni-poraki-t1096/
Може да забрани само одредени членови да не и пишуваат лични пораки. Одиш во „Правила и папки“ и таму има упатсва како да направиш правило да не ти праќа тој член. Го имам пишувано тоа, еве го мислењето: Спојлер
Можеби е поставувано ова прашање до сега, ама не успеав да го најдам. Често не можам да гледам прикачени слики- ми ги дава како ситно квадратче (што означува слика) и долниот десен агол како отсечен. како да постапам за да ја видам сликата? Друго, исто кога некоја феминка остава слика- пишува само слика а нема никаков линк или нешто друго за да се кликне и да се види? Грешно е поставена или?
Како се подредени допаднатите мислења? По кој редослед? Крајот не можам да им го најдам, се` е каша попара... Некои допаднати мислења не ги покажува, а некои ги покажува...
Хронолошки, сметајќи ја само првата ѕвездичка. Ако по одреден период, на некое мислење добиеш повеќе ѕвездички, не го поместува понапред или поназад, си останува на истото место.
Нема таква опција. Ако навистина ти треба да ја пратиш сликата, тогаш најди некој сајт каде се прикачуваат слики, а да не биде Фејсбук за да не се наруши приватноста, и откако ќе го добиеш линкот на сликата, го праќаш исто како во мислење, со ставање на линкот од сликата
Во зависност од што било напишано, може модераторот го сметал за навредливо или што знам, мора да пркоси на некое од форумските правила за да биде избришено, но сепак обрати и се на Реин или до модераторот на категоријата.