Како се отвора нова тема на форумот? Гледам нови членки отвараат без око да им трепни, ама јас не можам да се снајдам ХЕЛП!
Прво ќе одеш во која категорија сакаш да биде темата, и горе лево има едно што пише NEWTOPIC. Кликни на тоа и потоа само ќе ти каже што како.
Модни критики за нетолку храбри феминки се наоѓа во Скриено катче што е дозволено да се гледа кога ќе се добие сино цветче со 100 мислења.
Касно ти пишувам, ама друг пат ако имаш ваков проблем со некоја тема не кликај директно на темата од почетна, туку влези во категоријата и оттаму отвори ја. Ако не е ни до тоа, не знам, обрати се по лп кај модератор.
Ништо најверојатно си ја прочитала пораката пред да ти биде пратена или нешто така. Нека ти прати некој порака и ќе се тргне тоа.
девојки јас сакам да ве прашам дали има опција на форумот да се менува бојата? т.с да не биде сино, туку друга боја...
Бојата на името мислиш? Не се менува тоа, модераторите имаат виолетово, користиците сино, глобалниот модератор и администраторите имаат розево.
Нема.Таква си е бојата на форумот.Ако го надоградат со некоја друга платформа,можеби тогаш и бојата ќе ја сменат.
Феминки го тргам тоа S секогаш од https кога ставам линк, и ниту еднаш линкот нема излезено како што треба! До мене ли е, до линкот ли е?
^ 6-7 линкови може имам ставено и сите така излегуваа, си помислив да не има уште некоја финта. Штом било до линкот, не се откажувам! Ќе ставам дури не излезе како што треба.
Абе како да го направам потписов во боја и со поинаков фонт? Гледам некои членови имаат во боја потписи, исто како што им беа претходно..