Хмм, а немаш во сетингс да избереш јазик? Ако немаш македонски има други кирилични, на пример руски или бугарски.
Зошто некои некои нови одговори не ги дава во "Нови мислења"? И моите нови постови не ги дава, а еве гледам и на другите феминки не ги појавува. Мислењата над мене од imelda и Lella се напишани пред неколку секунди, а во "Нови мислења" ги нема. Edit: Најдов, најдов, најдов.. Требало да се стисне "Последни мислења".
Со мајмунче и ќе почнеш да го пишуваш корисничкото име на членот кој сакаш да го означиш и ќе ти се отвори листа на членови. Пример: @и почнуваш да пишуваш. Пробај ќе видиш.
Еве, со помош од Калиопе и мм, успеав некако. Од Плеј Стор го симнав SwiftKey. Пет минути работа било, ама да има кој да ти каже. Фала многу calliope.
@Cvetetto (мм да, фала ви), оди горе на твојата иконка каде ти го пишува никот, па на Твој профил, после имаш подоле Трофеи, таму ти ги има сите.
Конечно го најдов тоа што го барав. За сите што истото го бараат, можете да направите да не ви стигнуваат известувања за сите теми на кои сте пишале. Одете горе на вашата иконка, па Прилагодувања, и таму наместете си.
Епа веднаш откако ќе го пратиш мислењето можеш и да го избришиш..но тоа се прави веднаш,зашто по некое време го нема тоа копче за бришење
А зошто се тие пораки на профилот? Како, слики ќе си објавуваме една на друга, нешто како Специјален Поздрав? Или и родендени ќе си честитаме? Малку ми е бесмислено... И зошто се оние Истакнат член, Активен член, Популарен член? Кои се разликите?
За тоа и јас знам,ја имаше таа опција и на стариот изглед, јас те разбрав дека можат и постари да се бришат
@nevermet18 Тоа јас го сфаќам како разговори што ги гледаат сите. Нешто слично како на фејсбук што си пишуваме на ѕид.