Прочитав неколку страни и искрено ме мрзи веќе, како да си ги гледам плодните денови на календарот и хороскопот, претходно се логирав и ги имав а сега не. хелп ми
Дали јас неможам да најдам, или на новава платформа нема опција за пребарување на лични мислења, и конкретно одредена категорија?
Dream-Girl ги немам , ми пишува ако сакаш да ги гледаш твоите плодни денови најави се, а веќе сум најавена, ај за хороскопот и не ми е толку тешко, ама ова за калкулаторов стварно ми фали
^ Знаеш што е работата ? Сега со новата платформа на повеќето родендените им останаа скриени, затоа некогаш, како денес на пример, ништо не пишува, стои празно, ама вообичаено, кликнуваш на иконата горе лево Членови и кога ќе влезеш од страна треба да пишува кој има роденден... значи под или над (не сум сигурна) Членови на тимот. Ама денес нема.
Дечки, како да ги прикачувам сликите ама да бидат прикажани цели, не да мора да се клика посебно на секоја за да се види поголема? Кога ги прикачував, направив да се покажат како целосна слика, но сепак не ми ги покажува целосно..
Како да означам некој член на форумот, односно да ми се појави неговиот ник, без да го пишувам називот? Односно пред никот стои @и розева боја на никот?
^ Ставаш @ и одма до него го пишуваш името на членот. Кога ќе го пратиш одговорот, ќе испадне розево и ќе му стигне известување на тој што си го означил.
Ако ставите некого во игнорирани членови ќе им стигне нотификација? И дали ако ставам во игнорирани ќе можам пак да ги гледам низ темите, дали е истото како што блокираше контакт?
Ај само пробај игнорирај ме, па ќе ти кажам што ќе ми стигне Еве јас сега само што те игнорирав, ти стигна ли нешто? Гледам дека имаш коментирано низ темите ама не ми покажува што си напишала туку: Ја игнорираш содржината од овој член. Покажи ја игнорираната содржина и треба да кликнеш на покажи ја игнорираната содржина за да видиш што пишува, а кога прегледуваш нови и непрочитани мислења ако игнориран член е последниот што напишал нешто, не го покажува името на членот туку од Игнориран член пред 20минути.
Благодарам @Pirana за разјаснувањето на дилемата, еве да ти кажам слободно може да се игнорираат членови нема да им стига нотификација, мене не ми стигна ништо Сега те молам немој веќе да ме држиш на игнор
Дали некаде може да се најде листата со членови и нивните мислења на кои сме им дале ѕвездичка на претходната платформа? Благодарам
Зошто ако напишам статус на ѕидот мора да ми се појави и како профил статус и да ми го снема стариот? Т.е. може сакам да напишам статус нели како на ФБ, но тоа не значи дека сакам да ми стои на профил, туку само на ѕидот. Зар не треба тоа да бидат посебни опции? Не ми е јасно.
shto e funkcijata na ova CITAT sto e odma do MI SE DOPAGA? jas mislev deka e za citiranje. a da i kako sega se citira??
Зошто не ми стига известување кога некој ке ме означи во СП а во некоја друга тема доколку сум означена добивам известување ? Дали затоа што не ми е ставена таа тема во омилени или како и да е би сакала некој да ми разјасни Никогаш нема да се навикнам на новата платформа