Колку што јас разгледав, нема таква опција сега. Само допаѓањата кои ние сме ги дале Нема таква опција. Тоа е слично како на WhatsApp. Ставаш статус и тоа ти е како некој вид потпис. Се цитира со последната опција под мислењата: „Одговори“. Тоа е ако сакаш да цитираш едно мислење. А ако сакаш повеќе мислења во едно да цитираш (еве како јас сега), кликуваш на „+ Цитат“ кај сите мислења што сакаш да ги цитираш наеднаш. Потоа само одиш долу каде што се пишува нов одговор и одиш долу лево „Вметни цитати“ Ќе се навикнеш Вики, не се секирај. Точно е, само кај првите пет стигаат известувања, а тоа е за да се спречело спамирање, иако не се согласувам. Ти сепак ако сакаш да си видиш, старото ќе го користиш. И еден апел до @mihajlo, ако не друго, барем да се зголеми бројот на 10 или 15. Во просек по толку поздравуваме Инаку, чисто информативно, сега можете да си ја промените позадината на фемина, ако толку ве боли глава. Дури и розовата лента горе, можете бела да си ја направите. Јас не менувам ништо, вака ми е супер, едвај се навикнав на ова, па камо ли уште една промена.
Промената може да се направи во Прилагодувања, има опција за потемна позадина и главното мени, лентата горе, да биде во бела боја.
Во ред, фала ти. Моја вина си е, прв пат слушам за WhatsApp а камо ли да знам што е. Од старата генерација доаѓам јас.
Во темата прашај гинеколог http://forum.femina.mk/threads/Консултации-со-гинеколози.11838/ Нели прашуваме гинеколог,зошто членовите одговараат? Јас ја разбирам нивната добронамерност,но има доста теми каде успеваат односно успеваме да си помагаме еден на друг,темава функционира со гинеколог или одамна веќе не? Доколку не,да не дојдеме до заблуда да сметаме некој член за доста стручен од што се начитал и напатил па да се ,,наслониме,,на неговиот одговор.Не дека до толку сериозно некој ке си го сфати одговорот но сепак.
Одамна не функционира тој дел, докторите беа активни еден краток период, само не сум сигурна по кој повод. Убаво е да продолжеа да пишуваат, ама не се обврзани. Како и да е, како модератор сметав дека треба да се затвори таа категорија, ама не се усвои тоа.
Постои ли можност некој член кој не сакаш да те следи,да не може да ти ги чита мислењата?Едноставно да бидеш невидлив за него?Ова со игнорирање не знам како функционира?
Кога ќе го стиснеш копчето и кога низ форумот ќе има таа/тој мислење ќе ти го дава како игнориран член. И тоа е тоа.
Друго што ме интересира за форумов е дали другите форумџии имаат некаква шанса да ни ја видат е-маил адресата?
Со сигурност имав некаде прочитано дека е-маил адресата и другите лични податоци (Име и презиме, ИП адреса...) не смеат во никој случај да ги објават или споделат некаде, освен ако тоа е побарано со судска одлука.
Сум забележала и јас кај некои членови повторување на мислења исто едно по друго.Најверојатно двапати е стиснато на тоа мислење,па затоа и двапати се отсликало.Мислам дека администраторите подоцна ги бришат дуплите мислења.
да фала ти изгледа така е ете ги нема сликите во темата Фемина Инстаграм ми се повторија два пати тука но сега ги нема.
Мислењето се повторува, бидејки одеднаш два пати го имаш испратено, кога ќе напишеш мислење, само еднаш кликни на „испрати“, така нема да се праќа едно по друго, мислењето.