^штом си побарала а нема отвори, во случај да испадне дека е дупла си постои канта-тоа и е намената....еве сега пример јас барам тема за тежнеење кон совршенство, ама не ми покажува ништо посебно, неможам сека пример сите 100 страни да ги листам. Важно си се потрудила си проверила дали има или не, па сега ако испадне дупла боже мој...
Чепкав нешто по звездичките и видов дека имам забрана да ја читам категоријата во која сум пишала мислење... каква еоваа забрана за што се работи tema3344/
Ти било избришано мислењето. Најверојатно е за последното во модни критики, ти ги споив двете мислења.
Кога прикачив слики во темата: Ваши лични „професионални“ фотографии, претпоследниот пат, страната ми се закочи. Моментално ми ја покажува 159та страна и мојот последен пост со сликите. Од тогаш, па се до денес, тоа е така. Кликнувам на 160та, и таа се враќа повторно на 159та ! Синоќа ставив уште две слики и помислив дека ќе биде во ред, но не е повторно. Ни една слика не можам да видам од таа страна пак натаму, ни пак тие синоќа што ги прикачив. Но, кога ги ставав, долу ги гледав тие слики што биле пред мене, нели како последни одговори на темата. А исто е така и кога не сум логирана . Дали некој се соочил со вакво нешто досега? Има лек ?!
Мене ме интересира зошто не можам од мобилниот да се најавам на фемина? Ми се уклучува фемина и кога ќе отидам најави се, не сака.
Мислам имам одговорено на ова прашање некаде, избришете ги колачињата (cookies) на мобилниот, така и мене ми правеше, па сега е во ред
I.love.your.lips кога пишуваш пост, горе што ти се опциите bold,italic,....последната што е spoiler е опција за сокриен текст
Луѓе незнам каде да го поставам прашањето па еве овде... Многу се изненадив,реагирам најбрзо што можам! Се уклучив и од десно каде што покажува кога си уклучен ( ларила,имате непрочитани пораки,мои коментари,мои теми,и сл.) ми се покажуваше некој јузер lover . Се зачудив ама помислив дека може сестра ми си направила јузер,па стиснав мои коментари да видам според коментарите дали е таа,и не е сестра ми 1000000%! И после кога се врати ја прашав ме погледна како да сум ја прашала дали е диносаурус! Работава не е за смеење,проверете што се дешава,после отидов и мои теми,ми вика нема право да ја читате оваа категорија! Се изначудив,кој знае што е нека каже!
^ за тоа што ти пишувало нека немаш право да ја читаш категоријата, најверојатно било избришано мислењето. А за другово, не би знаела да ти кажам
Не грижи се ништо не е И мене ми се има случено, се појавува дека друг член е најавен (не кажувам кој ми се појави мене ), ваљда некоја грешка од форумот, ништо страшно
Зошто е затворена темата за Петкратното убиство, а не не наведено заклучувањето? Се додека не е решено убиството, би требало да е отклучена, да може да дебатираме. И овде ли и на форумов треба да замолчуваме?
^ Кога ќе притиснеш на мислењата, се појавуваат 180 и повеќе страни, а имаш мислења и од Кафе-муабети и Форумски игри, а тие не се рачунаат во бројот на мислења. А, незнам зошто така тебе ти прави...