Што се случува со форумов,ми излегуваат од оние безобразните реклами,имам Ad Block,ама едвај ги блокира и тоа само на Фемина ми се појавуваат?
По порака не можеш да прикачиш слика од компјутер. Тоа за линкот важи само за од интернет. Затоа прикачи ја сликата на овој сајт (или на некој друг) и потоа само копирај го линкот.
@ana-pistolero како што рече lella ќе мора да ја прикачиш на сајт, тој или некој друг и потоа урл линкот од сликата да го вметнеш во пораката
да ве прашам девојки како се пишува во спојлер? гледам често користите,а не ми е јасно како се пишува, фала многу
Од десна страна горе кај што се пишува мислење има една насмевка,со глувчето ако ја допреш пишува Емотикони,па до неа Слика,па Видео и до него има Вметни,ете тоа е спојлер.
Луѓе, порано нели можете да си го пребаруваш името во „барај“.. сега со новиов фоум може пак така? Да видеш кои те спомнувале?
Па сега може да те цитираат и тогаш ти стигнува известување. Ми текна па ај да прашам.Што се случи со игрите на форумов?
Каде можам да ги најдам сите мои мислења од првото до последното? Знам дека сопствените мислења можеме да ги видиме во "Твоја содржина", ама таму ми дава само мал дел, околу 200 мислења, а не сите. Редактирам. Дефинитивно треба плава да се офарбам. Најдов. Под аватарот, кликнете на "пораки" и таму се сите мислења. Во случај уште некој да не знаел како мене. Сама си прашав, сама си одговорив. Нема везе.
Јас тука повеќе пати стискав, и ми даде и мислења од многу одамна, а дали беа сите незнам. Пробај. http://prntscr.com/5vpigs