И јас не можам да сфатам. Има некои кои и кога ги следиш не можеш да им отвориш профил или да започнеш разговор. Јас сакав да исконтактирам лично со една феминка и без разлика што ја заследив, не можам да стапам во контакт
Ima podseno deka mozat da i go gledat profilot samo onie sto taa gi sledi.Ili voopsto nikoj. A okolu sledenjevo i jas ne uocuvam nikakva druga "privilegija" osven da ti e vo krugot na sledeni.
Можеш да ја видиш активноста на тие што ги следиш во Твои новости, ама со самото заследување не добиваш никакви привилегии до нивниот профил. Можеш полесно само да најдеш кај напишале или лајкнале мислење. Не може да биде воопшто никој, нема таква опција. Има опција за само тие што ги следиш да имаат пристап до профилот. А ако не следиш никој, тогаш никој нема пристап. Фактички кога заследуваш некој му даваш пристап до твојот профил, ама ти до неговиот можеш да имаш само ако те заследи. На пример, ти ме заследуваш, ако ти е ограничен профилот јас имам пристап до него, ама јас ако не те заследам ти пак немаш пристап до мојот профил.
За да ти излезат и двете, нема да кликнеш на „Одговори“, туку на „+Цитат“, па после долу каде што се пишува имаш „Вметни цитати“, така и две мислења излегуваат.
Да, имате право, не бива. Не знам што е работата, се’ си беше во ред, јас вака цитирав, стварно не знам.
Прашањево е до членовите на тимот - зошто не се бројат сите пораки што ги постираме? Вечерва го приметив тоа - бројот на пораки ми беше 2-3 до 300, напишав 8, а бројот уште не е 300??? Напоменувам дека пораките не беа во темите каде што е нагласено дека не се бројат!!!
Па најмногу постови имаш во темата „Ние околу и преку 40...“ а е во групата на Кафе-муабети каде што мислењата не се бројат воопшто. Друга причина не знам.
Me interesira kako vo komentar da vmetnam konkretna feminka? Da dolovam poprosto,kako na primer koga tagnuvas nekoj na FB
Можам некаде да видам во колку часот сум се зачленила? На минатата платформа можеше. Исто можеше да се види и во колку часот си напишал мислење, сега после неколку дена часот го снемува, стои само датумот. Тапа.
За жал не,тој може да ти ги чита мислењата,освен ако и тој не те додаде во игнорирани.Така беше исто и на старата платформа.
Тоа што пред малку, на една тема, напишав мислење кое решив да не го испратам и го избришав како нацрт за да не се најде некој повреден, ме натера да го поставам следното прашање. Зошто, ние, мнозинството членови, мора да се устручаваме пред да напишеме некој погруб збор, знаејќи дека ќе дотрча модераторот со еден клик да избрише се во неповрат и целиот труд да ти биде залуден (или уште полошо, ќе редактира и тотално ќе те извади од контекст), а за одреден минорен број членови, од не знам какви причини привилегирани, не важи истото? Не сфаќајте ме погрешно, сосема во ред е тоа што вие се обидувате да одржите ниво на комуникација, јас во никој случај не би се бунела доколку бидам санкционирана поради моментно и „афектно“ губење контрола врз својот начин на изразување. Но, и тоа како имам право да негодувам кога гледам дека не сме сите подложни на еднаков третман. Од погоре споменатите во болдот фигурираат цел тон навредливи зборови и потценувачки постови, да ти се згади Спојлер (дури јасно ми е зошто соговорниците не враќаат, зашто навистина би требало да го спуштат нивото... или можеби враќаат, но бришете и така неправедно одредувате чиј збор да остане последен) и никому не му текнува да зачисти. Кој е точно критериумот според кој модераторот не смее да ти чепка мислења на овој форум, колку и да се преполни со говор на омраза? Да си го поминал животот тука уште од 2009 и да печатиш мислења секојдневно? Навистина ние не толку редовните посетители помалку вредиме во вашите очи? Или спроведете ред кој ќе важи за сите, или нека се распуштат модераторите и нека стапи тотална анархија на форумот. Знам дека и на модератор може да му се случи да згреши, да направи погрешна проценка во моментот, но ова не се исклучоци, постојано се случува теми да останат заложници на нечие хистеризирање и самоволие. Со вашето однесување, само им давате залет и придонесувате за нивниот рејтинг. Знам дека со тоа до некаде чините добро дело оти тоа се некои тажни луѓе кои само се кријат зад самоуверениот форумски профил, но навистина нема смисла да дојдам тука да прочитам нешто содржински квалитетно, или само забавно ако сакам да се опуштам, а континуирано да ги посведочувам и да ме полнат со негативност фрустрациите од секојдневниот живот на едни исти ликови, понекогаш дури и преточени во иритирачко некоректни постови наменети за случајно избрани форумски членови. Размислете за ова. Секаква сличност со одредени личности е неслучајна. Секое добро.