Убава опција е да се заклучуваат профилите заради приватност, ама како што кажа Спешалка, тоа не функционира бидејќи секако сите имаат пристап до мислењата, за жал. Затоа отклучете си ги за да можеме да ви праќаме поздравчиња.
Инаку секој може да ти ги прочита мислењата од почеток до крај препросто и едноставно, колку и да му е заклучен профилот. Да си знаете само. Не постои комплетна приватност од типот тоа што го пишуваш тука да не може никој од надвор да го чита. Се согласувам со Мароса само за дека некои проклетии ја користат таа опција многу негативно со што ќе ти роварат низ мислења од 2010 за да после ќе се препуцаваат со тебе и ќе замараат по лични пораки заканувајки се дека те пробиле и ќе ти ги објават интимните постови јавно за да те види светот што мустра си. Парафразирам али нешто слично ми се деси поодамна. Ама и за тоа има решение, игнор и копчето пријави. Па нека се расправаат со Михајло после ако воопшто некогаш нешто презема околу тоа. Затоа што е можно помалку интимни податоци и откривање на идентитет на други форумџии. Трето нема.
Епа нема да пишувате глупости и ќе стоите зад се што сте напишале, па нема да има потреба од криење мислења и сл. Не разбирам зашто пишувате нешто за кое не сте сигурни дека сакате да го споделите со светот.
Јас не мислам дека се работи за споделување глупости што светот не сакаме да ги знае, или па за тие што се сервираат на тацна. Баш напротив, од еден обичен пост во некоја тема за факултет некој може многу податоци да извлече. Ова е само пример, како овој има во овој миг 10дина да набројам. Ќе се зачудиш на што се не е спремен женскиот мозок и какви се не идеи некои членови добиваат. Сфаќаат прелично многу постови и го имаш оној гнев и омраза како да си сторил кривично дело. Само фактот е сепак дека тие таквите ништо не ви можат, само играат психолошка игра на заплашување.
@Papillon.Papi во лп од десна страна горе има опција напушти го разговорот, ќе ја подесиш таа опција и ти дава уште две опции, да добиваш идни пораки од членот или автоматски да бидат игнорирани и избришани, и ти ќе си одбереш како сакаш...
Ве молам за мала помош, пробувам да си го променам моменталното корисничко име, али неможам да се снајдам како ??? Благодарам однапред.
Пак ја.Зашто постојано коа ке стиснам мислење да ми се испрати рецимо со слики, постојано ми вика дека неможам да го испратам бидејки има 1000 симболи и што ти ја знам а не е точно.Конкретно во рецензиите за омилени продукти на месецот стално со попратни слики ги имам рецензирано и никад не ми праело проблем еве сеа нејке да ми се испрати мислењето баш ради тоа.Исто така и во што последно си купивте коа сакам да прикачам слика макар и една да е само ми го вика истото.
И мене ми се случува истото. Дури до толку се изнервирав, што отворив Ворд да ми ги преброи сите употребени симболи и нормално, не беа ниту блиску до таа цифра. Се изнервирав, од тогаш ниту една рецензија немам напишано.
И мене ми се случи истото, стварно беше долг постот ама сигурна бев дека не беа 10.000 зборови. Нека си го поправат проблемот во администрација ако воопшто читаат, еве за секој случај ќе го повикам @Mihajlo Јас го поделив тогаш постот на два, ама не е баш практично, а и се коси со другото правило еден исти член да не постира две мислења едно по друго. Новава платформа има стварно многу олеснети опции, ама има и многу вакви нелогичности. После толку мољакања и одолговлекувања конечно се смени платформата, се промоткаа тука месец дена и пак ги снема. Македонската поддршка уште никој не ја оправил и има милијарда мислења низ темиве на латиница кои нормално не може да се санкционираат поради тоа што форумот си нема обезбедено поддршка. Има во план да се доработи платформава или вака ќе си остане у стил плукни-залепи?
Како во лп да прикачам слика од компјутер без да ми бара url, зашто сликата ми е зачувана не можам сега по нет да ја барам пак за url. Се е испомешано во новиот инбокс, не можам ништо да се снајдам.
И јас се прашував за истото со сликата. Еднаш навистина ми требаше и морав да се снајдам. Сликата ја ибјавив на фејсзбук,(privacy) Only me. и после ја пренесуваш во нов таб. Сликата ја бришеш од ФБ, беќе имаш линк и тоа е тоа Ако знае некој попаметен одговор, нека каже
И јас помислив на тоа, ама мора да има некое решение, не ќе комплицираме до толку со објавувања па њу табс. Форумот треба да си го реши тоа
Прикачете ја сликата на tinypic.com, подесете ја големината и потоа ќе се појави сликата во зададената големина и ќе можете да ископирате url. Јас така правам.
Да, но @Mishela муабетот ми е да се врати старата опција во инбоксот што ја имаше директно од компјутер да си прикачам слика во порака, да не мора све тоа за една слика да стаиме Тука ја има таа опција на Прикачи фајл ко што напомена Реин, меѓутоа во инбокс јас ја немам истата опција, Имам само испрати одговори и повеќе опции. Не знам дали е кај мене проблемот нешто или и кај другите се појавува така.
А добро, дали јас нешто сум заборавила, или на форумов никогаш немало опција да се прикачи фајл од компјутер во лична порака?
Прашање, зашто упорено се толерираат членови кои се утепаа од пишување на латиница? Не не не, не можете да ми кажете дека на смартфоните ви немаат македонска подршка не можете. Не е фер, јасно со стои во правилата на форумов, кирилична подршка. Ние што пишуваме испаѓаме будали. Башка што сум силен противник на користење латиница настрана тоа што подржувам секаде и се да биде напишано на кирилирца, и на интернет на сите наши сајтови само кирилица да се користи за се.
Порано нели постоеше опција прикачени фајлови каде ги даваше сите слики кои ги имаме прикачено?Сега упорно неможам да ја најдам. А барам да видам дали имам прикачено една слика или не...