Приметив дека кај некои форумџијки не ја пишува последната посета на форумот а кај мене ја пишува. Како можам да го тргнам тоа?
Ако не сакаш да се гледа кога последен пат си се логирала, оди во контролен панел, па во прилагодувања и сокриј го мојот онлајн статус.
Зошто последното мислње на темата Доење во јавност ми беше избришано, беше во целосно пишано под правилата на форумот, немаше навреувачки зборови ниту пак беше офф топик или овде г-гца Лилит го искористува чинот модератор ?
Барам да се врати моето мислење за бремените жени и пливањето во морска вода. Можете да го префрлите во друга тема ако тооооолку ви пречат офф топици но мојот коментар беше одговор на АПСОЛУТНИТЕ ГЛУПОСТИ што ги изнатреска вашата модераторка во несоодветна тема. Во спротивно треба да го избришете и секој дел од нејзините мислења каде оди оф топик особено нејзините теории . Мислам стварно? Тоа ви засмета? Што споделив мислење кое може да биде од корист за другите девојки на форумов,
Влагаш во соодветната категорија,каде што би припаѓала темата што сакаш да ја отвориш, и на врвот ти стои розево копче и пишува Нова ТЕМА
може ќе бидам офф топик,ама сакам да кажам дека искрено многу ме нервираат рекламите на почетната..ќе седам со слушалки и наеднаш ќе ме извади од памет тоа детето-магионичарче..па аман више кој стресови ги претрпев..правете реклами,али без такви крикови ако може. фала на разбирањето.
Повеќе од 20 минути се обидувам да прикачам слика и несака. Цело време ми вика Connecting... и никако да се стави. Bad Request Your browser sent a request that this server could not understand. Apache/2.2.3 (CentOS) Server at brandshop.mk Port 80
majicka најпрвин отиди на некоја од страните за да направите тикер, откако ќе го изготциш избери BB Code, откако ќе ти се појави BB Code обележи го и copy Потоа врати се на форумот, влези во контра панел, па во профил,па од лево имаш листа - потпис,во делот за текст стискаш paste, и на крај испрати еве неколку линкови каде што можете да креирате сопствен тикер http://daisypath.com/ http://www.magicalkingdoms.com/timers/ http://ticker.7910.org http://distickers.com/ticker/ http://www.ezticker.com/tickers/events.html
На сликата што сакаш да ја постираш, со десен клик одбираш Copy Image URL. Потоа, кликаш на Img во редот на Quote, каде што подесуваш боја и слично. Помеѓу тие двете го постираш тоа што си го ископирала. Ова е од нет ако сакаш. А ако сакаш од компјутер да ставиш, под ова прозорчево за мислење има Опции, Прикачи фајл. Кликаш на Прикачи фајл, и одбираш Choose File. Од кога ќе ја одбереш сликата, одиш Додај го фајлот. Се надевам ме разбра.
^ Најверојатно ти пишала феминка што и пред тоа ти има пишано лична порака, така што одговорила во истата порака.
гледам никој не ми одговара, а вчера има отворено тема во оваа категорија humanitarni-akcii/da-mu-pomogneme-na-kristijan-nedelkovski-t12218/
Само модераторите можат да отворат таму теми. Другите теми не се отворени од феминките, туку нивните мислења се поставени како нови теми во категоријата. Доколку сакаш да се отвори нова тема, само пиши на било кој модератор.