Да, можам да кажам дека немам и дека не ми успева со ниту една апликација да го добијам тоа, освен со некои што ми го пореметуваат цел телефон и треба сто пати да влезам од едно во друго мени за да вратам на латиница. Од каде и од што ти @Lella заклучи дека некој овде чека да му падне од небо кирилицата кога сите зборуваме како не ни успева ниту една од многуте опции што сме ги пробале? Нов ми е телефонот но ете нема македонска поддршка, имам српска и руска. Руската и ја користам кога ми треба за нешто на брзина, ама таму нема доста букви од нашиот јазик кои многу често се употребуваат и не ми е сеедно да ги изоставам и да пишувам к наместо ќ, г наместо ѓ, за секое ј да менувам назад на латиница и сл. Не дај боже па да ми стреба њ или љ. Да воведам и трета тастатура најубаво ќе ми биде. Нема потреба од вакви иронични постови, воздржете се. Уште помалку па од напаѓање и попување како некој е мрзлив и не знае да си ги барата опциите на телефонот. Никој овде не рече дека за инает пишува на латиница, напротив се обидуваме да најдеме решение и одговор од надлежните за дали работат на таква опција или заборавиле на тој проблем, којшто не е воопшто мал и незначаен. На крај краева се бара реална опција што е овозможена на многу форуми и го олеснува користењето на истиот со само еден клик. Наместо да се напаѓаат засегнатите членови коишто најчесто и се воздржуваат од пишување на форумот поради наведените причини, немаше да биде лошо да се придружите кон барањето за збогатувањето на опциите на форумов. На сите ќе ни биде во прилог.
Да, најубаво ќе е да има опција. Ама сите сме свесни дека администраторите рецка не ни маваат, а не пак да се ангажираат да решат некој проблем по ставањето на платформата. Мојот пост не се однесуваше на тебе @Giovanna, туку на оние што упорно пишуваат латиница, иако знаат дека е против правилата, а ништо никој не може да им каже бидејќи ќе речат дека форумот е крив што не им овозможил. А сепак ако се потрудат сигурно можат да пишуваат кирилица, просто не верувам дека на сите телефоните им се како твојот. Помина она време „izvinete za latinica, od mob sum.“ Зборот ми беше, најлесно им е да кажат дека се од мобилен и мирна глава, иако верувам дека да ми се вашите мобилни во раце, можам да ви ставам кирилица.
јас некогаш користам Chromebook лаптоп на кој неможе да се инталира кирилица затоа што нема контрол панел , но кога сум на тој лаптоп (сега во моментов ) , одам на гугл транслејт и таму го пишувам мислењето на ќирилица и копи, пејст
А да си направевте апликација за андроид? Вака мука влагај па логирајсе, па искочи преку пребарувач. Ќе ни олесните.
@Lella да ми беше поблизу радо ќе ти го дадев телефонот да ми го оправиш, ќе ми го олеснеше многу животот Иако сакам да верувам дека не сум толку неспособна, па мајката имам многу посложени функции подесено на телефонов за толку да се препотувам со една апликација за кирилица. Но, ете гледаш се множат луѓе со најразлични проблеми, како што реков не е само до некои мобилни, има и проблеми со таблети и сл. Не викам дека треба да се пишува упорно со латиница, но се надевам дека кога ќе се намножи бројката на незадоволни и од онаа страна што често им се оневозможува пишувањето и од оние другите на кои им пречи латиницата, дека на некој ќе му текне дека е одговорен за функционирањето на форумов и дека треба да се преземе нешто во врска со тоа.
Може ли да се прикачи фајл во ЛП? Поточно, word документ, но не би ми пречело да може и само слика. И како? Ви благодарам.
^ И мене ова ми се дешава веќе втор ден, не ми стигаат известувања, а кога ќе го стиснам тоа горе, потоа ми пишува дека има известување.
Како и каде се наоѓа опцијата за да напишам личен статус кој ќе се покажува секогаш кога ќе напишам свое мислење? Фала на помошта.
Ако мислиш на потпис, оди во твојот профил, барај ја опцијата потпис, и напиши го тоа што сакаш, може и слика да ставиш, или тикер.
Кажи му преку лична порака дека не сакаш да те следи или,пак,пријави го членот на опцијата Пријави и администраторите ќе си преземат мерки против тој член што не сакаш да те следи повеќе.
зошто кога сакам на некој/а да одговорам ми пишува повеќе од 1000 симболи а имам само една реченица ?
Зошто сум блокирана во темата Самоубиство. Затоа што сум реална или ????????????????? му пречам некому? Пардон сега имаме стручно лице кое има одговор и спас за сите оние манипулатори....