Според тоа колку бројот на лајковите е поблизок до бројот на мислењата така се делат,,истакнат,активен,популарен член,,
Зошто јас стегнав игнорирај кај некој член а тој може пак да ми ги чита мислењата и да сегнува ми се допаѓа
Затоа што тој тебе не те игнорира и затоа што такви се правилата на форумот ако игнорираш некој член да ти излегува потоа ,,Мислење од игнориран член,,а тој не може да дознае дека го игнорираш.
Лозинката ми е зачувана, но во последно време, при секое најавување пишува Воведе погрешна лозинка. Обиди се повторно. и вториот пат успевам да се најавам. Што е проблемот?
Дали можи да се избриши акаунтот на фемина? И Дали некој ако ме игнорира мене нема да ми излегува неговиот профил нити мислењата негови, а тој можи да ме чита?
Мила, акаунтот неможе да се избрише, престани да го користиш и тоа е тоа. Ако те игнорира некој, на тој нема да му излегуваат мислења од тебе, а ти него можеш да го читаш.
а ако тој што го игнорирам ме ,,заследи,, ?? тогаш може да чита од мене кај сум делувала на форумов ?
Ти го игнорираш, ти не му читаш негови мислења, а тој ти ги чита иако си го игнорирала ти, и исто така ако те заследи. Е ако и тој те игнорира, тогаш ни тој нема да чита од тебе, ни ти од него.
Си ја зачувала згрешената лозинка. Одлогирај се, избриши ја лозинката, напиши ја новата и зачувај ја.
Па која е поентата на следењето тогаш?Јас мислев дека се добиваат известувања кога му е роденден,кога сменил аватар и слично членот кој го следиш.Значи како мерење на популарноста доаѓа ова следењево
Кога ќе застанеш со стрелката горе десно кај твојот аватар се отвора мени и има опција Твои новости. Таму можеш да видиш кој што правел од членовите што ги следиш, кој каде одговорил, каде кликнал лајк и слично.
Зошто не може да се деактивира профилот или да се избрише мислење кое го напишал членот и на кое има авторски права? Зошто никаде во правилата и условите за користење не постои информација дека не може да се деактивира профилот?
Профилот не можеш да го деактивираш,можеш само да престанеш да го користиш.А,мислење можеш да избришеш со образложение за причината за бришењето во рок од половина час.