@atala ти благодарам, но јас прашав кое е објаснувањето зошто не можам да го деактивирам доколку сакам мојот профил? Никаде во правилата и условите не стои известување дека профилот не може сами да го деактивираме.
Корисничкото име не може да биде избришано. Ако поради било каква причина сакате да се откажете од вашиот профил, едноставно престанете да го користите. http://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/
Може ќе звучи како да се зафркавам, ама сакам да поставам едно прашање, додуша, повеќе е барање до форумот: Дали на екипава +/-40 може да им се направи заеднички таг зашто кога ги поздравувам, не сакам да изоставам некого (а обавезно се случува тоа), па да биде едноставно со еден заеднички таг? Плис?
Јас сакам да прашам, каде може да се дружиме ние под и околу 30? И ако може ете, некои немажени и бездетни, оти на секоја тема на нас немажените и бездетните ни викаат дека сме на погрешно место А не сме тинејџери па да си муабетиме во тинејџерски теми. Де просветлете ме, фала.
Ај отвори тема Ќе ги оговараме и тинејџеркиве и мажениве ... се’ дури не прејдеме во наредната категорија. А стварно ни фали место за неврзан муабет каде што нема да бидеме офтопик. Уште не можам да преболам како еднаш ни ја расипаа темата со дијалекти.
@CameliaMiller , @LivingGlam ве подржувам во идеата и јас на тоа размислував, само незнаев како ќе биде прифатена, сега речиси сум сигурна дека ќе се развие фина дискусија.
Луѓе, имаше еднаш пред неколку месеци таква слична тема како за нас, ама од непознати причини (барем јас не успеав да сфатам зошто), ја заклучија.
^ ви се придружувам и јас но незнам колку сетоа тоа ќе може да се прифати од главниот имаше отворено таква тема дури два пати но ја затворија без некое посебно објаснување
^ И ја сум за, баш мислам дека најголем број од форумџиките се на таа возраст и би имало фини дискусии
Ајде пак нека се отвори, ќе бидеме пофреквентни таму па да видиме дали ќе ја чепнат. Си фали место за и ние некаде да си брбориме кога е досадно.
^ Леле како ќе ви се уфрлувам во темата со коментари како сте млади, незрели, наивни, ништо не разбирате, до прва ве чекаат работи... Да видите како е кога паметувате за брак, деца и слично
А за што ќе правиме муабет? Не готвиме, переме, пегламе, немаме свекрви, немаме маж, деца?! Сума сумарум, немаме поим од животот. Се зезам девојки, и јас сум за.
^ не би очекувала ништо друго од @Bridget . Би ме чудело да не "влета" со ултра- супер- контра мислење од сите останати.