Ќе се жалиме како сите другарки ни се испомажија и не знаат друг муабет да направат освен за работа, свекрва, маж и деца. И ќе се расправаме со @Bridget А зошто би ја затвориле? @RainBow? Даваш дозвола?
Кучето што лае не каса, така вика баба ми. И ајде, кој е претседател на класот, нека отвара тема. Мене мандатот ми тече по други категории.
Kaj спомнавте заклучени теми и што ме натера да чепкам во канта? Тоа што барав не најдов, ама отиде половина час на глупости. Е на пример, вакви неврзани муабети ќе правиме во новата тема и нема да досадуваме никому.
Е пaзете кaкo ќе јa нaслoвите темaтa. Ние oкoлу и преку 30... ќе биде уткa . Имa сите дa Ви упaднеме.
Не, јас не сум за таква тема. Мислам, не знам колку се сеќавате на Два-три реда муабет, таа беше таква тема и кои караници испаднаа околу истата. Сите само таму пишувавме, немаше отворање на нови теми, се таму се прашуваше, се таму се дискутираше, а не во посебна тема. После ќе биде, еј да ја прашам јас тука, оваа најактивна тема е, во другите теми никој не ми одговара. Па затоа после се отвори четот, како замена. Генерално таквите теми се лоши, еве Труднички муабети е истиот проблем, се отвори да си зборат трудниците за како се чувствуваат, а сега сите прашања одат таму, да се праша во друга тема нема човек одговор да добие. Не би да се соочувам со уште една таква тема сега, друго е да има повеќе модератори, па да се држи на око постојано и да се префрлаат прашањата и дискусиите во нови и соодветни теми. Во темата околу 40 уште се држат повеќе со зафрканции, иако и од таму понекогаш префрлувам мислења. Сега за сега мислам дека таква тема ќе биде само од штета на другите, меѓутоа ќе гледам пак да зборувам со @Mihajlo. Убаво е да се има таква тема, се согласувам, ама мора да се надгледува за да не излезе од контрола. Се извинувам за долгото објаснување и се надевам ќе ја разберете и мојата гледна точка.
Јас мислам дека темата ја бришат оти видоа што се случи со другата - "ние околу 40", си муабетат жени од сите возрасти и фино се дружат. А пошто е веќе популарна не можат да ја избришат. Ако отвори тема и другата категорија на жени на форумот, во тие 2 теми само ќе се муабети, а другите теми празни ќе бидат. Се разбира темата "Дали сум бремена?" пак ќе си биде полна прашања и онаа за свекрвите. Друга причина не гледам зошто упорно ја бришат темата, кога има толку глупи теми као што јадете моментално. Така да женски ништо, им требаме да забиберуваме по темиве. ЕДИТ: Гледам Реин веќе објаснила.
А да оставите шанса па да видите како ќе се развива? И потребни ви се повеќе модератори, аман веќе со тие одолговлекувања. Рејн те разбирам, не може само да зачистуваш по членовиве и стварно не сме дисциплинирани, ама па вака се жртвува демократијата на форумов.
Тоа во ред, но подобро ќе беше да си се мајтапиме таму, отколку во Дали сум бремена и Интимни прашања, ама ајде ... во некои подобри времиња.
ОК Ама да не ме бркате од кај свекрвите, золвите и остала багра, не сум јас крива што немам кај да се изразам.
Уште ова и готово, знам дека сум досадна и нервирам. Кафе-муабети Кажете сè што ви лежи на душа. Оф-топик разговори, дружење.
Не фала, нејќам да ме избегнувате Туку, ја наполнивме темава со мислења, барем нека не биде џабе и нека се разгледа уште еднаш предлогот. Фали тема каде што може да се опуштиме. Сигурно нема останатите да бидат празни поради оваа.
Епа кога веќе падна муабет на тема модератори кога ќе се одговори на фамозното прашање: Зошто сè уште нема избрано нови?
Ниту ќе те избегнуваме, ниту пак ќе бидат празни темите, јас секако редовно ќе ве замарам со моите козметички „авантури“. Патем, се пријавувавме и за модератори и за не знам што, ама веројатно пре ќе магистрирам, а прашањево уште ќе зјае низ темиве неодговорено. П.С. Ај некоја нека фати врски кај Михајло, или да се кренеме на мирен #протест низ Дали сум бремена и Интимни прашања.
Можеме да пишуваме во темите за свекрви од време на време по едно #веселасумсвекрва, кај овие можда бремените слики од бебиња, ама расплакани, а во интимни прашања ќе навлегуваме мноооогу детално....
Kako da napravam da ne mi voopsto stasuvaat izvestuvanja na e-mailot za femina.Sakam izvestuvanja na profilot,ama da ne mi ja trupaat e-mail adresata so nepotrebni poraki. P.s od telefon pisuvam zatoa e latinica