може ли да се смени името што се користи на фемина пр да не сум некоја да го сменам...ако може како се прави???
Дoкoлку некoј ме следи, a јaс гo игнoрирaм мoже дa гo гледa мoјoт прoфил,т.е. мoите мислењa? (Кaкo дa нaпрaвaм гo нaпрaвaм oвa-Кaкo нa фoтoгрaфијaтa?) Пишете ми ЛП.
Доколку некој те следи,а ти го игнорираш тој може да ги гледа твоите мислења освен ако и тој не те додаде во игнорирани или ако во приватноста не подесиш да имаш ограничување кој може да ти го гледа профилот.
Оди на профил, од каде што е покажано овде http://prntscr.com/8k1dlz а потоа во Теми и мислења, ќе го видиш одма, тука е.
Дали може да направам тема специјална за DIY работи за миленици или смее да постирам во постоечката ("Направи сам (украси за ѕид и друго)")?
Може ќе ми се смеете за прашањево но може ли некој да ми помогне како се брише веќе објавен статус и дали е тоа можно? Благодарам однапред
@#Maksi Бришењето на мислењето е можно, но ако тоа го направиш веднаш откако си го напишал, инаку не може. И ако веднаш после тебе некој напишал пост, може само да го редактираш твојот (но исто за краток временски период), но не и да го избришеш.
Мислам дека прашуваше за статус на профилите на членовите. Или пак фејсбукот ептен завладеал, па постовите ги викаат статуси. Патем, статусите на профил можат да се избришат кога сакаш @#Maksi
Што значи она : присутни членови -243 (ај ова јасно ми е) гости - 650 (ги регистрира и само оние кои читаат ???) роботи 32 (модератори ??)
Првото е за членовите кои се регистрирани. Второто е за луѓе кои се на форумот а не се регистрирани или најавени. Третото се пребарувачи(Како Google, Bing, Yahoo) кои на некој начин ги скенираат темите за подоцна да се појават кога некој нешто пребарува на Google, Bing, Yahoo и сл.
Би сакала да прашам зашто два пати кога коментирав во две различни теми, кога се навратив во истите пишуваше дека се затворени за коментирање ( нешто во смисла не сум биа квалификувана да одговарам ) ,и мислењата ми беа избришани, а не беа навредливи и вулгарни?
Имаше порано фора да си ги најдеш сите мислења во една тема така што ќе си го напишеш никот во Барај. Зошто неможам сега да ја најдам таа опција ?
Сега е малку сменето. Ќе појдеш во темата и никот ќе го пишеш во полето над кое пишува Испратено од член: и кликаш на Пребарај ја само оваа тема .
Дали на форумов го користите приватниот е-маил (мислам онај што го користите секојдневно) и дали администраторите можат да го видат е-маилот на секој член?
Да,на форумот се користи приватниот секојдневен е-маил и администраторите можат да го видат,не и другите членови на форумот за да имаат увид администраторите кој се се логира на форумот за да не отвора дупли профили на форумот.