Моми и невести. Користам андроид и гугл кром за странава. Кој ад блок да го симнам да го тргнам бекутанот?
Не сум ни мома ни невеста, ама ќе ти одговорам Не можеш да го тргнеш никако, затоа што не е ад, туку е дел од страницата. И мене многу ми смета.
Ова е за компјутер, за Андроид не знам. https://chrome.google.com/webstore/detail/adblock/gighmmpiobklfepjocnamgkkbiglidom?hl=en Блокира секакви реклами, дури и тие што излегуваат пред видео на ЈуТјуб ги средува. @Peco, може да се блокира. За да го блокирате Бекутанот, кликнувате на икончето АдБлок (ќе се појави горе на Хромот, до прозорчето каде што стои веб адресата. Избирате опција block ad on this page. Кликате на рекламата од едната страна, потоа повторувате постапка за другата страна. И готово, no more Бекутан. Плус, спас е од новогодишни и политички реклами што кај и да е ќе почнат на страниве. Eдит: @imelda еве го за Андроид. Не знам дали ќе функционира на ист начин како на компјутер за Бекутанот, ама пробај. https://play.google.com/store/apps/details?id=org.adblockplus.browser&hl=en
Функционира и таа за андроид, со ад блок на странава штиклирано, самото ги тргна, без накнадно кликање. Е, ги тргна и смајлињата, чекајте да видам механички дали ги бива директ од тастатура Фала ти @LivingGlam
Како се клава слика директо со линк ама сликава да излезе без да се зачувува во ком па да се објави на фемина ?
Ќе кликнеш на икончето што се наоѓа веднаш до тоа за смајлињата,ќе ти излезе лента каде што ќе го копираш линкот од сликата,копираш и потоа кликаш на Вметни.
Ме интересира зошто ни се избришани некои постови од специјален поздрав, знам дека имаше неколку по ред но сепак ниту беа со експлицитни содржини ниту во сериозни теми, па мислам оти специјален поздрав е баш релакс тема каде што може да се опуштиме малку во пријатна атмосфера.
Немој многу да се опуштаме оти од форумов ќе не изметат, на крај форумов ќе биде само за малолетници. Не се заебавај многу, многу, на темите.
Искрено, малку беше напорно. Сепак треба да имате предвид дека сите ги читаат темите, па не е интересно за останатите да гледаат меѓусебни разговори. Мислам, океј е до некој степен, ама вчера ја завлековте малку работата.
Да знам ама таа е една единствена тема каде што ете може малку да се опуштиме и зезаме, не гледам друга таква а треба да има. Секој нека си прави поздрави таму какви што сака и колку што сака. Ама ок е ајде ќе се ограничуваме неделно по еднаш поздравување максимум 6 члена.