Не преувеличувај, никој не рече дека треба ограничувања. Ама имаше многу мислења едно по друго и стана малку напорно со нотификации и повторување на истото нешто. Ако не се лажам, над 10 мислења беа. Ти кажувам како изгледа од страна. A за опуштање, има лични пораки.
@Elissa многу си ми драга и ти и братчеда ти, сакам да Ве читам, интересни сте ми,ама да ти кажам дека тој ден навистина беше.....напорно. Не сфаќај дека треба да прекинеш со поздравите, ама 10 поздрави една на друга, помислив дека ја приватизиравте темата.
Па дај ако може да ја откупиме, авторски права од фемина да бараме па ни треба една таква А има ли некоја таква тема од тие во кафе муабети бар да си коментираме повеке без да биде напорно како онаа што е над 40, еве нека има една за под 40 некоја за дневна доза.
Отворете си +/- 30 и зборете си...никој не забранува. Или дојдете во +/- 40...не сме ние толку стари и напорни
Е па еве поднесувам барање до надлежните ако може една тема да има и за нас таква...немора да е со години онака нека се вика шема без дилема ако ви дојдиме во +40 со стапови ке не бркате после
Ми текна дека и порано имаше барање да се отвори тема слична на 40+, само за помлади членки, прочепкав малку низ постарите постови и ова е одговорот на Реин .
Мислам дека не може директно. Може да го пратиш документот на некој бесплатен file server, па потоа линкот да го пратиш во ЛП.
Во некои реченици поголем фонт на букви менување боја ? имам пробано но не фајќа секаде барем имам забележано не на нова отворена тема , зошто е така ?
se izvinuvam sto pisuvam latinica no ne sum vo mk momentalno, ako moze nekoj da mi kaze kako da blokiram edna clenka da ne mi praka poraki.
Можеш да ја ставиш во игнорирани членови во приватноста на твојот профил и потоа да ја пријавиш пораката на опцијата Пријави,исто и членката да ја пријавиш на Пријави на нејзиниот профил,а ако сакаш,пак,можеш исто на твојот профил во Приватноста да прилагодиш дека не сакаш да добиваш пораки од членовите на форумот повеќе.
Што можам да направам за да не ме одјавува нон-стоп? Нема 5-10 минути, при кликање на некој нов линк од форумов ме одјавува, и после пак треба да се најавувам. Истото е и со чет, пишувам и одеднаш ќе ми рече „Немаш дозвола да ја испратиш оваа порака“. Бидејќи сум одјавена нели. Не сакам да одам на она Запомни ме, или како и да е, бидејќи не сакам цело време да сум најавена, само не сакам да ме одјавува самото по 10 минути.
Оди на твојот профил, одбери прилагодувања, во опции отштиклирај го она каде што пишува „и да добивам известувања за нови одговори на e-mail“.