Чекајте бе и јас да пробам со тоа линковското зборче, покус да не останам. И мене ќе ми биде прв пат. На пример, на пример....е ова. Успешнооо, уживајте сега со мојот избор. Фала многу, чао, пријатно.
Епа, на пример пишуваш рандом збор. Јас пишав „ова“ и го селектирав зборчето и ќе кликнеш на седмото знакче , пишува „линк“ и ќе ти отвори прозорче да ја пишеш URL страната и ја внесуваш. И толку. Едноставно е, ај пробај пиши нешто.
Сакам да прашам ........ "дека" ....... 1. Како да го сменам името на форумов !? 2. Како да си го деактивирам профилот !? 3. Дали ќе има говорни пораки на четот !? 4. Дали ќе се направи сликите што се прикачуваат во некоја тема да се аплоудираат од компјутер а не секогаш преку линк !? 5. Многу сакам да ги видам посакуваните одговори .. ПозЗ3³ ®
1. Не можеш 2. Не можеш (и да не си се осмелил да престанеш да пишуваш како алтернатива ) 3. Не 4. Ноуп (едит: во темите можеш и сега бе, со прикачи фајл за четот ми се читна дека мислиш ) 5. I'm afraid you won't ПозЗ3³ ®
На контактирај не имам пишано два пати , стариот профил од 2012 ми го баниравте поради што влегов во конфликт со една членка и го реков зборот - Ѓупската ја напраевте ,фактички за тоа ме баниравте,на профил се влегува а се е бело не може никаде да си кликни, ај што не враќате на маил барем тука одговорете ќе ми се врати тој профил а овај да ми се тргни ? А ако е конкретно за тоа дека сум ги имала два профили ,искрено тогаш не се сеќавав на пв и го направив овај,а кога влегов на тој си добив бан поради два профили и поради Ѓупската што реков,а овде има полно членови што имаат повеќе профили и не се бан , а јас веќе една година чекам да ми се одговори на маил ќе ми се врати профилот или не ? И На колку време сум банирана ? @Mihajlo ???
@RainBow , зашто темата ,, Кој ку*ац јас барам овде ,, на @baba Rada ( иначе бабе не било убаво со твој камен по глава, нели ? ) е во канта ? Ако е згрешен подфорумот во кој е сместена, ставете ја во соодветниот ( иако темата е сериозна, ама бабе ја сврте на комична оти сите и се сипаа, како одбрандбен механизам ). Ако зборот ,, ку*ац ,, е ,, вулгарен ,, , тогаш заменете го со ,, пенис ,, - оти нели на странски се поубаво звучи... Или пак преименете ја во ,, Што по ѓаволите јас барам овде ,,. Кој како сака си банира, си брише, без образложение. Еве Hunk бил банирам , јас не знам, а не знам ни зошто. Да му се укажеше или да се предупредеше со време дека си има ред и редар на форумов, можеби немаше да се опушти до толку, па немаше да дојде до негово банирање. @Mihajlo , нека се воведе систем на казнени поени, и аман стајте повеќе модератори, а не битно парите од посети и реклами у џеб, а кориснициве кој не врти... Еве се запрашав за прв пат ,, што по ѓаволите јас барам ,, на форумов...
@Gosh, се согласувам со твоето мислење - треба повеќе модератори дефинитивно, што ќе бидат поактивни и ќе имаат време да дадат објаснување за тоа зошто некоја тема се затвора, зошто некој се банира итн. На темата таква каква што беше поставена и со таков стил таму дефинитивно не ѝ беше местото , но можеше стварно да се постапи како што велиш ти. А за Хунк, имаше многу сериозни причини за банирање и многу членови упорно го пријавувавме. Дупол профил беше на претходно баниран член, и од тој профил се закануваше, и од овој ширеше тензии, па и ЛП пишувал, барал туѓи фб профили... дефинитивно немаше да се промени, очигледно дека си се гордееше со тоа што го прави Имало тема за банирани корисници, мислам дека уште стои во категоријава, сум ја видела одамна ама уште пред да се зачленам е заклучена За повеќето членови што се банираат е очигледно дека го заслужуваат тоа, ама сепак има по некој исклучок, јас на пример еве уште не знам за Макгрл зошто ја банираа...
Mak girl лажеше дека е адвокатка,дека има вработено жена тнтнт итн и нез што уште а зошто е бан нека кажат тие што банираат , а јас стварно нез како може да лажат нез толку голем филмаџија ни на тв нема И не е само таа и мн други се,само ај не ги откриваме нив
Не знам од кои причини јас не можам да го отворам профилот на Rainbow за да и паратам ЛП па морам да се обидам од тука и ако некој може да ми излезе во пресрет да ми помогне, дали тоа ќе биде препраќање на мојата молба или некој друг начин сепак благодарам однапред. !! Здраво, почитуван администратор Имам само една желба до вас која е многу скромна од моја страна а ќе ми заврши голема услуга, станува збор за бришење на мојот профил. Затоа што едноставно не сакам да го имам, а можноста сам да го направам тоа не ми е достапна поради "x" причини како дел од правилникот на форумов. Оваа моја одлука не е моментална, имав еден обид да не го користам веќе профилот тука и ми успеа во времетраење од 4 месеци ама после тоа бидејќи потсвесно знам дека профилот ми е достапен сепак посегнав по него и еве повторно се заразив. Да, точно е тоа дека самоконтролата во користењето на овој профил ми е мала, признавам не сум психички стабилен да ги контролирам моите пороци. Затоа ако може да ми излезете во пресрет, длабоко ве замолувам, на мое барање и моја дозвола профилот да ми се избрише, За вас многу малку а мене ќе ми го промени животот. Ќе потпишам и писмен документ само тоа да се случи. Ве очекувам со позитивен одговор, Имајте убав ден, Ваш Читател.