Не можеш да си ги избришеш мислењата. Можеш да ги избришеш само оние кои си ги испратила пред 10 минути. Тие се бришат на иксот што се наоѓа во линија до Цитирај. Се надевам ме разбра.
Зошто не можам да си ја сменам лозинката на форумов? Ми потврдува "вашиот профил е ажуриран", а кога ќе се одјавам, па повторно најавам гледам дека не е сменета, со старата морам да се најавам.
Повеќе пати имам пробано, не сака и не сака Едит: нејќеше од Mozilla Firefox, а еве сега пробав да ја сменам од Google Chrome и успеав
Здраво јас не сум баш тазе во форумот ама некои работи не ми се баш јасни....Мислењата кои ја ги пишувам за одредени теми, дали кога друга од форумот го посетува мојот профил може да ги види моите мислења? И како да избришам мислење...дојде до мала ситуација на навреда и мислам дека ми е откриен идентитетот. Сакам и да го избришам овој профил не сака да имам нов туку само сакам да го избришам. Благодарам
Може да ги види мислењата, не можеш да избришеш свое мислење, освен неколку минути по пишувањето, а потоа не можеш да си избришеш мислење.Ако има навреда, пријави го мислењето. Профилот не можеш да го избришеш, освен да престанеш да го користиш.
Ме интересира зошто гинеколозите не одговараат на прашањата ???? Мислам дека е непрофесионално да прифатиш некоја обврска ,а истата да не ја извршуваш . Ги молам оние кои се одговорни за ова да поразговараат со докторите и доколку се откажат да се заклучи темата Прашај гинеколог,затоа што вака е многу жално ,девојките поставуваат прашања и не добиваат одговор. Не би било страшно да не им одговара некој моден креатор ,но доктор ,можеби некоја ќе изгуби драгоцено време чекајки одговор .
^ Мислам дека само Април беше месец на „прашај гинеколог“. Не сум сигурна баш, а не дека и тогаш се прекршија од давање одговори.