Пробај вака: 1. Смени пасворд, али да се тоа милион бројки букви неповрзани работи, во превод нешто што никогаш нема шанси да го запамтиш. Тоа ќе си го имаш запишано на ливче, за да можеш само еднаш да влезеш на профилот, нели ради верификација. 2. Затоа што постои можност од Си ја заборавив лозинката, на твојот мејл ќе го блокираш мејлот на Фемина да не може да ти стигне порака за промена на пасвордот, а со тоа и автоматско повторно вклучување во форумот. 3. Ќе треба да одолееш да не направиш нов профил. Пс. Не заборавај да го фрлиш ливчето. Среќно!
Леле ми го прочита умот. Потполно размислував за истото, ама го оставив тоа како алтернатива ама повеќе сакам целосно да ме снема, како да не сум бил тука !
И јас пред некој месец и пишав лп на @RainBow за истава работа форумов е чиста зараза во позитивна смисла понекогаш си викам повеќе не се уклучувам ама пак ке се залажам си викам ај да видам што има ново ке се уклучам и ке утепам некој саат и секогаш се запрашувам кој к.... барам јас на женски форум ама ете ми се виде интересен има доста интересни работи и теми јбг зараза. Затоа уште еднаш ја замолувам @RainBow да го разгледа моето барање поздрав.
Ај не збеснувајте! И да ве банираат пак ќе ви стојат мислењата, што значи дека комплетно да ве снема од форумов нема шанси. Жал ми е...
@RainBow која беше поентата што ми го избриша мислењето во „Се затвора книжарницата Табернакул“? Дали е погрешно ако некој член се изјасни дека нема потреба од тема за затворено прашање. Еве просветлиме колку страни ќе има таа тема? За месец дена од сега мислиш дека некој ќе дискутира за тоа? Не мораше мојот предлог за менување на насловот да биде прифатен, но вака секоја една членка може да отвори тема, на пр. Дали е бремена Трајанка? Па што...Трајанка е Трајанка и нема врска што има тема Дали сум бремена. За сите што ќе прочитаат тука, пред да ме избришеш, сдк дека мојот предлог беше темата да биде општа - зошто се затвараат книжарниците, зошто непрофитабилно работат. Кадија те куди, кадија те суди. Дрско е кога фидбек нема. Клик на блок и ќе биде таман.
Сакам да дадам една критика за неправилно бришење на мислења. Во темата еротска масажа има многу топици за бришење, но се уште си стојат, додека мислењата на Анаконда и на Петра од темата идеална фатална феминка се избришани а не гледам реална причина. безвезе
Зошто не ми стигнува секогаш известување кога сум означена во некоја тема? За некои теми ми стигнува, за некои не.....па случајно ако влезам, гледам дека сум означена пред 1000 дена, а немам известување.... Во опции прилагодено ми е за да ми стигнуваат известувања. Има врска ако повеќе членови се означени во ист пост? п.с. Толку прашања, а не гледам одговор. Некој одговара или?
^ Ako si od 5-ta pa natamu nema da ti stigne notifikacija a isto taka ako mislenjeto e redaktirano za da te oznacat, ni togas nema da ti stigne notifikacijata zlatna
Хммм интересно, не знаев...а од кај знаеш па ти? Ама гледаш и сама се сетив и прашав дали има врска ако повеќе личности се означени заедно Паметна на мајка... Него, отсега гледајте прва или втора да ме означувате, ако планирате и други 10000 души да спомнете, ок?
Лелејјј, другите не одговрајте сега. Сите различно ќе ми кажете и како ќе спијам на раат? На кукла си и верувам и готово, сега и шефовите поинаку да ми одговорат нема да им верувам
Не ми стигна, ти дека ми кажа затоа видов...Значи не стигнува да си знаете Ти реков само тебе ќе ти верувам