@sanjaeva Нова тема за дневен настан јас не сум отворила Спомнав тука за веста која во тој момент ми излезе пред очи со тоа што ставив линк Е сега новава тема која "наводно"ја отворила Ординари со текстот од Република е СРПРАЈЗ и за Ординари,ама ...тоа е
Бидејќи не добивам одговор на ниедно пријавување , зошто @EvAngelos е сеуште на форумов ??? @RainBow ако може за одговор кога ќе имаш слободно време. И покрај тоа што во темата за религија плука по МПЦ , за Богојавление верниците кое седнале да јадат и наздрават се пијаници и ред др. лажни изјави, милион офтопици , тој сеуште си продолжува. Ако има некој да дополни нека повели. Не знае каде да го поставам прашањево.
Темава треба да се вика "Прашање без одговор" Сам си прашуваш одговор нема.Не се мачете да прашувате И ја приметив мислења на некои членови се бришат,а на некои не.Ништо да не ве чуди секогаш е така
@Petra777 целосно те поддржувам и се сложувам со тебе до збор...одамна требаше да е казнет дотичниот,како и други што си го добија заслуженото треба и тој!!! Или да лета или крај краева нека не плука веќе по православието и да наметнува тоа што не му е местото...
Заедничкото за Petra777 и Rama е што и двете се православни (заедно со Orthofil, Bulgarian, Hunk, Bitter-Sweet) и сакаат да ме дискриминираат од форумов затоа што сум протестант и мислат дека форумов е православен и дека само православните смеат да пишуваат и коментираат на темите за Религија, а не е. Форумов е секуларен и отворен за сите луѓе, а не само православните. Така што нивните обвинувања се крајно пристрасни и субјективни. За да добиете објективно мислење за мене, прашајте било кој од неутралните (неправославните или атеистите) членови како @Bender Rodriguez , @daylight , @anakonda88 , @Gosh , @sjdgo , @baba Rada, @A-j-a и други кои пишуваат таму дали некогаш сум навредил некој православен или православието. А од друга страна православните како Hunk и Orthophil речиси во секој пост кога ме спомнуваат пред моето име ставаат епитети како секташов, секта, еретик, прозелит, отпадничка црква и сл. Многу неутрални членови им го имаат забележано тоа дека претеруваат со навредите. Hunk колку што знам веќе е санкциониран заради навредите кон многу членови, а не на мое барање. Јас веќе се навикнав на нивните навреди, омаловажувања и клевети. Поздрав!
Не сте нормални со хајкава. Никогаш не пишува оф топици, барем јас не сум видела. Шо ви е бе? Да биде баниран зашто не се согласува со вас? Петра, стварно за Водици не си видела пијан народ? Стварно? Еве се нудам да те прошетам нареден пат да видиш како Црвен Крст прави интервенции на онесвестени луѓе по пат. Ти како православна, не треба да се идентификуваш со пијаниците и да се наоѓаш навредена, туку да си против такво славење, зашто не е во духот на нашата вера. Патем, @EvAngelos, не мора да се неправославни или атеисти членовите кои те читаат. Еве јас читам секогаш што имаш да кажеш и ти ги ценам мислењата, иако не секогаш се согласувам (а често и се согласувам). Можеби и ти треба да си ги отвориш видиците малку.
@Orthophill ,@Bulgarian ,@Bitter-Sweet , бидејќи не ве означи горе членов , споменати сте колку да знаете... Обожава да глуми жртва пријателов. @EvAngelos нормално не сакам да читам некој што ми вреѓа Светци и Црква ... @LivingGlam ако тебе некој не те повредил, нема што да се мешаш ...
А не е вреѓање се што пишуваш против нас? Не е навреда што не викаш и ти одпадници? Не е навреда што викаш дека светци како св Петка се појавувале на сон и ги мачеле луѓето и на сон и на јаве како зомби?? Не е навреда што зборуваш за поповите и нивните функции и ред други работи?! Абе ајде веќе,не ми се прави жртва.. И кој мисли и кој рекол дека само православни треба да пишат тука? Никој! Не клевети...ние само се браниме од твоите напади. Ајде рашири малку видиците не е само фемина,излези прошетај малку надвор позз и убав ден. Не планирам да се докажувам повеќе што и како П.с немаше храброст да ми означиш никот и не ми врати на една тема за светци,ама јас имам храброст,сепак не сум долна личност,и не мразам луѓе што не ги познавам лично @EvAngelos! @LivingGlam а ти адвокат ли си му на горенаведениот? Уживај си,не те прозва никој тебе,не сакам дополнителни непотребни развлекувања и мои прозивки!
Начинот на кој функционира цитираниот член на форумот е следниот: 1. Пред некое време ме обвини дека клеветам ( http://forum.femina.mk/threads/Букв...о-врска-со-религија.6828/page-52#post-3070351 ) 2. Му докажав дека не клеветам, а дека тој не ја кажува вистината (т.е. лаже) и побарав да ми се извини ( http://forum.femina.mk/threads/Букв...о-врска-со-религија.6828/page-52#post-3070384 ) 3. Ме праќа на психијатар ( http://forum.femina.mk/threads/Букв...о-врска-со-религија.6828/page-52#post-3072796 ) Бидејќи сум прозван овде, ќе морам да дадам образложение за неколку термини кои ги користам во комуникаијата со господинот кој ме спомнува во својот коментар. (i) Џон Смит е основач на баптистичката верска заедница, од која се има одделено (т.е. постанала нивна секта) верската заедница „Радосна вест“, во која членува или пак дури и пасторува господинот. (ii) Како што има право господинот да ги негира учењата на Православната Црква, со исто право јас и останатите кои со него дискутираат на подфорумот Религија имам право да го именувам неговото учење кое е анатемисано од страна на Вселенските Собори (пр: некористењето на терминот Богородица е анатемисан на 3. Вселенски (Ефески) Собор, непочитувањето на светите икони е анатемисано на 7. Вселенски (Втор Никејски) Собор и сл.). Ако тој има право да ја нарекува нашата Православна вера за новотарија, која иако има континуитет од првиот век, зарем немаме право да ја нарекуваме новотарија неговата Баптистичка вера која почнува од пред помалку од 50 години? (Баптистите се толку автономни, нешто што и сам го потврди, што и ако имаат и две збиралишта во еден град, можат да имаат различно верују). (iii) Терминот прозелитизам се користи за човек кој на секој начин негира туѓата вера за да украде членови и да ги придобие во својата вера. Протестантите се најпознати прозелитисти. Дека господинот е прозелитист, докази се сите негови одговори кои од старт го негираат прашањето кое е поставено: На пример, карикирам. Некоја прашува: „Колку дена треба да постам пред причест?“ Господинот и` праќа еден куп на готови трактати во кои го негира постењето и/или причеста. Патем и со @daylight сме имале сочни расправи на слични теми, но никогаш не сум го нарекол прозелит, од проста причина што тој не ја наметнува нападно својата вера (иако овде имаше и канал со видеа од неговата верска заедница). Патем не барам да биде избришан господинот чие мислење го цитирам, но да биде опоменат и да му се бришат мислењата кога е надвор од темата. Пред некое време (можеби има и години), мислењата во кои ја напаѓаше мојата вера остануваа, а моите мислења со кои ја бранев мојата вера беа бришани. Ме нервираат двојните аршини.
Кога обвинувате, правете го тоа аргументирано. Значи цитирај ме каде тоа сум ве вреѓал. Најди барем еден таков мој цитат! Сакаш јас да најдам 10 цитати каде што вие ме вреѓате мене и тоа само во последниов месец? Цитирај ме каде сум ве нарекол отпадници. Што се однесува до Св. Петка, јас реков само какви гласини имам слушано од луѓе. Многу луѓе ја доживуваат како црна жена која им се појавува на соништа, бара од нив да и изградат црква и сл. Ова се општи работи, општо познати низ македонскиот народ, особено по помалите градови и села. А тоа што јас ќе искоментирам дека Богородица не е божество и не треба да и се поклонуваме, хмм нека ми извинат ама Богородица колку е нивна (православна) толку е и наша (на протестантите). Како што на мене не ме навредува тоа што они и се клањаат и измислуваат разни легенди за неа, така треба и на нив да не ги навредува кога јас пишувам што Библијата вели за Богородица. Поентата ми е дека ако јас пишам дека Исус е Син Божји и воскреснал, тоа може да биде навредливо и за некој муслиманин за кого е хула Алах да има син. Затоа мислам дека форумот Религија е осетлив форум и него не треба да го посетуваат луѓе кои не можат да прифатат различни мислења од нивните и дека постојат луѓе кои поинаку веруваат од нив и дека е сосема во ред да не се согласуваат.
Планирате да престанете со време или да земам пуканките? Некако од секаде извираат навредени душички. Ако не ви се чита како некој лом ве прави во дискусиите, игнорирајте го членот и готово, а не да барате да го банираат. Работава, ако ти го викнам бато ќе видиш убаво.
Ако навредува само добро е, може да почне и видеа од масовни убиства и тероризам да објавува, ко некои членови што правеа на една тема.
@LivingGlam не бе срцке нема за што да бараме да те банираат,не се замараме до толку Само жал ми падна дека не прозвана се осмели да не прекореш нас и да застанеш во нечија одбрана,за после другите да земат пуканки и да фаќаат сеир И дај искулирајте малку бе луѓе.Аман! Постои живот и надвор од фемина
Не знам зошто кога некој не е прозван стално се јавува на мои постови ?!?! Ајде гответе си , сликајте си , не се мешајте кај што не сте повикани. Не @Rama, нема свет надвор од социјален. Овде мора да се истакнеш колку си совршена, интелегентна, талентирана... Значи мораш !!!!
Петра, отсега прво тебе ќе те прашуваме, па после ќе пишуваме во некоја тема. Секако, со твоја дозвола!
А вас кој ве повика да се мешате во административни работи на форумов? Никој? Си коментирате на тема ко што мислите дека треба? И јас така...
Мислењава и така ќе бидат избришани, али пошто бев прозван, да си кажам и ја што имам. Со @EvAngelos за некои работи имаме дијаметрално спротивни ставови и за истите сме дискутирале страници и страници на темите на форумов. И покрај тоа, у нашите маратонски дискусии јас никогаш не сум се почувствувал навреден или омаловажен од него - а се надевам, ни тој од мене. Но, дали тоа што имаме различни ставови за тема како еволуција, на пример, ми дава мене за право да повикувам некој од администраторите да го банира, само затоа што зборел „лоши работи“ за еволуцијата или „плукал по неа“ и „ја навредувал“? Да, смешно звучи, затоа што е смешно. И тотално безврска. Форум е место за дискусија и разменување на различни или спротиставени мислења и ставови, и се додека тоа се прави на одмерен и културен начин, не гледам што е проблемот. А ако некој има проблем со испијанувањето за време на верски празници, жалам, ама за тоа не може да го окриви @EvAngelos. И уште една интересна работа - пред @EvAngelos јавно да се декларира како протестант, огромен број на православни верници му ги лајкаа мислењата у религија. А сега, на истите тие, неговите мислења им пречат. Жално е да се лајкате само врз основа на иста вера (наместо врз издржаноста на мислењето), а уште пожално е да бојкотирате некој само поради различна вера или деноминација од вашата.