У „Прашања за форумов“ и брачниот статус ќе ми се реши. И после некој ќе рече, џабе било да се пишува тука.
Епа @Bender Rodriguez баш тоа е проблемот, што православните се залетуваат нему да му веруваат и лајкуваат. Ќе се изгорев и јас за малку.
Е ако де. Нечие мислење треба да се прифати или одбие врз основа на тоа колку е издржано, а не по тоа кој го напишал. Ако за нешто се сложиш со него затоа што ти делува аргументирано и прифатливо, не значи дека мора да се слагаш со се што ќе напише. Не чини сите мислења на Евангелос на тема религија по автоматизам да се отфрлаат, само затоа што е протестант, исто како што не чини сите мислења на Ортофил, Булгариан и Хунк да се прифаќаат, само затоа што се православни. Не чини да се имаат апсолутни авторитети, ни во животот, ни на форумов.
Јас пак одамна сум на мислење дека одредени членови треба да бидат во најмала рака опоменати, поради константно вршење мобинг кон @EvAngelos во подфорум Религија, ама не го напишав тоа затоа што не знаев дека на Фемина треба да си играме обвинители и адвокати. Членот коректно и рамноправно влегува во дискусија со било кого, без спуштање на нивото, без употреба на лични дисквалификации, така што, расправата е беспредметна, нема да го банираат, не дал повод
Бегај бе, @EvAngelos не е за верување, протестант е. Чувајте се подалеку од него, слушнав јадел мали деца.
О форуму, о ти онлајн здање. Што ми уради вака, о? Дал сдсм-ов функционер читајќи ме се увреди? Дал на член ил членка на Бихаќка верна, читајќи ме, тешко им падна? Ил дискутант твој без аргумент остана? „Немаш доволно привилегии за да одговараш тука“, „баниран си Корто“-ми викаш а да се штрака на тема политика, о колку само има. О форуму, заеби словенска антитеза, само одговори ми. Форуме? Некој? Било кој? @RainBow?
@LivingGlam и @Bender Rodriguez за мис и мистер објективност на годината на форумов! That's all I've got to say
Ни јас во ниту еден момент не сум се почувствувал навреден или омаловажен од тебе и покрај тоа што, како што велиш, сме имале страници и страници дискусии со дијаметрално спротивни ставови. Мора да пијам кафе со тебе некогаш, да се уверам дека и во живо си ваков Инаку, ти благодарам што гласно застана против мојата инквизиција. Очигледно на некои луѓе аргументите и фактите не им значат толку, туку се „крстат“ во деноминацијата или во човечки авторитети. Мислам дека ако некој постира текст од некој познат протестант и го потпише со „Св. Јован Дамаскин“, дека многу православни ќе го лајкнат тој текст. Или обратно, ако постира текст од Дамаскин и го потпише со „Јован Вранишковски“ е тогаш има да го хејтаат, да реплицираат, да го побиваат и сл Еднаш направив ваков експеримент на фејсбук и потоа ми се налутија некои на шалата. Затоа не го правам пак.
Што ја пишав и до кај отиде ??? Прашањето беше за член од тимот ама овде како што рече @Ane-Goki1 секој си прави што сака. Тапшајте си се по раменца со широко отворени умови и усти, среќна сум што во живо вакви луѓе не познавам ,а и да запознаам сигурно ќе разменам вака по неколку реченици.
Јасно е дека @ЕвАнгелос ама комплетно на секој православен празник плука по православието.Човекот со душа чека да дојде следниот празник за повторно да плука.Нема православен празник ,а тој да нема отворено тема за него или коментар со навреди.Еве и јас прашувам дали следното плукање на следниот празник повторно ќе биде замижено?
Мене ми е потполно јасно дека ТИ СИ ТОЈ што плука по @ЕвАнгелос. Никогаш не сум се осетила навредена од негова страна, ете и јас сум православна христијанка, крстена, мајка ми била реформаторка, татко окорели атеист...и за дивно чудо, прекрасна симбиоза на вери и невери..незнам што ви пречи човекот, но мене многу ми пречи вашето однесување кон него, кое не ви прилегува бидејќи се декларирате како прави верници! Епа каде ви е тоа однесување во христијански дух, каде ви е тоа простување оти "незнае нели што прави",??? Со самото тоа што го напаѓате човекот и барате да биде отсранет од форумов, вие правите грев А јас сакам да го читам и ми се допаѓаат неговите ПОДРЖАНИ мислења
Мене само едно нешто ми е ама никако неразбирливо: зошто се фаќате за лајковите? Толку ли важна улога ви имаат? Мислам, кога се буните кој на кого лајкнал, кој меѓусебно се лајкува, зошто... лајк бе. Какво мерило ви е лајкот па да го анализирате? Не знам за вас ама мене животот надвор од фемина ми е позанимлив за да седнам јас на лајкови да обрнувам внимание.
Уште не ни се избришани мислењата?! Е ај, тогаш и за лајковите да си кажам. Лајкот за мене значи „Одлично напишано мислење, се слагам од А до Ш со све напишано у него“, само у поконцизна форма. Освен тоа, лајкот е одлично мерило за карактерот на некој член, особено кога ќе видиш на каков пост го ставил. На пример, ако некој лајкне несолено мислење, тоа значи дека и тој е у најмала рака исто толку несолен колку и оној кој го напишал мислењето. Ама, мене поише ми смета тоа приметувам дека се лајкнуваат луѓе, а не мислења. На пример, Хунк добиваше лајкови во темите за религија за неговите православни апологии, но добиваше лајкови и за неговите женомразачки тиради во темите за секс - и тоа, од истите членови! Друг член, исто така гласноговорник на православието, доби лајкови дури и за мислење во кое поддржа терористички напад и убивање на недолжни цивили. Повторно, од истите членови. Така да, да, лајковите имаат важна улога на форумов. Ако некој напише мислење со поддршка за терористички напад, ќе си помислам, „Океј, овој не е у ред у главата“, а акој некој стави лајк на тоа мислење, ќе си речам, „О, еве уште еден“. Мислењата треба да се ценат (и лајкуваат) врз основа на содржината, а не ради тоа кој ги напишал.
... во темата ,, Тироидна жлезда ,, внесував некои руски коментари копирани и постирани од Нет , дали Вие ми ги избришавте ? и ако го сторивте тоа молам за причината !
Ајде имам малку време, па да објаснам по нешто, колку ќе ми дозволи главната. Прво, навистина ми е жал што не можам на сите да ви дадам објаснување зашто ви е избришано или преместено некое мислење. Тоа време што го имам да го потрошам тука гледам да средам нешто и навистина не ми останува кусур да објаснувам зошто и како. Дрско е, се согласувам. И не се правдам, не се бранам, едноставно ви кажувам како стојат сега за сега работите. Многу поубаво функционираше сè кога можев да ви одговорам на сите пораки и прашања. Но сега, ете, немам можност, Се надевам дека наскоро тоа ќе се смени, ќе имам можеби мала помош (околу детето). Мислењето ти беше оф-топик, нема зашто да не стои како нова тема, а немаше некоја епидемија на затворени книжарници, туку конкретно беше работата за Табернакул, па затоа и така е насловот, зашто е актуелно. Подкатегоријата настани, се однесува за настани, а на форумов само се коментира во посебни катчиња, а никој не отвора тема за сите да можат да видат и да има општа дискусија. Исто и со темата за негувателката, ете, секој сака да си каже свое мислење, се надоврзуваат и членови кои не ја читаат или не пишуваат во +40. Зошто за секој настан да се коментира во +40? Ако сметате дека нешто треба да се сподели, а е актуелно отворете нова тема, сите да видат и прочитаат и да можат да се вклучат во дискусија. Па и да не поттикне некоја голема дискусија ќе падне темата најдолу во категоријата и нема да смета на никој. Второ, што се однесува до @EvAngelos него ако го банирам треба да ве банирам и сите што пишувате против Исламот. Зашто му доаѓа дека ги навредувате тие членови. А веќе и птиците на гранките знаат дека EvAngelos е протестант. Доколку сакате победете го членот во дискусија и со аргументи, а не да барате да биде баниран. Плус, која дискриминација ќе биде да го банирам на верска основа. Трето, велите дека се бришат некои мислења, некои стојат. Тоа е така зашто не можам да постигнам сè што е оф-топик по сите теми да избришам. Во моментов ми е невозможно. Па гледам каде има расправија или најголем број -оф-топици. Тоа што не гледам и не ме интересира е кој член што напишал. Пак ќе кажам, никој не ми е близок тука за јас да се мислам дали да бришам мислење. Оф-топик, оди во канта, дали била Станка или Стојна е небитно. Ама сепак на крајот јас сум крива, зашто на едната страна никогаш нема да и биде погодено. Како во случајов со Евангелос. Четврто, верувајте дека јас сум таа што најмногу сака и смета дека е потребно да има нови модератори. За промена јас да не сум крива. Шала на страна, и те како би му дошло добро на форумот малку освежување и поголема контрола. Да беше до мене уште утре тоа ќе се случеше. Ама ете... Не е. Петто, како што се ближат изборите во Политика ќе биде се поостро затоа ви кажувам дека важи истото за навредите, добивате бан од темата. Имате по една пролазна, можеби на првата навреда нема да бидете банирани, ама на втората сигурно, како што беше случајот со @corto.maltese и @ivory. И не знам веќе како не ви се здосадено со истото, испрани мозоци, соросоиди, досадно е и за читање и излитено веќе. Воздржете со од такви зборови и културно пишете мислење. И за крај, има огромна негативна енергија, расправии во повеќето теми, веднаш има надмудрувања, надмен однос, викање... Сите сме тука за размена на мислења и нема потреба од такво нешто. Пожелно е малку да се спушти топката и односот на сите и кон сите да е поцивилизиран. Некогаш на сите ни се случува да ни е краток фитилот, ама навистина и некогаш треба да се воздржиме. Не е само до администрација работата, сите вие пишувате тука и го правите форумот тоа што е, па треба да се направи да биде едно попријатно место.
@RainBow не мора да сум во право, но утре некоја негователка ќе го остави детето со мокра маица да седи цел ден...ќе има нова тема? или треба да е темата Односот на негователките и воспитувачките кон децата во градинките? Ќе се затвори и некоја маалска книжара, не битна за некого, но за некого настан...па затоа реков дека темата треба да биде со општ наслов. На + И НА - 40 никогаш не се знае кога некое прашање, мислење ќе предизвика лавина на мислења и дискусија до недоглед. И пасош за влез не бараме