@sanjaeva Апсолутно се согласувам Конкретно на темата за воспитувачката кога го постирав, го постирав во темата за децата и градниките, баш за тоа што мислев дека нема потреба за секој еден настан ние нова тема да отвараме, а потоа гледам мислењето ми било преместено бидејќи веќе имало отворена тема за тој настан Навистина мислам дека е апсурдно за секој нов настан и нова вест да се отвараат теми и така во недоглед. Малку ту мач е
@sanjaeva, @Summerlover, извинете вака ама сериозно, зошто толку ви смета што се отворила нова тема, па уште и апсурдно било? Темата за негувателката брои 8 страни, над 150 мислења а отворена е пред 2 дена- ајде кажете кога некоја тема на форумов била толку активна во последно време? Очигледно настанот повлекува силни реакции и луѓето имаат став што сакаат да го споделат а од каде побогу да знаат дека се пишува за конкретната случка во „+/- 40“ или во темата за градинките? Мислам, од една страна форумов бил тапа, тиња, досаден, мизерен, ништо не се случувало а па од друга страна, се мрчи што се отвараат нови теми кога баш ете, новата тема го мрдна малку форумот од мртва точка.
@Nausicaa Ќе ја индиректно цитирам Сања, ако утре пр. Воспитувачка на др. начин го повреди детето, дали и за тоа треба тема да се отвори? До кај петок, некој ќе си скрши нокт, и за тоа ли треба тема? Кога веќе се отвараат вакви теми, треба барем да бидат со општ наслов, бидејќи утре кога ќе се случи нешто слично, да продолжи да се пишува во истата тема. И многу нормално е дека за 2 дена достигнала 150 мислења бидејќи тоа се случи пред 2 дена и е најактуелно, ама таквите теми се активни се до нивната актуелност, сигурно нема со месеци за ова да се пишуваат мислења.
Зошто толкава галама поради една тема..ко да са отвараат дневно по десет нови теми, па сега оваа прави гужва!?? Мене ми се допадна што има новоотворена тема за негувателката што го попарила детето..НЕКА ЧИТА И ТАА ТУКА ШТО И МИСЛИМЕ И ДА СИ ЗНАЕ ДА ОТВОРИ ПЕТ ПАРА ОЧИ ВО ИДНИНА
@Summerlover, еднаш имам пишано дека не е дека нема добри дискусии на форумот туку проблемот е што не се одвиваат таму каде што им е место. Темата за градинките ја посетуваат членки кои или имаат деца во градинка или допрва треба да ги запишуваат па разменуваат искуства што-како-каде. Таму и да почне некоја дискусија остатокот од форумот појма ќе нема што се случува од проста причина што не ја отвараат таа тема. Од друга страна, „+/- 40“ е далеку попосетувана ама, бидејќи остава впечаток на катче од затворен карактер, некој од страна тешко ќе се одважи падобрански да улета за да дискутира. Вака, таман си е темата Односно, дај боже почесто да се отвараат теми кои ќе бидат вака активни па конечно да живне малку форумов
@Nausicaa Те разбирам и се согласувам дека си требаат нови теми, но само треба да бидат именувани поопшто, не само за конкретни настани, според мое мислење
@Nausicaa, @Summerlover, ви ја сфаќам поентата и се сложувам со двете. Од една страна, ужасно глупо е да се отвара тема за сенешто, особено кога веќе постои друга во која може да се искоментира истото. Од друга страна пак, ако не се отвори, тогаш повеќето членови нема ни да знаат за дискусијата и нема да се вклучат. Конкретно, за случајов со воспитувачката, да останеше у +/-40 или да се префрлеше у „Децата и градинките“, ја лично немаше ни да разберам за случајов, пошто тие две теми не ги отворам. А верувам и многу други. А вака, за случајов се изнапишаа скоро 200 мислења. А дека таа тема набрзо скроз ќе замре, и тоа е точно. Затоа, најдобро решение е можеби за ваквите актуелни случки да се отвори нова тема, за да им биде достапна на сите за коментирање, а откако ќе се исцрпи дискусијата, да се префрли у тема со поопшт наслов, а со слична тематика. У случајов, би можела да се вика „Проблеми со градинките“, на пример. Така, и волкот сит, и овците на број.
Ако може @RainBow ДА се избришат сите мои слики од ќерками во темите за клинци и смешни слики мислам беше, згрешив што прикачив слики нејзини,се соочив со страшна работа ,секако не во живо но за мене е доволно страшно што е преку нет. Се сложувам дека секој на своја одговорност ги ставаме сликите ,своја желба, но пристап имаат многу членови, тоа не е катче само за мајките, ќе може да се избришат ? Те молам од срце најискрено, во порака додатно ќе ти пишам што се случи со човек од форумот
Ај за нас големиве и да прочитаме нешто за нас ќе се вознемириме но ќе заборавиме, а за децава боли и то како боли, страв и вознемиреност. Не сакам да кажам јавно баш, и пишав на реин, има разбирање се надевам сите од ќерками слики ќе се тргнат
Мене ми рече дека главниот администратор треба да одобри.. И тоа нека одобри секако се работи за дете, Реин вели може преку фб некој што сум имала, но човекот мн јасно ми кажа дека е од форумот и од полиција ми рекоа требало да му поставам мамка за да го фатат а не да се испровоцирам и да се карам со него за голотиите и первезните работи што ги изнапиша и ме блокираше, и ми рекоа неможат никако да ми помогнат бидејќи освен профил негов и пишано неможат да најдат. Овие 3 дена многу сум вознемирена, каде и да одев не се плашев од луѓето, а сега во секој 2човек се сомневам
Majki, ja ne bi da se mesam ,ama vo vakvo vreme ne znam kako se osmeluvate da stavate sliki od vasite deca na javen forum. Ja bi da se brisat skroz tie dve temi, za dobroto na vasite deca. Za nivniot zivot I nivnata idnina. Ne se znae koj so mojt da naprajt. OSven loso so im prajte, nisto drugo. Sepak vie najdobro si znajte
Од срце полно со молби , ги молам и јавно , да се тргнат сликите од ќерками, замолив лп молам и тука и не се страмам за ова што молам и пишувам , со среќа ставав слики со страв барам да ми се тргнат, и треба да чекам одобрување за да се тргнат , ве молам најискрено
А може ли на пример тие теми т.е тоа скриено катче да се има до него пристап ако се има 500 мислења бидејки.Зошто до 100 мислења многу брзо достигнуваат и со навредување и со пишуваше во едни од поедноставните теми. Еве и јас би го замолила и @Mihajlo @bilkata и уште кои и да се админи да и помогнаат на @rose60 зошто се работи за дете.