Мене ми е ептен глупаво тоа 100 мислења за да го отвориш скриеното катче. 100 мислења се пишуваат во два дена, искрено. Плус мислењата може да бидат по два збора, додека види надлежниот... пиши пропало. Единствено во ваква ситуација е да се направи според одреден број на лајкови.
Абе не мора само да е до темите во Скриеното катче, пр. тука е и темата за Вашата шминка преку слика, каде баш пред некој ден имавме пример нели во темата за хороскопот, кога членка од злобна намера го откри идентитетот на друга членка. Темите се забавни, ама луѓето не. Особено кога ги има секакви. Затоа таквите теми треба да не постојат. Анонимен форум си е анонимен, според мене.
Таквите теми се отворени од форумџики. Никој никого не присилува да постира нешто, секој тоа го прави по сопствена желба. Форумот Фемина има високо ниво на приватност, но сепак, корисниците се тие кои располагаат со својата приватност и треба да се грижат за истата. Одговори на прашањата поврзани со приватноста има дадено Bilkata во еден свој пост од кој ќе ги издвојам релевантните делови. Во однос на ставањето слики, ситуацијата е иста како и на социјалните мрежи, ставате слика на интернет и доколку не ви е некако обележана истата може да биде преземена. Затоа вие сами одлучувате што и како ставате, но сепак имајте на ум дека тука ја ставате сликата на форум, форумот е место за дискусија и ако некој одвоил време да ја прокоментира вашата слика, не е фер кон другите корисници потоа да барате да биде сè избришано. Исто е и со мислењата. Отворил некој тема, потоа еј избришете ја, а што со сите други мислења во темата? Затоа, уште еднаш ќе кажам, бидете внимателни што и како постирате.
@RainBow Да да, јас не ни мислев дека за тоа е крив некој од админите или модераторите, самите членки си се криви, бидејќи од една страна сакаат да се покажат, а после тоа се злоупотребува бидејќи ги има секакви, и после некој друг бил виновен. Тука грешката е што не може да се контролира егото, а да не се покажеме
Dobro ama na fb primer ako klajs slika mojs da ja trgnes, a tuka ostanuva za na vek I koaga ke se pojavat vakvi nekoi problemi ko na Rose, ve zamoluvame da ja brisete poso ne mojme sami. I taka...
Епа од тие причини по не знам колку пати се повторува убаво да се размисли. А и од фб ќе ја тргнеш, ама касно е веќе, интернет е ова, кога ќе поставиш еднаш никогаш нема да биде целосно отстрането. Ете некој ги симнал сликите и може пак да ги прикачи. Во случајот на @rose60 претпоставувам дека од фб се преземени, од тука на гугл срч не испаѓаат слики. Така што за било каде кога се поставува слика треба да се имаат в предвид последиците.
Како и да е , барам да ми се тргнат од ќерками сликите , моите неколку слики не менуваат ништо ако ги нема на форумот освен што сакам мир да имам, нека се тргнат , повеќе не ставам ништо , се сложувам дека секој ги ставаме на своја одговорност но горко зажалив и пак ќе замолам нека се тргнат , фала многу Да се едит, си ги тргнала, фала ти многу. А и предтоа спомнав на тебе дека фб имам само роднини и слики видливи за пријатели. Кој и да е и ова што ми го приреди јас 3 дена да неспијам свака му част јас не можам да го најдам, но Господ е голем неговата рака ќе го стаса , и ќе се излажи и на друг ќе пиши и се надевам ќе е фатен во тие игри и ќе си го добие.
Многу добро се сеќавам дека на една членка порано и’ беа избришани стари мислења на барање. Па не може двојни стандарди. И тогаш се бунеа останатите членки. Не знам што било случајот сега, ама ми изгледа сериозно, посериозно од тоа што беше бришано тогаш. И на форумов постојано се брише нешто, мислам дека нема да биде проблем да направите услуга сега, кога е побарано и повеќето од членовите се сложуваат. Да стануваше збор за дискусија, во ред е да не се брише зашто се губи текот. Ако се избришат сликите, темата ќе продолжи да опстојува, не?
Ги избришав сликите уште пред да пишам тука. Сум заборавила да пишам. Ја известив членката по лп. За сериозни причини и кога не се нарушува цела тема се прават отстапки.
Ова исмевањето твое не е убаво. Темата е добра , и мајките и дружењето исто со нив Никој не би претпоставил дека таква работа ќе излези, затоа ќе те молам не се исмевај и не мудрувај. Сите со радост си ги ставаме дечињата , секоја мајка сака да стави од нејзиното дете каков израз направило дали се измачкало дали турало боја наоколу и ред други смешки, сите мајките сакаме да ги видат и другите наши дечиња и нивните слатки лудории. Е сега некој што има первезен памет тоа не сум крива, ни јас ни друга мајка, тоа може да се случи на било која. Пред да пишиш нешто размисли малку, не ми е дојдено до твојот коментар на мудрување искрено
Нити се исмевам нити омаловажувам, има дел од животот што се вика ПРИВАТНОСТ, треба ти да си таа што нема да дозволи да пристапи некој со первезен ум. Како и да е твој живот, само чудно ми падна слики од дечиња мили ако, а од самите членки никаде
Јас кога се зачленив тука не ни знаев дека постои категорија "скриено катче". Дури ни на пребарувач не излегува таа категорија. Од друга страна како што кажа реин ова е интернет, само што повеќето слики се злоупотребуваат од фб. Профилите ви се јавни, цел свет ве гледа од манијаци до педофили. Сликите ви се јавни и со вашите деца, така што јас чисто се сомневам дека сликите произлегле од форумот, човекот може да каже дека и на твитер ги видел па да не е така. Може и некој друг да ги дал а вие да не знаете. Затоа се отвара не 2 туку 5 очи. Секакви личности запознавате, се соочувате со разни маски на лицето. Многу е едноставно да побарате бришење на слики од анонимен форум меѓутоа кога ќе треба да се одбраниш со некој став и доказ ќе немаш со што. Мојот став е да си ги сокриете профилите, не сте ми јасни,јавна слика со дете за лајкови ли ви е? Што е разликата 700 лајкови или безбедноста на детето? Размислете.
Ок Не сум единствена мајка што ставила слика од детето во таа тема. И Не си никоја во животот мој за да ми држиш предавања околу тоа Кажав секој на своја одговорност си ги става децата доживеав непријатност и ,замолив да ми се тргнат, и сега што ти е проблемот? Каде си ти засегната во мојот проблем за упорно да коментираш ?
@rose60 Безпотребно се вознемруваш и доста си некултурна, ја отворив темата и пишав тука без да те цитирам, не мислев секако само на тебе оти не си ставала само ти слики, затоа и во множина пишав впрочем ваш живот ваши проблеми
Ако сум јас за тебе некултурна тоа мене воопшто не ме интересира И каде виде дека сум вознемирена , откако ги нема сликите баш сум океј . За да речиш дека не е за мене малку е смешно ,бидејки поради мојот проблем настанаа овие коментари, ако не беше мојот проблем немаше да ви дојдат тие - мисли да мудрувавте, ќе си лајкувавте во темата за клинци и ќе пишувавте слатко е душиче ,убава таа ити.. цела е на тебе инт .. абе цела на мајкае - ова се најчестите коментари таму за сите слики , и ни еднаш не ви текна да и пишите на некоја мајка ова што го пишувате сега . Да не се случеше тоа со мене , сите ќе си коментиравте како и секогаш. Сега кажав јавно наназад пишав некои работи и одма со мудрости демек за лајкови ? итн ? глупости,кажав јас зошто една мајка си става слика од детенцето Ако ми е за лајк мене јас можам и на фб да ставам лајкови имам над 1к ,затоа немојте со тие мудрувања ќе те молам , ми велиш не си ме цитирала , па зарем треба да ме цитираш за да се препознаам ? па сето е наназад за мојот проблем пишувано впрочем затоа и ти коментираше, што не ти текна пред време да напишиш таков пост да не предуппредиш мајкиве бидејќи ете нас не ни текна дека може од форум да произлези таков проблем. И последен пат ќе ти кажам ,доста е
Има ли можности ова скриено катче да се избрише во целост!?? Воопшто не ми се допаѓа! Незнам само со кој памет се ставаат лични слики...боже, боже..гледам слики на деца седнати во нокширчиња и др..(не ми е интересно да гледам слики од непознати деца, но влегов таму за да видам што се има)..па добро бре мајки глупави ли сте или што??
Не, нема можности! Се препрочита ли пред да го пишеш мислењево? Да, глупави сме и сите што ставаме од нас слики, и мајките што ставаат од децата... треба цела категорија кадешто има од прекрасни комбинации, бескрајна позитивна енергија од малите дечиња до најискрено отварање на душата - да се избрише заради издвоен случај со манијак... Бог да чува.