Да беше вистина тоа Реин немаше да ме врати назад И не ме цитирај , ако не веруваш прашај си ја приватно а не јавно
Тебе не те прашав ништо. Ги прашав админите, така што твојот одговор не ми значи. И прашав јавно бидејќи темата е соодветна за моето прашање за форумот. Поздрав.
Ако не ти е гајље зошто се интересираш и се замараш сеуште со мене , нема зошто да се интересираш? Или ќе ти одговори Реин или ќе ти избриши пишаното Поздрав и тебе
Не се замарам со тебе. Се замарам со правилата на форумот. Ме интересира дали важат или може сите што сакаме да си правиме тука.
Упорно се правиш ... или не сваќаш ? Кога не сум рекла за никого неможе да сум банирана а тоа и Реин виде и веќе не ти враќам тука, чекај си Реин да те извести Чао
Па тоа и правам. Чекам Реин да ме извести. Админите ги прашав, а не тебе. Упорно се правиш глупава или не сфаќаш?
А ТИ не сваќаш дека нема потреба да прашуваш за мене ? Прашај си за себе нешто што те интересира ,не за мене бог да чува свашта
Да бидам искрена, сакавме да и дадеме шанса на rose60, па го намаливме банот со нејзино ветување дека ќе се сменат работите. За жал не испадна така, веднаш по истекот на банот се почна со истото. Затоа сега повторно е перманентно банирана, а ние во иднина ќе бидеме многу повнимателни.
Росе е пермнентно банирана, значи не може веќе никогаш да влезе, а на оној кутриот што секој ден доаѓа, зошто не превземете нешто и за него? Немој да речете дека секој ден по 10 пати прави нови имејл адреси, па нови акаунти? Зар можно е да постои толку болен човек? Зар можно е некој да има толку тажен живот, па да прави 5000 никови на женски форум, кај што 50 % од членките може ќерки да му бидат. Нели мислите дека треба во некоја лудница да се пријави овој случај? Озбилно ова е пишано, не се зезам... Има огромен психички проблем човекот. Ти да застанеш да правиш секој ден нови 10 никови и да се караш со сите, треба стварно да ти фали нешто во главата. Ама најозбилно.
Секој ден доаѓа со нови никови и одма пишува или во темата кај 40+ или во феминско младинско ќоше или во политика се кара. Ги вреѓа модераторите дека се неспособни, и се кара со сите члениви ко цел живот да ги знае. Ќе добие бан и за 5 мин доаѓа пак со нов ник, па пак, па пак... Мене ме загрижува овој човек. Плус во ФМЌ на некои членки гледам со срце и душо им се обраќа, а може 50 годишен е човеков А нормално си има некои активни членови што си му кликаат лајкови и го поддржуваат.
A @Adina bez da ja soslusate ja baniravte. Mozda I taa imase nesto da kaze, mozda nemase veke da prai taka Postoese mozda ama isto taka postoi sansi od razni ip adresi da si praj akaunti coekot neli...
Па верувам дека домашните ip адреси се едни и единствена. Сега тој ако одел по различни интернет кафиња и отворал разни профили, тоа е веќе апла не нормално однесување.
Можно е. Нови мејлови, ип адреси, прокси, многу време вложува и труд, веројатно е болен човек во прашање. Од странство е што уште повеќе ја отежнува работата. Верувајте не седиме со скрстени раце, постојано се банираат профили, многу од нив не успева ни да ги искористи. Се бара начин и се надеваме дека ќе успееме да најдеме перманентно решение. Во меѓувреме повторно ве замолувам да не го храните тролот, не навлегувајте во дискусија да не ве бришам и вас, не си го трошете времето на таков лудак. И така со еден клик го снемува неговиот труд и време, а не сакам воопшто вас да ве бришам.
Реин ти сабајле го бришеш а он навечер 3-5 различни никови прави. Те вреѓа со секакви зборови. Мора да има дежурен некој на форумот да го банира веднаш. Кога ќе се стават нови модератори ? Или барем стајте некоја форумџика модератор што поскоро да може веднаш да го банира. Ја претера веќе овој Канадецот.