Ама самото тоа што ќе го ресетира некој рутерот не значи дека некој баниран ник ќе воскресне.. Туку само со таа ИП не може да се логира ни тој ник ни било кој
Не. Леле дечки сериозни сте дека некој толку време посветува за да замара секој ден на форум фемина? Ахахахахха
Не сум активна секој ден и читам само категории што ме интересираат па не знам дали се поставени новите модератори? И ако се, и ако не се, апелирам некој да почне да брише во Политика затоа што има многу навреди деновиве што си стојат неизбришани. Грда слика е, прост речник и премногу вулгарности.
Има ли админи тука? Што е ова со модераториве? Знаете ли да им кажете правила на однесување? Ко демек модератори се и им се може, не, не ви се може драги модератори. Прашав убаво што беше лошо во моето мислење кое сте го избришале без известување, вие ко модератори треба да одговорите. Не дека јас ви кажувам дека треба туку така си е форумското правило, модератор си, носиш одговорност и мораш да одговараш на прашањата кон тебе, во спротивно испаѓа дека ако си модератор можеш што сакаш да правиш и без да кажеш зошто го правиш тоа. Срам да ви е, не знаете да одговорите на едно прашање и тоа дури го избришале пази еј, демек да не види никој. Оф бе, одете научете како се модерира форум, знам дека е ова само забава и не ве плаќаат, ама не значи дека треба да го скратувате правото на дискусија затоа што така ви се сакало. Ако мислењето не ми беше добро, повелете кажете зошто не ми било добро. Каква ароганција бог да чува. Пак ќе прашам, има ли админи тука? Би сакал да кажат ако има и се активни, бидејќи ова ги помина сите граници.
И јас приметив дека не знаат да работат новиве. Јас да бев подобра ќе бев во таа улога. Сега трпете, нека бришат се и сешто, да не може да коментира човек. Што форум ќе беше, ќе ги избркаат сите и ќе останат само оние што ставаат сликички и што коментираат како си го поминале денот.
Не знам за rose60 зошто искрено не ја сретнував многу-многу по темиве, искрено ме изненади фактот дека е перманентно банирана па и причината зошто. Знам дека во периодот кога бев поактивна на форумов, доста често јас и други членки влегувавме во сукоб (ич не ми текнува на македонски зборот) со HUNK и уште еден член Александар, не памтам точно како му беше никот, ама и двата членови се служеа со жестоки навреди спрема женскиот пол, особено првиот и искрено не знам зошто толку долго се чекаше на бан за него. Со вториов не знам што бидна, изгледа си се повлече од форумов ,ама како и да е, сметам дека некои што навистина заслужуваат бан не го добиваат или го добиваат многу подоцна, додека некои членови (не ги наведувам тука Росе, Анаконда или било кој) релативно неправедно добиваат привремен бан. П.С Што се случи со Дугокоси Швалер/Џони Џип/Љубав Ник и другите негови алтер-ега? Му снема инспирација ли веќе за нови никови, или е сега успешно прикриен? Интересен ми беше на моменти. П.П.С Многу се извинувам на оф-топик.
Ти вратив еден дел од мислење кој не беше провокација или навреда. Знаеш зашто беше баниран и од друга тема, ако продолжиш со истото ќе бидеш баниран и од оваа. Пиши ако имаш нешто конкретно за ситуацијата, а не баба рада, та баба рада.
Абе сегa мoжеби јaс сo бaбa рaдa сaкaм дa дискутирaм, ти си земaш зa прaвo дa прaвиш штo сaкaш пa дури и дa ми се зaкaниш сo бaн и oд oвaa темa. Декa те прaшaв зaтoa бaн? Знaеш ли кaј се нaoѓaш вooпштo? Не сметaше кoгa тaa членкaтa штo е пишaнa пoгoре не мнoжеше сo нулa и не прoвoцирaше сегa кoгa требa дa трпи сметa. Јaс и честитaв и и гo нaјaвив пoнaтaмoшниoт тек нa нејзиниoт живoт, истo кo тaa штo мене ми прaвеше. Сепaк нa крaјoт oд денoт дoaѓaме дo тoa декa ти си земaлa прегoлемa слoбoдa. Нaучи ги прaвилaтa нa мoдерирaње и нaучи oдгoвoри дa дaвaш a не дa се зaкaнувaш.
Okay, hold your horses everyone На Реин ќе сте и кажувале како да модерира @ivory Ти објаснила зошто си баниран, а ти сега тука во темата се правиш на ќош дека немаш врска зошто Сите секогаш сме се соочиле да ни бришаат мислења, и јас исто така, па ете верувај од искуство, на никој никогаш не му биле избришани без причина, а пак најмалку, никој не бил баниран без причина. Тоа е факт Get it over it
Кратко и јасно ти кажувам, навредување и предизвикување конфликти не е дозволено. Ако уште нешто не ти е јасно, па треба на долго и на широко да ти објаснам повели во лп.
И мене ми беше избришано мислење од религија,пред два дена..па не се пожалив(иако ми засмета малку,и можам да речам дури и дека немаше ништо лошо во мислењето ни навредливо) Додека пак на тема политика,еве јавно признавам истиот тој ден имав 2 офтопик мислења(се зезав малку,си го барав симпатијата Самсоненко )е тоа со право го избришаа Ама додуша ,пак ќе речам и ова,да не ми остане мисла де,не дека нема стотици оф мислења,па ене ги уште си стојат