@VladeMila Ако ставаш видео во спојлер, го селектираш како обичен текст, бидејќи линкот нели се копира, а за слика, мислам само да кликнеш на неа и таа самата ќе ти се селектира (кога ќе се обои во сино, како текстовите). Еве, некој што пишува од телефон може повеќе ќе ти помогне, ако има нешто поразлично
@VladeMila ќе κлиκнеш на иκоната после онаа за ставање на видео. Κлиκаш на опцијата спојлеρ. Го пишуваш насловот и κлиκаш на пρодолжи. После тоа почнуваш да пишуваш. Линκ од видео пρетходно ќе κопиρаш и ќе го залепиш κаκо да пишуваш теκст.
А зошто воопшто некого да го вреѓаш? Ако некој се понаша лошо со тебе, тогаш само пријави го мислењето и накриви си ја капата зошто да се спушташ на негово ниво? Не сме мали деца па да се вреѓаме и да се надвикувме... Нека прават што сакаат, ти биди си културен и фин.
Јас сакам да ја прашам ФЕМИНА дали сега, после изборот за форумџиката, гледа колкава поделеност има на "форумов"? Дали ти се отворија очите драга Фемина? Прво како може воопшто да се организира вакво нешто, кога пола од членовите што секојдневно доаѓаат, не излегле од една тема подалеку? (Предлог) Отсега при некој избор направете да може да гласаат само членови што имаат над 500 мислења... А не да гласаат и тие што имаат 0 мислења. Читај коментари: Победи нашата... Победи една од нашите... Таа е наша... Ние сме подобри и помногубројни... Мило ми е што не победи од нивните... Како ВАША? Кои сте тоа ВИЕ? Јасно ви е сега што се дешава на форумов? Го имало ова некогаш порано? Вие што се делите на ВАШИ И НАШИ, ако се затворат фмќ и 40...кај ќе пишувате? Форум еј Ф О Р У М функционира со кланови... Функционира со НАШИ И ВАШИ Туку многу им е гајле на ТИЕ главните за организираноста и функционирањето на форумов. Битно секој ден доаѓаат луѓево и секојдневно се полни форумската каса. Додека не се прелее некој ден чашата, терајте вака
Џоли што се филмаш жити се? Не гледаш дека сето тоа е зафрканција?! Не гледаш дека е зезање "поделеноста" на "кланови"? Јас бев една од тие што пиша дека ние од 40ка сме јаки! Вие од ФМЌ си гласавте исклучиво за "вашите" за разлика од мнозинството од 40ка што гласаа разнолико, најголем дел од нив вклучувајќи го и бендер ("вашиот") Мислам, ајде деца ќе се правиме тука, кланови, поделби.. Што ви е бре луѓе, нова година иде, божиќ е на прагот, земете воздух малку.. Тука ни зезање не разбирате, сите ќе се подујат како балони на хелиум и летаат со носот во облаци..
Јас гласав за Бендер и за Спешлка. Незнам зошто драми. Крај краева секој си наоѓа свое катче и ,,врталиште,, Изборот само го искористивме за да се собереме од сите катчиња на едно место и да се зезаме.
За да биде коректно гласањето тоа треба да се смени во правилата. Не се вреднува подеднакво глас од некој кој има над 500 мислења и глас од некој без ниедно. За другото нема потреба да се дообјаснуваме. Поздрав @referentka И трето место не е лошо.
Мила Dust! Јас знам кој се зеза, а знам кој пишува сериозно. Ако мислиш дека сите се зезаат тогаш во голема заблуда си. Всушност јас ако не разбирам и ако не прифаќам зезање, тогаш не знам кој разбира. Не се филмам јас... Што би ми била целта да се филмам? Едоставно ми боде очи оваа поделеност... Отсекогаш ми бодела и си го кажувам мислењето. Зошто постојат воопшто тие две/три теми со кланови? Да, и јас пишувам во една од нив ама со две раце потпишувам за да се затворат. Сакам да ги видам сите членови низ разни теми. Сакам да разменам мислење со членови од секакви возрасти, а не само со мои врсници И воопшто тебе не те видов дека си пишала таков коментар, за наши и ваши... Видов други, непознати членови со по 0 мислења... Што не знаев дека постојат П. С. Воопшто не е мислењето посветено за наградата туку за ПОДЕЛЕНОСТА... наградата секако некој ќе ја земеше, небитно е тоа, битни се КЛАНОВИТЕ!
Јас сакам да прашам (значи прашањево е за @Mihajlo @Femina @bilkata @RainBow не ми требаат одговори од членови овде) дали аватарите на @krEM4Eto се соодветни? Цицки и задници... Има едно правило, гласи: Аватарот не смее да биде порнографски, може нејзиниве не се баш порнографски но се многу блиску до тоа. Еве нека кажат мислење тие што треба (означените погоре). Спојлер: Некои од нив