Не знам дали има кланови, не ме ни интересира. И јас пишувам во едно од тие катчиња ама тврдам дека беше најубаво кога сите пишувавме во Сакам да кажам. И млади и стари, мајки, тролови, сите на куп бевме. Кога ќе станев од спиење пиев кафе и ја читав темата, секој пишуваше таму и не можев да стигнам да прочитам се, додека сега едвај 2 страници се пишуваат таму. А темата ја упропастија модераторите кои што почнаа да бришат се по ред ради оф топици. Затоа сега во споменатите две катчиња е дозволено да се оди офф цело време а една таква тема ја упропастија со глумење строгоќа.
Здраво на сите,кажете ми како можам да блокирам некој тука,да неможе да ми гледа што пишувам,и да не ми пишува повеќе во пп?
Да блокираш не можеш, само да игнорираш. Кога ќе го игнорираш, членот може да ти праќа пораки, но тие тебе нема да ти стигаат горе во прозорчето.
Блага еротика, ништо страшно. Ќе се реагира доколку се премине во нов жанр. Секогаш модераторите криви. А воопшто не сметаше во темата кога имаше пет страници со чет мислења, па само скролаш додека да дојдеш до некое што не е такво. Туку кога нешто ви смета дајте некое конструктивно мислење како да се подобри ситуацијата. Најлесно е само да се критикува, ама сите сме дел од ова катче и сите го правиме тоа што е. Такво е какво што е во моментов, како и секогаш всушност, благодарение на сите нас. Отворете некогаш нова тема наместо да си постирате се во истата на пример, и тоа ќе донесе веднаш малку размрдување.
@RainBow И се сложувам и не се сложувам со тебе. И сега катчињата вријат од оф топици па никој не се буни ниту брише, значи на нас ни порано не ни сметале ни сега. Може на модератор му пречи, на членовите не верувам. Сега е многу поопуштен форумот за разлика од порано. Затоа и се отворија тогаш такви теми, затоа што многу се бришеа мислења а не гледам што имаше толку страшно ако повремено се одеше офф. Затоа и СДК замина во историјата и сите членови се преселија во катчињата во кои можеме да млатиме празна слама до утре сабајле. Само што порано во СДК имаше поезија бре, какви мислења се пишуваа, додека сега во спомнатите две теми не е случајот. И јас сум дел од тоа, си правиме бош муабети, се дружиме и на тоа се сведува се. Си го раскажуваме денот едноставно. Абер нема форумот од квалитетни мислења. Пред да ме цитирате сите со образложение дека самата прво треба да почнам да пишувам издржани мислења да си кажам дека не се изоставувам туку и јас се ставам во истиот кош.
Ниедно не прекршив прво смајлито го ставив пошто незнам зоши некогаш кога сакаш да пишеш мислење тастатурата не ми излегува. А некогаш излегува пишувам ама бело само се појавува. Ја освежувам страницата и пак некогаш не може некои 5 мин. @RainBow ова нешто техничко е или ? Пошто на фб го немам тој проблем со буквите само на фемина.
Плус дебилните теми дали сум бремена со уште по дебилните одговори 'да ке родиш близнаци' Плус темата за политички настани каде те едно исто се врти и едни те исти коментираат Плус игриците се досадни..колку да се билдаат мислења без врска уствари Плус бајачките се досадни каде по цел ден се бараат броеви од Стојна,Рајна,Вера Уствари она шо тебе ти е досадно мене ми е супер и обратно
Сеедно ете досадни се некому и они Постојат без никаква придобивка,без можност да се комуницира,изнесе став Со еден збор за губење време се
Ја не сум видела нонстоп да излегуваат на почетна тема за бајачки а ако тебе ти е глупо тој што си има мака му треба број и помош воопшто не му е глупо. Форум е ова не е розов свет
Jok ништо не си разбрала Постот прво у кој ме цитираш се однесува на игрите Второ и дадов пример на џоли дека како нејзе што не и се допагаат мајчинските,40 ката и сличните така на друг не му се допагаат религиозните,игрите,темите за бременост и слично