Па тоа е форум. Повеќе теми, повеќе мислења, повеќе членови... Не може сите членови само во 3 теми да се затворени. Што е финтата на тоа? Сите тие муабети што ги правиме во тие 2-3 теми, може на фб или на чет да се прават... Или крај краева нека постои само една со оф топици, па тука нека се дружат СИТЕ... Да нема над 40, да нема под 35...едноставно сите заедно, па нека се вртат кафе мубети
Па не се само тие теми фала богу Туку само тие теми ви бодат очи По примерот на 40 ката вие подмладокот отворивте самите младинско коше и сеа не чини тоа.Крај краева нема зошто да водите евиденција кој каде колку пишува. Џабе ке пишувам у религии кога не ме бива за тоа Џабе у книги ке пишувам ако не читам Значи не сме сите предодредени за секаде
Па јас за примерот те цитирав. Нема врска гледам не се разбравме. Само тој јок не ти е соодветен збор да ми го кажеш.
Море јас да ви бев администратор да видите сите како ќе пишувавте секаде... Џои мислењето воопшто не беше за тебе... Ниту за Референтка, ниту за Дани, ниту за Галапче, ниту за Петар или Даст... Вас сум ве гледала насекаде, знаете и да се зезате, а знаете и да бидете сериозни. Всушност штом ме цитираше, докажа дека читаш насекаде... Јас тоа го пишав за сосема други личности. Меѓутоа тие секако ова нема да го видат, пошто не читаат други теми. Така да... Не вреди
На крај излегува дека секој пишува каде што му одговара и комуницира со тие што му е океј,тоа е тоа. На почеток пробав да пишувам во младинското ќоше ама не ми оди,џабе кога не се пронаоѓам во муабетите,кога нема со кого да разменам некое мое мислење.Додека во +-40 се релаксирам се пронаоѓам во муабетите во секој момент има што да се прочита и да се каже.
Јасно е кога ќе видиш некој со 21 мислење, а над 2000 лајкови, во кои теми пишува. Ама тоа е, не можеш да им забраниш на членовите кај да пишуваат.
Јас сметам дека потписот ти е преголем. Јас еднаш кога ставив така голем потпис @RainBow ми рече да го избришам, а тебе уште ти стои. Епа нема правда