Па, до пет години се ставени, нема понатаму, а гледам тој ти е доделен. Апдејт им треба. Сега веќе до седум, па и осум треба да оди. Ќе пренесам.
Ферски би било да има, затоа што има верни форумџии од 2009та.. А моето прашање е друго, само прокоментирав за прашањето на Луничка Зошто на џој не и доделивте поени? Нели и тоа е дел од наградата за форумџика на годината... Сепак, постојат како поени и ги заслужила..
Тоа е техничка работа со поените. На ниедна форумџика на годината не се доделени ми се чини, за жал. Требаше да се среди, ама... Ќе потсетам, пак. На старата платформа имаше цветчиња на барање на членките, се добиваа според бројот на мислења. На оваа платформа се заменети со трофеите, тоа е како некое симболично признание за времето поминато тука и за оставените мислења. Па така се добиваат трофеи кои носат поени за одредени достигнувања, број на мислења и допаѓања, па според бројот на поени се доделува и титула, истакнат член, популарен член и.т.н
@Adi888 Поднеси барање колешке, во Понеделник со Шефот ќе ти го разгледаме, може ти истекло членството
Зашто не можам да си отворам известувања? Или на мојот профил? Стискам на тоа и не сака, ми јавува знак "чекање", и пак не отвара, кога ќе стиснам пак, повторно на чекање. "Они трите црти" Не сум сигурна дали ќе ме разберете со објаснувањево, ама не знам како да ви објаснам.
Мене ме интересира дали може да се пријави членка за дупли профил, првиот и го банираа пошо постираше само копирани работи, а сега гледам пак истото е
Полза? Па и од форумов нема полза,и од лајковите,и од бројот на мислења... ама сепак постојат,па ако веќе постојат зошто да не...
Најчесто слаб нет... Така ми е мене од тел.. Пораки па ич не можам да отворам Плус на тоа ми прави логаут на секое..
Колку што прочитав едно од правилата на форумов е :- "не изигравај модератор" ! Што значи не пријавувај нон стоп мислења , тука си е модераторот и самиот ке одлучи дали ке го избрише или нема да го избрише мислењето .Што значи повеке членки го прекршуваат ова правило а не се остранети од форумов , после колку вакви прекршоци се банира членка на форумов ?
Модераторот не може да стигне да ги види сите коментари шти треба да бидат избришани, затоа постои опцијата пријави, ние членовите да пријавиме тоа што е прекршок на правилата па тој да ја разгледа таа работа. Ставање во улога на модератор е веќе друго. Ова погоре е само помош на модераторот.
Очекував од модераторот одговор. Прочитај погоре напишав "нон стоп" , а не за некој што пријавил едно, две , три итн. Мислења . Некои седат на форумов и повеке пријавуваат отколку што даваат некое мислење . разбираш што сакам да кажам ? Па затоа прашувам после колку пријавувања и изигравање модератор треба да се отстрани членот од форумот?
Еех камо да се банираа тие што деноноќно пријавуваат, од кои човек не може да си пише мислење. Но тие сепак, колку и да се напорни, не прекршуваат правило. Пријавувањето мислења не е прекршок. Но океј, нека ти одговори модераторот.