Забуна сум мислела на ресетирање на лозинка, ако си ја заборавила имаш шанси да добиеш линк за да ја видиш старата лозинка или да си направиш нова, за тоа прашуваш?
Не може мислам. Мора ако не повеќе барем една буква или точка да им е различна Знам кога го формирав профилот за Фемина ми пишуваше дека има друга личност со ист ник
Ама ник и потпис е различно Тебе ник ти е Даниела5, а потпис ти е тоа долу со црвени букви. Може бе зошто да не може. Само не е убаво
Mоже да има само ако двете страни се согласат инаку не Мојот поранешен потпис, т.е еден од многуте потписи ми беше украден за на фејсбук кај некојаси што не ја познавам.
Како е можно член кој се зачленил пред 5 минути со 0 коментари да влегува на чeт и тоа со ник schmeker ?
И јас тоа се чудев еднашка. Тој го пиши како присутен на чет, но не може да пиши ниту да чита од четот.
Еден мал предлог мислам дека темата Гинеколошки преглед треба од категоријата Секс да се префли во категоријата Здравје. ФАла . Чао
ПА добро зошто не се направи една тема пр. “Техники за цртање нокти“ , и да се префрлат мислењата од “Вашите нокти“ таму??? Вака не е фер, има личности кои темава прописно си ја користеа само за постирање слики, а со тоа давање идеи, а сега ја немаат таа можност, или доколку ја има дајте ми линк каде да ја најдам....
http://forum.femina.mk/telo/idei-za-lakiranje-preku-sliki-t10170/30.html http://forum.femina.mk/telo/vasite-nokti-t4509/ http://forum.femina.mk/telo/nokti-crtame-na-odredena-tema-t10169/30.html
Зошто некои теми се преполни со оффтопици (дури во некои категории има и дупли теми) и никој не ги средува, а темата: Вашите нокти поради неколку оффтопици на 2-3 членки се затвора??? Исто и за Модни критики. Зошто темите да бидат заклучени и недостапни, зошто сите ние да бидеме казнети поради 3-4 членки??? Не можат тие членки со ЛП да бидат опоменати??? Зошто се бришат наши мислења (за кои вие мислите дека се оффтопик), па зошто тогаш во Вашите нокти не се избришат тие неколку оффтопици??? И навистина е саркастично тоа од Лилит: Доста беше! Чекај девојче, што беше доста? Ние членовите овде сме играчки, отвори-заклучи тема???
Јас не гледам ништо лошо, ако некој праша, во темата Вашите нокти, за тие нокти нешто.Тоа не е офф топик. Можеби повеќе членки ги интересира истото....со еден одговор повеќемина се информирани. Сега некоја членка прашала,јас сум и одговорила и одма тема заклучена.Па не сме пишувалале за штикли во тема нокти. Предлог: темата Идеи за шарање,лакови за нокти и вашите нокти спојте ја во една тема НОКТИ, и во неа да може и да се постираат лични слики и да се коментира, а не во едната може да се коментира а во другата неможе,а мене тоа што ме интересира се наоѓа во темата што неможе да се коментира.
Да, офф топик е. Сто пати е кажано ако имате прашање за начинот на изработка да се обратите по ЛП, а не 3 страни прашања и разговори -2 страни слики.