Напиши си тоа што сакаш во текстот од пораката, па ќе го селектираш тој дел и го правиш линк. Појма немам дали зборуваме за иста работа.
Ливинг, како успеа со видеово од Фејсбук? И мене отсекогаш не ми се прикачува, а и сега не те разбрав како си успеала
Ај пробај да ставиш видео од Јутуб и види како ти го менува кодот. Под него стави видео од Фејсбук, не го менува кодот. Сама ќе си напишеш Facebook кај што пишува YouTube во сменетиот код, а кај што се буквите од видеото на Јутуб ги ставаш бројките од линкот на ФБ. Знам дека пак не сфати. Сама не се сфатив. Пробај, ако не бива утре од компјутер ќе направам скриншотови. Скриншотови.
Зошто во една тема не се појавува видео од јутјуб што го прикачувам, туку наместо него стои празен простор? Што треба да направам? Еее, вакви работи не се случуваа пред да се премине на новиот сервер.
Дали може да се смени емаилот на кој ги добиваме известувањата? На место тој што го имам сеа напишано да ставам друг?
Не сум пробала, ама по логика мислам дека ако го смениш имејлот со кој си се регистрирала на форумот, понатаму би требало известувањата да ти стигаат на новиот што ќе го ставиш. Инаку мејлот можеш во Податоци за контакт да го смениш, па пробај
Јас го сменив кога станав модератор затоа што немам пристап до претходниот и не ми бараше да го потврдам.. Тоа би било линк на кој ќе треба да кликнеш за да потврдиш дека новиот мејл е уствари твој, да не е неавторизиран итн итн
Се појави технички проблем, поради кој за жал неколку часа форумот беше комплетно недостапен. Преземени се соодветни дејствија, па би требало веќе сѐ да е во најдобар ред и да продолжи непреченото функционирање. Благодарам за разбирањето.
Јас конечно успеав да се уклучам сега Мислев дека само јас имав проблем ама било кај сите. Битно се среди.