@Chica.Loca jас го наjдов на форумов гифот. Го симнав и го ставив наjобично како слика и излезе како што треба. Ако помогне ова обиди се со било коj гиф.
Ааааа хаха мој е гифот @Chica.Loca зачувуваш гиф како слика и го прикачуваш тука исто како и обична слика
За кирилица знам дека треба да се пиши на фирумов, ама што е со англискиов , гледам ви некои постови се пиши на англиски не еден збор туку цели реченици, прашањето ми беше дали е дозволено да се пиши на англиски зошто често гледам се пиши?
Ниту на мене не ми се допаѓа,подобар си беше стариот.А,не ми се допаѓа ни тоа што ниту кај мене,ниту кај другите членови не можам да вршам пребарување на мислењата без разлика на тоа дали е отворен или,пак,затворен профилот во приватноста на мислењата на форумот.
Пробувам дали ми е сменет фонтот... Едит Ништо не е сменето колку што можам да забележам - исто е Не знам за каква промена на фонт зборувате
Ади кај сите мислам е така. Ете и погоре пишале Дај објаснете ми мене за каква промена на фонт зборите
Само од пц се гледа различен Кукле И да, ни мене не ми се допаѓа А ова со пребарувањето е некаков технички проблем, од синоќа е така и ваљда наскоро ќе го средат
Мене ми е глупо што некои коментари на телефон не изгледаат онака како што изгледаат на компјутер/лаптоп. На пример, во темата Хаику поезија, од лаптоп напишав коментар ама така малку го направив фино да изгледа, но од телефон не изгледа воопшто фино туку напротив, зборовите се делат од еден во друг ред.
Зашто ги преправате мислењата како ви одговара на вас? Мислам дека воопшто не е фер и ни е скратено правото да си пишеме наше мислење, како ние гледаме на нештата, а не како требало да биде напишано.
1. Фонтот не е променет, туку има одреден апдејт на Chrome кој прави проблем со фонтовите генерално. Верувам дека набрзо ќе се среди ситуацијата. 2. Пребарувањето е активно. Имавме проблем поврзан со недостапноста на форумот во неделата, кој го отстранивме пред малку. Моментално можно е при пребарување да не се појавуваат мислења од последните два-три дена, но се работи и на тоа, од утре ќе биде 100% функционално.
Затоа што има правила кои треба да се почитуваат при изразување на вашето мислење, како ги гледате работите. Конкретно во твојот пост во темата ,,Снаите и свекрвите - проблем,, имаше навреда кон друг член т.е. постот би предизвикал понатамошна кавга меѓу тебе и повиканиот член. Така да редактирањето во некои ситуации е неизбежно и мораме да го направиме. Oд чиста мира и ради лична сатисфакција, верувајте дека не бришеме и редактираме. Благодарам на разбирањето.
Навреда е од типот употребување вулгарни зборови кон личноста. А редактирањето е скратување на правото на човека да си каже што мисли, никаде не е упатена навреда туку на вас не ви одговара,си редактирате како сакате е тоа не е модераторство. И тоа не е личноста што го пишала тоа,туку личноста која вие сакате да ја претставите(вас). А што се однесува до правилата сите ги почитуваме. Благодарам на разбирањето и на тебе.