Како што знам профил не може сам да се избрише, или грешам? Барем една членка и не можам да ја најдам сега. Ја немаше година дена да пише нешто, и сега воопшто и го нема никот. Таа ако ги замоли модераторите може ја избришале? Не е банирана сигурно, зашто ретко пишуваше ама онака по мода ваму таму... Како може да ја нема сега?
Драги модератори и администраторе Веќе ми се здосади да се жалам каде стигнам од новава платформа. Постојано кочи, особено четот, едвај пишувам таму. Ќе Ве замолам да го средите тоа. Благодарам однапред. Ај сега чао.
Сум забележала дека имињата на старите, веќе неактивни членови не се појавуваат кога ги пребаруваш. Ама профилите не им се избришани. Напиши trendafilka во пребарувањата, на пример. Не ти се појавува при пребарувањето, ама сепак ќе ти излезат мислењата. Не е избришан профилот.
Платформа , значи тие се префрлија на нов сервер ,и нема врска тоа што кочи мислам можеби имаат некој баг во плугините ,фемина , преведувано од хенфоро темата,значи секој збор,и додавано плугин има чатот е тоа ,штета што не го ставате на тапаталк ,пример чатот и така фемина ваљда е оптеретена ем и реклама има горе ,не сум им во админ панелот за да кажам конкретно што има ,но еве кај мене на телефон конкретно не кочи,значи од еден сервер преместена е на друг,а сервер е каде што се сите фајлови мислам општо сето сега да не пишувам од кај знам дали некој ќе ме свати како што треба Значи немојте тоа откако сменавте платформа кочи ова она, значи Михајло изгледа има сервер од Германија како што можам да видам И бидете среќни неможе да биди ддос ретко само со доволен број на ботови и неможе да кочи форумов значи има брзина барем кај мене ,можеби до телефонот ви е
Сакам да прашам , бидејки членот сашко е баниран , а многу го читав , беше многу активен тука , дали е за секогаш баниран ? Постои ли можност да биде одбаниран ?
Кажи му на Саше ( ако не си ти тој ), коа ќе престане да си лечи комплекси тука, може и ќе го одбанираат.
Некој од модераториве нема врска од модераторство. Прво, беше преместено во... Здраво?? Каде е тоа? Второ, ова не е причина. Трето, на крајот мислењето го нема во ниедна тема туку е избришано. Четврто, да сакав јас да го ставам во слики со порака ќе го ставев таму. Всушност, последниот коментар во таа тема е од мене, тоа се слики со пораки, а ова со причина го ставив во Сакам да кажам. Не знам кој го има ова направено, имам претпоставка, и оваа критика ми е за да се работи како што треба или ич да не се работи. Мислат тука се само за мислења да преместуваат (или бришат.)
Битер јас ти пишав. Но, пред да почнеше да набројуваш, прво требаше да го прочиташ првиот (воведен) пост во СДК кој вели: Поради големиот број на страници и непрегледноста на минатата тема, се отвара ново продолжение на СДК. Ве замолуваме цитатите, поговорките, статусите и сликите да ги испраќате во соодветната тема, бидејќи од оваа ќе бидат избришани со цел да не се губи смислата на темава каде што можеме да се искажеме со сопствени зборови. Наскоро твојот пост ќе биде префрлен во соодветната тема, се работи за технички дејства
Го имам прочитано воведниот текст. И одговор на тоа е она што го набројав како четврто погоре. Во СДК имаше слики од Милка чоколади па Реин не ги бришеше, ама затоа сте тука вие новиве.
@Bitter-Sweet, од СДК се преместуваат сите постови што се состојат само од слика со текст, без ништо со свои зборови покрај тоа – во Слики со пораки или Quotes, интересни поговорки. Со новите модератори тоа правило ќе биде секогаш испочитувано. СДК е за лични мисли, за туѓи што ви се допаѓаат има еве и две теми меѓу кои можеш да избереш.
Ама @Bitter-Sweet и јас требаше да ги преместувам тие постови, само не секогаш имав време зашто бев еден човек. (а и слика да брише човек од милка грев ќе го фати. ) Темата еволуира со текот на времето и излезе дека постовите во кои членовите си раскажуваат што и како ја прават темата интересна и затоа е толку читана и активна, за слики во темата имаше доста рекации, па затоа е и сега вака како што е. Јас разбирам дека токму тие зборови на сликата те погодуваат, ама останува работата што сепак е слика со цитат, а ако некој сака да скрола низ такви слики се знае каде ќе оди.
Добра беше Реин дека оставаше секакви глупости пишани. Немаше време да прегледа милиони теми и мислења, па ако не го пријави некој мислењето- никој не го бришеше. А сега ете уште пред да реагира некој на цитирањата во СДК, веќе се избришани. Т.е. Пак моментално почнаа да цитираат, но се надевам ќе средат. И сериозно... Размислете да се забрани цитирање во СДК... Како што е забрането во На срце ми лежи. Значи кога ќе влезеш во темата, убаво е да си читаш некои случки, спомени и смешни ситуации.. А не цитирања...хаха,да се сложувам... Не бе, не биди тажен... Се сложувам... Навистина мислам така...