Нека цитираат ама ако имаат нешто паметно да кажат. А не, цитираат едни исти и пишуваат едно исто: - Зошто бе?... Хаха исто исто.... Мхм во право си... И слично. Од вакви цитирања само очи болат, а сигурно не може тема да се започне И ќути таман седнаа на маса главните за да го разгледаат мојот предлог, ти ги предомислуваш
Нема што да размислуваат за таков предлог, затоа се поставени - да бришат такви непотребни цитирања, а останатите да ги надгледуваат. Плус, во кафе муабети е темата. Не ќе си правиме муабет секој сам со себе.
Прашање за модераторите: - Дали можете да бришете мислења по сите теми? На пример модератор си во Кафе муабети, ама влегуваш во Филмови и случајно нешто ти боде очи, па сам си бришеш мислења, иако има друг модератор таму...Може така?
Не Џолке, само во категориите во кои модерираме ги имаме опциите за редактирање, бришење, спојување итн. Само почесто пријавуваме сега ако видиме нешто по другите категории што не е во ред, да им помогнеме на колегите побрзо да реагираат
Може вашите пријави имаат предност....Во посебни известувања со златни букви им стигнуваат на вашите колеги......................И значи вие сте тие лошите? Знаев дека се крие нешто лошо, под тие наивни насмевки Сигурно пред да си легнете, се гледате во огледало и си викате:
Под "Скриено катче" пишува "Пристап имаат само форумџики кои поседуваат барем сино цветче" на што се мисли "сино цветче" ?
Тоа порано на старата платформа имаше цветчиња во зависност од бројот на мислењата,во случајот под сино цветче се мисли ако членот има 100 мислења на форумот во темите каде што се бројат мислењата,ако не се во Кафе-муабети и форумски игри каде што не се бројат мислењата.Сега наместо цветчиња на новата платформа на форумот има поени од трофеи:Активен член,Истакнат,Популарен член и Форумски идол.Значи,ако имаш 100 мислења во темите каде што се бројат мислењата,тогаш ќе можеш да имаш пристап и до темите во Скриено катче.
Уф добро е За малку ќе кревав тужби и 300 чуда,ми стигна известување дека мислење од темата "Се за религија" ми е префрлено во "Одење во Црква за време на менструација" си реков е што пак зарем јас сум на пик на некого Кога тоа на крај гледам сите мислења се префрлени,уствари цела дискусија ни била оф-топик. Ова сигурно го среди Бендер а? @Bender Rodriguez
Јас сум виновна душо, незнаев дека имало таква тема и прашањето го поставив во друга..како и да е, ништо страшно, можда и поубаво..видовме дека надлежните функционери совесно си ја работат дадената задача