И јас мислам дека е редно да се тргне.Можда не е мое да судам ама форумов ќе стане табло за реклами.Де Филипс Лумеа па нешо за шминки имаше де Лино тантара пантара.И тоа како и да стиснам ми искача Лино..
Незнам дали прашањево е за овде, ама ај да си прашам Зачленета сум некаде од крајот на јануари, а од тогаш имам напишано околу можеби 25-30 пораки. Денес сум малку поактивна Напишав некаде 10 пораки, но на профилот сеуште ми стои дека сум напишала само 18. Пишувам, пишувам ама никако не се променува. Дали ви се има случено и на вас? П.С: Глупаво прашање, нели?
Кого сакаш да игнорираш мор Џолке? Прашање кое нè мачи моментално во модераторскиот штаб Отсекогаш е така мислам, кај Реин и Михајло никогаш немало копче за игнор, сеа и ние на елитата се приклучивме, тоа е
Никого не сакам да игнорирам ама случајно приметив кај еден од вас, па кај друг, па кај трет и сфатив дека доживотно мора да ве читаме и почитуваме (се зезам, не ме банирјте) П. С. Ви препорачувам да држите состанок вечерва на тема кого би игнорирала ако би можела П. С. 2. Пак не добив одговор освен што се испофаливте дека сте од елитата
Дали може да се избришат одредени мислења (и дали на нечие барање модераторот тоа може да го направи)?
Има можност да се брише, но според правилата на форумов не бришеме мислења на нечие барање, туку бришеме кога се прекршуваат правилата на однесување на форумов. Кога некој се зачленува на форумов треба најпрво да ги прочита правилата на форумов и потоа да внимава што пишува, за да не се доведе после во ситуација кога ќе му биде нарушена приватноста да моли да му се избришат одредени мислења. Нема логика да се бришат мислења по нечие барање, ако при тоа не ги нарушуваат правилата на форумов, бидејќи ќе настане еден општ хаос и ќе пропадне форумов.
Модераторот брише мислења кои ги прекршуваат правилата на форумот, а ти ако сакаш некое мислење да биде по твоја волја избришано, тоа само администратор може НО само ако има добра причина за бришење. Јас вчера ги замолив да избришат еден мој коментар каде имав две мои слики и го избришаа.
Мене ме интересира, зошто се толерира говор на омраза? Не може разни навреди кон маргинализирани групи на луѓе, лични навреди и ширење дезинформации да спаѓаат во „лично мислење“. И мене не ми се допаѓаат некои ставови на луѓе, па не ми текнало тие луѓе да ги наречам „биолошки отпадоци од луѓе“, “болни“, „да е мое дете ќе го обесев“ и остали глупости. Не знам, може е до мене.
Имам проблем со форумов,и тоа од кога се префрли на новиот сервер. Темите кој ги нагледувам и во кој учествувам,не ми стигаат нотификации т.е некогаш стигаат,некогаш ич не стигаат. Не е до интернетот затоа што користам два провајдера,едниот е на т-хоме оптика 100 со 100.
Дали има опција кога влегувам во некоја тема „брзо“ да ги издвојам моите мислења, без да шарам низ страните каде сум пишала нешто?
Одиш во темата која сакаш да ја пребаруваш, го отвараш пребарувачот, го пишуваш името од членот чии мислења сакаш да ги пребараш и ја селектираш опцијата „Пребарај ја само оваа тема“.