А дали може да ми објасни некој како да прикачувам лично мој гифови ? Пробав преку прикачи фајл , но потоа видов дека не поддржува мп4 .. Инаку гифовите се правени преку Ретрика , и не се никаде објавени ( како би можела да ги прикачам со линк нели ) .. Помош ?
A гиф или видео пробуваш да прикачиш? Пошто mp4 формат е за видеа Имаш конвертори на интернет, напиши mp4 to gif converter. Gif формат поддржува форумов
Па , на камерата пишува гиф , но форматот е мп4 , повеќе би го категоризирала како кратко видео Фала ти за информациите и одвоеното време
Провери си каj тебе на профил во прилагодуванja да не имаш штиклирано автоматски да ja надгледуваш секоja темс во коja ке пишеш.
Зошто е заклучена темата Анален ботокс од @baba Rada ? Онака ме интересира. Што беше проблемот со темата?
Доволно ги познаваш работите на форумов и се ти е јасно..цела тема Петре наш почна да ја води во погрешна насока, почнаа омаловажувања од длакавата Гошка...и моја тема е злато мое, затоа ја затворија.....не им е првпат. Треба една ревизија на теми да се направи на форумов па да се види колку ретардирани теми има ама се гураат и немам ништо против, на газдата му одговара да се клика..и тако то.
Ти си повластениот овде, таман работа да бидеш виновен..баба Рада ќе го јаде за сите вас неправедници, грешници едни
Исцелувај се чедо божје нешири грешни муабети, дојди да те прснам со кандилцево од светава вода. Еј ај офтопици шириме. нема везе немаше никакви наведувања во погрешен правец
САКАМ...ИНСИСТИРАМ ДА МИ СЕ ОТКЛУЧИ ТЕМАТА И ДА СЕ СТАВИ ВО УБАВИНА И МОДА!!!!!!! ЧЛЕНОВИТЕ КОИ СЕ ЧЕТОСУВАА И ЗАФРКАВАА, ДА БИДАТ СООДВЕТНО КАЗНЕТИ
Сакав да прашам нешто во таа тема за анален ботокс , ама ја најдов заклучена и сега го заборавив прашањето, ццц.
Полека, гаси caps-lock, прочитавме. Темата ја затворивме и ги „казнивме“ оние кои се зафркаваа со delete на таквите мислења. Навистина дискусијата (ако можам да ја наречам така) која се одвиваше не беше во ред, а сметаме дека темата има потенцијал да прејде во некоја со попродуктивна дискусија како што доликува, а не со такви плитки „досетки“. Во текот на денот ќе биде ажурирана и отклучена за повторна дискусија, но овој пат однапред ќе ве замолам да се возджите од вчерашните муабети, затоа што едноставно нема поента тоа.
Ако може и воведот на темата на Бабето некој да го редактира, за да знаеме за што уствари се работи, па после да се отвара... И ако може и она да се ,, казни ,,оти 90 посто од мислењата на форумов и се четувања и зафрканции. Не и е ова дупка како Кајгана.
Редактиран е воведот Гошке, провери ја темата пак Колешката Мишела ја среди темата да е на место и сериозна, не се ни познава сега кој ја отворил
Како мислиш во слика? Претпоставувам прашуваш за на аватар како се ставаат. Исто како што се става обична слика, само гифот треба да биде со помали димензии.