Ќе биде отклучена бидејќи не прекршува никакво правило. Ако ви е глупава и смешна не ја отворајте. Некој ете сака да се убедува и разубедува за такви работи и му е интересно, па да ги оставиме да си дискутираат. Како е редактирано до таков степен кога баш делот кај што си пишала во однос на темата е оставен, а оф топикот избришан? Како сега нема смисла тоа што е оставено, кога на никаков начин не е поврзано со тоа што е избришано?
За мене тоа мислење не вреди без тој дел, молам да се избрише. За жал Раинбоу, или ој и да го редактирал мислењето, не можете да погодите како размислувам, нема потреба да ми редактирате мислења. Бришете, никогаш не кревам врева за избришани мислења.
Нема потреба да погодуваме, гледаме што си пишала и врска нема едното со другото, нити на некој начин делува на контекстот на тоа што стои. Едното е оф топик поврзан со избришани мислења, а другото е твое мислење на темата. Како и да е, штом така си решила...
Сигурно за мене имало врска, штом сметам дека се изгубила смислата на мислењето. Драго ми е што е избришано.
Мене стварно не ми е јасно зашто се затвори темана за Заев. Иста била со онаа за Вмро... Не, не е иста оти у ова слободно може да се плука по Заев, и да не се оди офф топик, додека у другата не... Не сум јас крива што некој е способен само да црка и да се жали, за на крај ја да му отворам тема, и ПАК да црка за истото и да иде офф топик и у другава тема! Ако е иста, ондак слободно затворете го пола Секс, Врски, Љубов шо ти ја знам како се викаше подфорумон. Аман веќе, стигнавме до дереџе и глупи теми у Насмевка да затвараме поради лигуши. Има едно копче горе ,, Одјави се ,,...
Во кои теми мислењата не се бројат? И која е логиката мислењата да не се бројат, али лајковите да? И не, не ми смета нешто тоа, само не ми е јасно која е логиката...
Зошто сум банирана од неколку теми во категоријата Политика ? И кога ке ми се објасни зошто сум банирана од неколку теми , да ми се објасни зошто и толку долго трае банот?
Дали постои шанса да се отвори тема каде нема да постои опција за цитирање и одговарање, значи никаков муабет. Дури и кога ќе постира некој член, само ќе смее да тагне членови, без никакво објаснување, значи ништо - само тагови. Темата да се вика ,, Членови од кои ми се превртуваат цревата ,,...
Зошто сум банирана од неколку теми во категоријата Политика ? И кога ке ми се објасни зошто сум банирана од неколку теми , да ми се објасни зошто и толку долго трае банот? Од чет исто така,од ние околу 40?
Убаво би било да имаме обавестување кој член е баниран и зошто...мислам дека имаме право да знаеме, ние сме редовни членови од кои живее форумов, ги почитуваме вашите закони, правила и хирови...па треба и вие нас да не испочитувате, сепак имаме некоја заслуга за живеењето на овој форум. @veteruska. Банирано ли е девојчево
Треба да отворите тема за банирани личности и да се пишува зошто се банирани членовите. Ја знаеме играта, едните исти членови секој ден провоцираат па барат бан за неистомислениците, а членовите кои навредуваат сеуште се на форумот. Поздрав до Veteruska, Hardcore и Дарко1991
Мене ми изгледа како да е банирана, не и го покажува корисничкото име во барај. А, ако не е, на голем митинК е девојчето денеска, се има спремано цел ден.
ДО КОГА ЌЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛУВА НА ОДРЕДЕНИ ЧЛЕНОВИ ДА ИЗМИСЛУВААТ ШТО САКААТ И ДА НЕ БИДАТ КАЗНЕТИ ЗА ТОА!?
Кога ке се добие ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ се спушта топката , а не се продолжува со провокација . Па после ке ви е чудно зошто некој заработил БАН
Зошто се толерира да се измислува и да се етикетира дека некој член има повеќе од еден профи? Пред некој ден тоа се тролаше за мене, а гледам дека денес истото се пишува за @baba Rada во темата Во кој жанр би бил вашиот животен филм и кој член би го одбрале во главна улога. Средете си ги мислењата во таа тема и опоменете (или банирајте ги) ги членовите дека е забрането измислување на работи. Лесно може да се проверува ип адреса и да се види дали некој има еден или повеќе профили.