ако имаше членки кои користат слики од туѓи деца тогаш верувај има такви кои користат и слики од нет ради реда.
Во спојлер можеш да ставиш слика од чевлите од официјалната веб-страна, пиши дека сакаш да доловиш боја. Штом си одвоила време да ставаш слики во темата, штом мислиш дека е битно да видат останатите што си купила, тогаш што е проблем да изгубиш 5 минути плус и да сликаш? Инаку и мене ми пречеше тоа што многу членки ставаа слики од интернет, не е тоа поентата. Друга работа што ми паѓа во очи е непрегледноста. Некои членки ги сликаат сите производи одделно, пример слика - шампон, слика - гел за туширање, слика - влажни марамици, а сето тоа може да се стави наеднаш. Многу поубаво и попрегледно изгледаат сликите на членките кои сликаат облека на една слика, козметика на друга, итн... Пример, ако се две блузи, фармерки и лак, зошто да се редат три слики?
^ А што со оние кои не ги купиле тие производи туку ги купиле нивните братучедки, а тука си ги ставаат како свои?!
А шо толку се потресувате оти некоја лаже оти пример си купила Самсунг 8ца, а толку членки си го фејкаат животот тука?
Ич, само дека сега почна се да им смета, слики од интернет, по 5 слики одеднадеш итн. Оно има други работи за средување, а мене баш ми е ок да скролам и да гледам слики фармерка, слики сукња.
Зошто во некои теми каде што се прикачуваат слики стои само IMG а сликите не се отвараат? До мојов интернет нешто е или?
Затоа што ги ставаат сликите со URL link, па подоцна биле отстранети сликите од страната каде го копирале линкот. Затоа е подобро да се симне сликата во телефон/компјутер, па да се прикачи на Фемина.
Како се менува тоа испод никот што ни стои? Гледам Гош ( не е дел од тимот ) има сменето, па дали може и ние да смениме или не важи за нас. Некој да каже step by step?
Кога некои членови ќе престанат со провокации, надмудрување, омаловажување, навреди, мешање во туѓи животи?
Се согласувам со твоето мислење . Значи некои членови имаат големи привилегии , можат да навредат , можат да пцујат, можат да викаат , можат да користат сарказам и потсмевање , и доколку им се пријави мислењето постојат минимални шанси да им се избриши мислењето од модераторите .... А за банирање нема тука простор ! Доколку му се случи на тазе зачленат член сево ова ке добие доживотен бан !! И тука нема простор за коментар! Не ми е јасно зошто се толерираат тие членови (а заради нив се огромен број членови банирани) , правилата нели важат исто за сите , нели ?
Цела држава ни функционира на тој начин, зошто се чудиш што на форумот е така? Мене членка која е поранешен модератор што не ми има кажано и како се не ме има навредено тоа чудо и ништо, тоа за тоа. Јас ги пријавувам нејзините мислења а мене ме опоменуваат наместо неа.
Знаеш .... И онака се привелигирани , да ги ставиме на игнор . Бидејки очекувам постовите да ни се пријавени ни се заканува бан . Иако најмногу ми фали Вики сепак нема да војувам , и наместо да победи правдата , ке бидам банирана .
Хахах не не каков игнор. Јас намерно не ги ставам на игнор. Сакам да им одземам што повеќе од времето кое никогаш нема да можат да го вратат а гледам ме споменуваат секаде, во која тема и да напишам нешто, од уста не ме вадат. Ќе бидат пријавени постовите, очекувај, очекувај и да се препознаат членовите за кои пишуваме па да почнат да ни делат ум.
Луѓе што толку се чудите за неправдата на фемина,па каде има правда кажете?Дома има ли правда? На работа има ли правда?Во државата има ли правда? Не трошете време.......