Добро дечки, од каде доаѓаат плачкиве? Јас еве за некој ден ќе славам четврти роденден тука, знам дека сум имала брутални постови (особено првата година исправав криви дриви без многу толеранција и влакна на јазикот), сум била дел од жестоки дискусии ама никогаш не сум била банирала од тема (не па од форумов) ниту јас, ниту пак останатите учеснички. Виртуелно сме се фаќале за врат ама никогаш не сме надминале здраворазумска граница на форумска комуникација-немало навреди, немало понижувања, немало (не дај боже) закани. Ако сте предупредени, верувајте, не е до другите членови, до вас е!!! Не се другите криви што вие сте изгубиле контрола. Имало секогаш напорни членови, штом видиш дека некој почнува да пречекорува граница на нормална комуникација, сам пресекуваш, не си дозволуваш да влезеш во кавга. Те вреѓа, те понижува? Го пријавуваш мислењето. Се спуштиш ли и сам на тоа ниво на „дискусија“, не ти е крив другиот член што те банирале, сам си си крив. Имам еднаш пишано, ќе пишам повторно- форумов е претолерантен. За некој да добие бан, треба ептен да претера. И дајте навистина, кажете ги тие „привилегирани“ членови. Зошто @Justicija ,еве јас го следам форумов подолго време и уверена сум дека сите сме подеднакво еднакви.
Не не сме сите исти на форумов дефинитивно. Зошто ако немаш исти ставови со одредени членови меѓу кои и модератори и админи секогаш си исмеван и слично. Јас лично направив тема ''Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?'' Дали знаеш какви се не навреди добив поради тоа и во темата и во лични пораки без притоа да бидат опоменати членовите (Како да бидат опоменати кога беа поранешни модератори) Едноставно на форумов или мораш да размислуваш како одредени членови или ќе добиеш бан. Неколку членки постојано се занимаваат со мене и ме споменуваат во секоја тема скоро каде и да пишам. Целта им е да ме навлечат на навреди за да добијам бан, нема тоа да им успее дефинитивно. Пред одредено време тоест неколку недели бев принуден да го сменам аватарот поради тоа што на една членка и сметал бидејќи истата слика ја нашла на интернет и тоа бил некојси убиец и садист. Добивав опомени од админи и модератори. Дали тоа е толерантност? Не и сметаат илјадници гнасни мислења посебно во темите за секс а и сметал мојот аватар кој не содржеше ниту порнографија ниту навредлива содржина или слично.. Толерантност и праведност тука? Немој те молам, не сме слепи.
Во право си. Имам забележано дека оние што се форумски идоли или популарни членови имаат вреѓано, па никому ништо.
Те разбирам Vitaly и се согласувам со тебе. Секое мое мислење е коментирано од истите членови (кои се разбира намерно провоцираат со цел некој член да се налути да ги навреди па после да бараат бан) Поради такви личности бан добија многу членови. Мене ме спомнуваат низ темите дека сум ги поддржувала и сум им лајкувала членовите на кои добиле бан По тоа ќе сфатиш дека нивниот живот е базиран само на форумот и пребројување на лајкови. Немој случајно некој да лајкнал мислење што они не го поддржуваат ќе се жалат низ форумот, па ќе оговараат и на чет Јас добивав навреди па на тие членови едвај им беа избришани мислењата, но не добија бан. Vitaly не се замарај со такви ликови. Исмејувај ги и ти, не ги навредувај бидејќи тоа им е целта, секогаш брани си го ставот и поддржувај го она што мислиш дека е правилно
Од една страна, зошто знам дека си дете кое уште оди во средно, а јас сум прилично постара од тебе (не доволно да ти бидам мајка, ама сепак) мислев да се воздржам од коментар ама едноставно не е нормално да ти сметаат муабети за нешто е толку природно (сексање) а да ти е сосем океј да имаш аватар од „некои си убиец и садист“. Ако навистина не разбираш зошто барале админите да ја смениш сликата, ти сериозно си имаш некој проблем. И да, форумов е ептен толерантен. Сум ти ги читала мислењата. Уште си тука, не-баниран? Доволен доказ за толерантен форум!
А што велиш за тие што навистина се исмеваат, а не се банирани? Мене ме има исмевано една членка што е сега форумски идол и тоа што си коментирав во една тема општо. Ако не се согласува таа со моето мислење, може да пише така, а не да вреѓа и да се исмева. И не само мене, сум забележала и со други членови го прави тоа што не се популарни на форумов. И ни бан ни ништо, уште па е форумски идол. Ама ок е.
@Nausicaa можеби тој е дете но јас не сум . Сите грешиме , но грешките не ни се исто толерирани на форумов некој ке добие предупредување пред бан , некој тазе член ке добие бан , а други воопшто ништо . Јас немам ништо против тебе , но мое е демократско право да го кажам своето мислење (кои за жал ако се коси со мислењето на некои ке бидам жестоко нападната со провокации , со лајкови и исмевање) .
Значи иста песна. Исти ставови исти членови, истите зборови ги добивам од членови кои имаат исти ставови.. Како од еден калап да сте излезени. Ништо, да си продолжиме понатаму без конфликти, ми се смачи веќе. Едно е секс а друго е гнасотии да пишуваш, мислам постара си се надевам ќе ме разбереш. А тоа што мојот аватар се нашол на некој сајт за садисти и убијци јас не сум виновен ниту однапред сум го знаел тоа. Ако важат правилата за мене нека важат и сите. Тука и мали деца се зачленуваат за жал па мислам дека не е убаво да ги читаат животинските нагони на некој ретарди кои не се банираат сеуште бидејќи нели природно е тоа а мене и таквите како мене може да ги банираат бидејќи немаме исти ставови како милениците на админите и модераторите и самите модератори и админи. И за крај те молам причината ако може поради која требало да бидам баниран?
Доста се фаќате со тие титули форумски идол, истакнат член итн Тие титули не ги доделува никој од модераторите и админите, туку самата форумска платформа е направена така... кога ќе достигнат одреден број мислења и допаѓања, се добива активен член, па истакнат член, популарен член, форумски идол итн.. Сакам да кажам, гледајте ги членовите како членови, титулите им се доделени од самата форумска платформа и немаат никаква врска со толерирање, обожавање и гледање низ прсти на некој член. На времето имаше цветчиња за популарност.. Сеедно е тоа..
Тебе сепак не те цитирав за да ти објаснам, не знам зошто ми реплицираш со одговор Ја цитирав Блеки. Затоа што два пати во рок од еден час пишува.... И коментарот од погоре
Леле луѓе, ко пи-ар се осеќам. @Black girl, не знаеш мене што се ми немаат изнакажано овие неколку години. И форумски идоли (титула што мене ама ич ништо не ми значи), и нови членови со едвај дваесетина мислења. Почни од тоа дека сум немајка и следствено трескам, преку убиец зошто сум про-чојс, до апла курва зошто не сум се чувала до брак (ова лани кога една сексуално фруструрана тајфа беснееше на форумов). Ехеееее... Пријави мислење, пиши и на Реин, стави ја членката во листа на игнорирани... Имаш опции. Ако си дозволував секое контра мислење да си го ставам при срце, веројатно веќе немаше да пишувам тука. Сам си праша, сам си одговори @Justicija, немам ни јас ништо против тебе ама да бидеме реални- банирана си? Не. Кој е тогаш проблемот? И од знаеш дека и тие другите, со подолг стаж не добиваат предупредување ако претераат?
Едни те исти, вреѓаат, понижуваат, лажат , шират омраза и национализам, и уште се тука...али немој случајно да им возвратиш со иста мера, одма нежни души стануваат... Oh, the irony...
Постара од мене била ... Ти личи на годините. Всушност и кај си видела да пишувам јас во тие теми ти се молам? Пријавено ти е мислењево.. Нека биде доказ дека кога некои навредуваат се гледа низ прсти а кога други поединци навредуваат веднаш им следува бан или опомена.
Како не си го знаел кога негираше дека е садист и тврдеше дека тоа брат му го наместил, Значи знаеше и приказни за брат му и што и уште не, ама не знаеше дека е садист. Со сила ќе се правиме ненормални?