Наше право со кого ке се дружиме. Си има модератори тие нека "ги факаат" дуплите (лажните , фејковите што и да е) профили , тоа е во нивна надлежност ,пријавувајте ги таму ,мирно и тивко без узбуни , кој прекршил правило нека си биде баниран , ,само не знам зошто некои саакат да бидат тужи баби И да , има членови само за една грешка банирани (не добиле втора шанса како некои )
Еве @Someonespecial пишала. Веќе пишав дека вчера ја подржа Јустиција во темава. Доста активен е на форумот, во 40 се матка. Знаете ли во вакви теми колку лесно се прибираат информации за луѓе? Таму сите си ја празнат душичката, кажуваат како им поминал денот, каде биле, што правеле.
Можеби 40ка и феминско ќоше треба да се префрлат во скриено катче. Темите се ептен „на изволте“ и се рудник за информации ако некој сака да открива идентитети. Верувам дека сите кои редовно пишуваат таму ќе се согласат со ова затоа што им оди во прилог. Промената нема целосно да не заштити ама ќе направи разлика колку-толку.
Човекот бил од многу сериозни причини баниран, сега си доаѓа и пак глуми џентлмен со истите фори, а 80% од членките не го знаат иако е со ист ник, пошто се понови или и тогаш не биле запознаени што правел и зошто добил бан. Не е никакво тужибабење, туку треба да се знае, имате право сите да знаете, па и да внимавате што споделувате со такви членови.
(Знам дека веќе одам оф-топик) @DAngel, ти убаво си пишала ама јас тоа поддржил го разбрав во смисла на „и стиснал лајк“ на мислењето па од сите „лајкачи“ само овој член/членка @qwertyuiop123 не ми беше познат Мислев дека можеби тоа е реинкарнираниот член-демнач а никако не ми текнуваше на постар член со сличен ник. Се разбравме
Што мака имате вие од реинкарнирани стари членови, тролови или како и да е? И зошто опсесивно им барате сличности, споредувате начин на пишување, ставови...Шовинисти биле, не баш културни, дрн дрн. Слобода имаат да си ги искажат своите ставови, а ако не се сложуваат со вашите, па искрено често кога сум следела дискусии вие сте ги вреѓале нив исто толку заради нивните мислења и ставови колку што тие за некои таму. Оти ако тие зборувале општо, вие нив ги напаѓате директно. Па и ако ви вратат нека бидат санкциите за сите, не само за нив. Некои од вас, посебно @Someonespecial понекогаш се мислам од шеќерна волна да не сте правени или само така глумите кога се наоѓате засегнати. А сами напаѓате многу повеќе отколку што мислите. Тоа што почесто мислењата и ставовите ви се за сонца и виножита исто толку напорни можат да бидат ако цврсто и упорно се држите до нив и ви смета секој што размислува поинаку. Опомена за профилна слика на садист? Боже сачувај. Не секој е тука за да чита извадоци од селфхелп книги, некои ги прераснале тие работи и си сакаат поинакви постови, па нека има и сарказам и иронија и потсмевање до одредена граница. Ко тужибаби бубалици сте понекогаш и очигледно е дека заради вашата параноја некој си го јаде ни крив ни должен и добива лош имиџ. Релакс малку.
Ова сакав и јас да го кажам без погрешно да бидам сватена ... Исто и јас бев обвинета дека сум била нејкоси стар член со нов профил , па штом им реков за лажно обвинување следува бан , они се повлекоа . Сега гледам и со други истото го прават , тумачат начин на пишување , или ставови и сл. Па си велам добро бе , имаат ли овие попаметна работа ? Ако се сомневаш пријави , па нека проверуваат модераторите ип адреси и све што е потребно, но кој лажно обвинува да си добие бан доживотен .
Тролови којзнае колку има на форумот, во смисол на екс членови банирани реинкарнирани или измислени животи, лаги и преувеличувања...нема смисла да се ловат сите и нема пореба никој да се опседнува со нив. Нека се истите, ако претераат нека се банираат пак, во спротивно што? Може некогаш бил трол кој вреѓал очигледно а сега е грижлива мајка на две или три деца која си го пишува секојдневието на некоја од темите и собира лајкови. И? Ај интерпол да викнеме.
Ти па се изначита, убаво ти дојде сеирот и дојде да се правиш објективна како и секогаш, така? Да, замисли ни пречи манијак пак да се вртка тука, и ни пречи малолетно детиште задоено со омраза слободно да става убијци на аватар. Почудно здравје. Како ли смее да ни сметаат овие работи? Оди сега врати се во 40ка и довреѓај ги и доизбркај ги не само од таму, туку од цел форум сите фини членки на кои превртуваш очи оти се од "шеќерна волна". Кој збори во темава за правила, еј!
Го следам овој форум одамна, се решив да се регистрирам сега, се согласувам дека некои членови премногу им се допушта, нема потреба да ме мешате дека сум стиснала лике, кажав што имам, поздрав
Кога некој член не се сака, не се вложува ни најмалце труд да се сфати што сака да каже авторот. Нема никаква потреба од ваков тон на разговор. Сепак, ова е форум и секој има право да го користи на начин на кој што тој сака. А тролови имало, има и ќе има и никој не може да направи ништо за да го промени тоа. Тензично е на форумот овие неколку дена .
@Someonespecial на чет пишувала дека veteruska имала уште еден профил мојот. Истото ми го пиша и мене во лп. Се разбира за нејзината лага беше информирана rainbow, бидејќи не сакам кога некој лаже. Без ниеден доказ си зема за право да збори дали некој член има дупли профили. Лесно можат да се споредат ип адресите. Сега гледам дека истото го пишува за @Vitomir2 па од каде таа глупост дека он имал претходно профил? Па се вратил со ист ник, а бил баниран пред неколку години Шпанска серија Па сега и сметало на @Someonespecial ако некој му лајкне или го поддржува. Престани да се замислуваш Херкул Поаро или Шерлок Холмс. Престани намерно да ги провоцираш членовите, а после да бараш нивен бан. Колку членови имаат добиено бан поради тебе? Значи проблемот барај си го во себе и во сличните на тебе. Со кое право ти го наврeдуваш @Vitaly дека е малолетно детиште задоено со омраза слободно да става убијци на аватар? Нема да ти успее планот да го банираат поради тебе. Сега мислењето ќе ти биде пријавено, ќе видиме колку модераторите ќе го избришат.
А HUNK? 2профили имал, и се заканувал... Како се нејзе и на уште дел од "кланот" ? Винтер Лејди веќе банирана им беше жртва да им собира профили на членови, ама не размислуваа дека и нивните ќе излезат на виделина и сега уплав од секој што ќе се појави. Така е кога се дреме на чет и се зема форумов како работна позиција.
Препрочитај го мислењата на @Someonespecial што денес го пишала стр. 216. Дека Vitomir2 имал претходно профил со ник vitomir Без докази си зема за право да тврди дека некој имал дупли профили. После немој да се жалите кога некој ќе ве навреди, не се сите толерантни, не можат сите да ги трпат ваши лаги и вашето саркастично изразување. @Petra777 си ја имаат они мувата на капата, па се плашат од секој нов член (се мислат дека е некој со дупли профили). Параночни се. @elimkd банирани се, исто и Викторија.
@Petra777, ај жити се не се прави наудрена, не постои член кој има повеќе заслужено бан од Hulk. На страна заканувањата, мислењата полни со омраза кои жените, односно- курвите, дрољите, изораните итн (а кои ти му ги лајкуваше) се и тоа како доволна причина за траен бан.
Па треба некој да се пронајде во тоа за да е длабоко навреден. Мене не ме допре и сега што? Не заслужуваше бан, он не откри идентитет како гардата што прави , па и оговарање на чет. Според мене ова што они го прават е посериозно, од секој аспект гледано, отколку на HUNK.