Ах ама кога ќе кажете дека вие не сте се навредиле. Па и јас не се навредив, не мислам за себе дека сум дроља или што и да биле навредите, што и да значи зборот. Што не значи дека е во ред да се употребува. И само затоа што вас некој директно не ви се обратил да ве навреди, не значи дека е прифатливо, кул и без влакна на јазикот да се уназадуваме со сексизам и омраза. Никаква реакција на таква навреда значи одобрување. И не е срамота да се одбраниш.
Проблемот конкретно за тие навреди е што некои жени сметаат дека „други“ жени ги заслужуваат и дека се вистинити. И тоа доволно кажува со какви луѓе си имаш работа. Осудувања, предрасуди и стереотипи до бескрај. А копање идентитети и јавно кажување треба најстрого да се казнува. Некои членки тука пишуваат работи што не сакаат никој да ги знае.
Епа баш заради тоа после толку време не можеме да се разбереме зошто хунк бил баниран. За копање на идентитети немам што да кажам. Тоа мислам дека е преочигледно дека е глупаво и нема што да се коментира.
Во правилата пишува: 11. Приватност Femina.mk нема да објави никаква информација за ниту еден од членовите, освен ако не добиеме судски налог за тоа. Се надевам дека тоа подразбира дека би бил санкциониран секој кој има пристап до лични податоци и неовластено ги шири,клевети итн.
Тоа е тоа. Винтер е банирана, но и ги остави во наследство на Спешл и остали. Kaј употребил HUNK такво нешто? Па подобро е некој к**ва да пише, отколку да ми открие профил на мој маж и да чита на тема снаи и свекрви или било која тема што не е за читање.... Не зборам лично за мене, но има некои си ја отвараат душата тука без резерва.
Ништо не е подобро, и двете работи се лоши. што е извадено од контекст? Баш за хунк се зборуваше. За лажни обвинувања си има модератори кои може да проверат.
Секој што завлегува во идентитет на било каков начин во идеален случај би требало да е санкциониран од тие што водат грижа за тоа нели?
Не знам кој е тој , иако само тоа е ситен дел во склоп на дискусијата , за на крај да испадне дека бараме правда за тој баниран член ,таква поента ке се добие. Прочитај наназад за што точно дискутираме .
Најди ако не ти е тешко каде употребил таков израз, од мобилен сум секогаш. Баш ме интересира. @Justicija па и правда е , еден од низата безвезе банирани, зошто некоја се живо што е ново банира.
Се согласувам. Но што е со оние членки за што постојат индиции дека по лични пораки чачкаат по туги идентитети , како би ги пријавиле тие и како би се разоткриле , кога нема никој пристам до лп на членот?
Навистина не знам што да ти одговорам на тоа. Можеби некој што е овластен за ред на форумов да прашаш. Еве и мене ме интересира.
Прочитав. И за тебе прочитав, и не сфаќам зошто толкава драма. За сите овие проблеми се поставени модераторите. Колку ќе откриеш за себе е твоја одговорност и секогаш постои шанса некој да те познае. А за оговарање по лп тешко дека може да се банира некој. Обрати се на модераторот што го банирал, мене ниту ми е гајле за правдата на хунк, ниту мислам да барам по стари мислења, од кои повеќето се избришани, за да се докажувам. А читав по форумот тој период, па верувам дека со добра причина е баниран.
Нормално дека не може да најде. ТАКВИТЕ ПОСТОВИ СЕ ИЗБРИШАНИ. Не треба многу логика за да го сфатиш тоа Гадно е да подржувате некој што нарекол било кого курва. БИЛО КОГО, па и најголемата непријателка да ми е.
Мислам дека ти и воопшто ништо не си прочитала и незнаеш за што дискутираме Си ја згрешила темата чупе