Па сигурно screenshot има некој кога пријавил нели, во овој случај пријателката. Ги архивира сите муабети за банирани.
Не верувам некој да е толку опседнат и да чува скриншоти од некој кој е баниран повеќе од една година. Ако имаш некој скриншот со кој ќе докажеш дека е неправедно баниран - повели.
А каде тоа пишува дека најголем непријател на жената е мажот? Што ви е поентата? Жени сме и ќе си чуваме грб, какви сме такви сме? А за мажите кога се збори секако оти не се банира? Одете во тема свекрви и снаи пример или совети за врски, па ќе сретнете -муле, психопат, швалериште... Па и за постари жени -вештерка, ненормална, колнење, пцовки, посакување на смрт... Да речеме дека се сложувам со вашата визија за форумот, зошто тогаш не реагирате секаде каде треба?
Сакаш да кажеш кога некој ќе зборува во стил на Хунк, треба да го тапкам по рамо? Не ги читам сите теми, не ги читам тие кои не ми се во моментален интерес, кога би ги читала би ми било дебилно и во спротивен правец доколку се зборува. Користење навреди, било какви навреди, зборува за личноста која ги користи. Не велам дека маж е главен непријател на жена, туку често зборуваме за дискриминација од нивна страна, кога вистински доаѓа од друга, љубоморна жена.
И што е поентата сега? Дека неправедно се банирани членови, додека други не се банирани иако требало, ама немате ниедна конкретна ситуација? Или ајде ќе зборуваме во шифри, за да се препознаваат луѓе.
Се кладам во ЛП со модератор седи пријавениот разговор. Сакаш ЛП со ХУНК да ти објавам? Маломорген. Не е психопат како што таа објаснува и останати околу. Ако нешто не ви одговара, психопати сме. Не прифаќате различни сфаќања, па лесно се навредувате и бан. Не знам само во реален живот како ги "банирате" луѓево?!?!
Знаеш како викаат подобро да бидеш педер него да ти извадат муабет На крај краеви и бан да добиете ништо страшно божем ке го изгубите богатството Уживајте бе луѓе Зашто им верувате на некои кои сакаат да измислуваат разни приказни и шират невистини,тоа е сериозна патологија.
Е сега си прочитала само ке те корегирам кај делот дека немало конкретна ситуација , јас би кажала дека има туку само превише се толерираат , а други без да се ислушаат автоматски се банираат заради тие личности.
Цело време имав прочитано јас, ама не прочитав ниедна конкретна ситуација со пример. Се толерираат сите на форумот. Ама мора да има некакви граници.
Ахам, сакаш да кажеш дека само во темите кај што пишувал тој Хулк (не го паметам добро и не сум тука за него) и слични на него -си била, а за друго поима немаш на форумот? Едни треба само да си се носат со срамот дека се безобразни а други да се банираат и да ги паметиме како психопатите кои оставија траг на форумот? Трети ако имаат среќа, ќе се прослават како опасни мадафакери. Секој со среќата, а?
Вака сега да ве потсетам: @Vitaly освен тоа што во секоја дискусија ги крши правилата за говор на омраза и одоколу нѐ навредува општо цела група на луѓе, директно се има обратено на членка со "мивко", на Сјдго мислам дека беше. На Ејнџел веќе што ѝ немаат кажано тролови блиски до вашите ставови на друштвото, Џиа е тука да се пожали за бановите на сите нив. А Петра сигурно не се сеќава ама ќе ја потсетам од кога ми се отворија очите за неа, а претходно ја почитував – кога член потпишан Мајстор или така нешто, дојден на чет да брка женски (баш тоа од што светците и светици наши велат дека се гадат), вулгарно напнуваше и кога јас го предупредив ме нарече к***а, и таа го поддржи и продолжи да се зеза со него, а мене ме искритикува дека "не сум почитувала постар". Тоа е единствен пат кога тука некој така ми се обратил, а ниту во живо никој се нема дрзнато така да ми се обрати. Е такви бруки и одечки иронии сте вие. Срам за женскиот род!
@Bridget некои членови оставаат впечаток, други изгледа не биле толку брутални. Некои се нервозни, некои смирени макар и "тивко", да те пцујат. Верувај суптилното знај да пропали, додека очигледното би се санкционирало побрзо.
Никој не го интересираат твоите болни моменти, трауми, кога некој на форум те нарекол -к***а а друга продолжила да се зеза со тој некој ко ништо да не било. Може ден на жалост требало да се прогласи, еве не знам. Или требаше сите со транспаренти да излеземе по улици?
@Bridget, конкретните навреди беа насочени кои оние жени кои имале повеќе од еден сексуален партнер. Ти океј си некоја жена да биде нарекувана курва, дроља, нечиста, изорана, извалкана и уште куп слични, многу повулгарни епитети само зошто не се омажила за оној со кој прв имала односи? Како ти се допаѓа изразот „дупната вреќа“ за не-невина девојка? Мене лично ми е страшно деградирачки. Јбг, шеќерна сум.
Ништо не предизвикуваат овие реченици кај мене, никакви чувства, зиро. Очигледно некој си има мака, што мене ме засега тоа?
Пак ти жртвата Па дури и лажеше дека лично ме познаваш. Кога се плеткаш кај што не ти е место, сигурно и во реалност ќе дочекаш вакво нешто. Да не се повторувам, ти кажа и Бриџит, ПОРАСНИ!
Никој тебе не те вика тука и не те прашува што ти е интересно жено, разбери! Пишуваме тие што ни е гајле за редот на форумот и за тоа колку почит кон жена се покажува на женски форум, тоа што го пишуваме е упатено кон оние што го упропастија и администрација да чита што навистина се случува. Ако сакаш читај со пуканки, ако не - скокај. Ни смешно, ни интересно, ни зрело не звучиш. @Petra777 не лажи, никогаш не сум рекла дека те познавам лично. Не те знам и најсреќна сум на свет што не познавам во реалниот живот особа како тебе!
Абе, знаете, недостатокот на реакција при такви навреди, навистина кажува нешто за вас Ама не ќе да сме ние тие со маката