Едноставно, ако не реагираш - го подржуваш. Тоа е правило при било каков harrasment или bulling. А веќе утврдивме, да наречеш некого курва е sexual harrasment.
Да ја нареков така незнам која членка беше точно бидејќи и таа ме навреди. Само возвратив. Несмеам ли да се бранам? Дали се сеќаваш ти и уште неколку други членки од твојата орда што се не ми имате кажувано..Мака ми е да барам како се не ми имаш наречено.. Од неписмен до необразован незнма што уште не и тоа во времето кога беше модератор. Навреди понижување поради различни ставови и слично алоо?. Дури и во лични пораки имам добивано закани од Darko clash и Prijatelot па никому ништо. И не сум прекршувал правила на говор на омраза туку ако не сакам одредена група на луѓе не сакам и готово, неможе никој да ме натера да ги сакам како што тебе неможе да те натера никој да ги сакаш и почитуваш таквите како мене.
Дангел секој има право на воздржаност . јас не знаам кој е тој хук и не ме интересира , не ме интересира и што рекол и како рекол .... Дали сега тоа би ме правело дека го подржувам што рекол без да знам што рекол ? Не.
Мислев дека си има проблем тој што го пишува тоа, ако претерал нека се банира. А што проблем имаат оние што за една навреда со години подоцна го бараат членот во секој трет новоотворен профил?
Мене ми е смешно што на јавен форум вие елаборирате за демначи. И онака само едно "катче" е скриено, сите останати мислења се јавни. Без да направи профил, секој може да ги чита мислењата. Членовите сами одлучуваат дали и кој дел од својата интима и приватност ќе откријат. Tуку друго сакав да кажам во врска со навредите. Јас во една прилика бев навредена од една членка, пријавив, мислењата беа избришани, ама членката не беше банирана. Можеби била предупредена, ама за навредите кои беа упатени кон мене, реакцијата на модераторите беше премногу блага. Во друга тема бев навредена од член кој е величан од многу членови кои имаат долг стаж на форумов, мислењето доби многу лајкови а реакција немаше. Одговорно тврдам дека никого немам навредено, ниту јавно, ниту во лп. Не ставам при срце навреди од некоја личност која не може да сконта одредени работи, ниту пак премногу сериозно го сфаќам форумот, ама дека не сите членови се третирани исто, со тоа се согласувам.
@Bridget, колку што разбрав, никој не вика дека Халк е реинкарниран туку Петра не престанува да плаче по него откако е баниран и моли за негово од-банирање.
@Vitaly по стоти пат, навреда и сексуално вознемирување не е исто. Необразован е навреда, мивка и курва е сексуално вознемирување
Безразлика, и тоа и тоа е навреда. Ако треба да сум јас баниран треба и другите што навредиле. По која основа ја мериш тежината на навредите?? Мене навредата ми претставува вознемирување и што сега? И престани да ме означуваш, ниту те спомнав некаде ниту те означив.
Повторно и повторно хулк халк !!! Се работи за оние што провоцираат , исмејаваат , во лп откриваат идентитети , наседнуваат други , за со цел да ги банираат тие што не ги "сакаат" на форумов. Нивните матни работи ги затскриваат а други наседнуваат , работата е што сите ги знаат нивните црни матни работи и превише се толерираат . Спешалке одговорими на следново прашање : Дали ти ја пријави Викторија?
Е! Земи прочитај малку, можеби ќе сфатиш. А и што се чудам јас, за повеќе од пола од девојките и шамарот од дечко не е насилство...
@Justicija јас ја пријавив викторија. И колку што знам не е банирана, само предупредена. Сама одлучи да не се уклучува веќе.
Не, не смееш (одвоено) никого да нарекуваш мивка. И не смееш маргинализирани групи да ги нарекуваш отпадоци од општеството и слично. Не знам уште колку пати и со колкав фонт треба да се цитира делот од правилата на форумот за дискриминација и говор на омраза. Јас лично никогаш те немам наречено неписмен и необразован, туку само дека постовите ти се далеку од логиката и фактите. Тоа не е навреда. За тоа дека лажеше еднаш за годините што ќе кажеш? И не ми ги спомнувај Дарко и Пријателот, едниот е баниран, а и двајцата ми се пример за невоспитаност. Ич не ме интересира што сте имале, не си многу подобар од нив. И не, не сме копале по никои профили за Витомир. Не од авион, од Вселената е видливо и очигледно за сите што го памтат, аман. И очигледно не се ни брани, си вергла семе синапово фразички.
Го посочив како еден од низата... Не ми фали, не се секирај. Не се надевам дека ќе биде од-баниран, зошто форумов веќе подолго време не функционира по правила. Кога на чет ги вреѓа некој , одма Реин, а кога они оговараат и делат профили, никој не превзема никаква мерка..