Затоа ти ја пријави ? Знам дека не се поднесувавте , и знам дека чекаш ситница за некој што не го поднесуваш да го пријавиш и да бараш бан .
Немам кусо памтење и до детали се сеќавам на секаква ситуација во која сум била присутна како читател. Затоа можам сега слободно да се чудам какви патолошки лажговци постојат.
Сте слушнале за дрвен Адвокат?Еве @Someonespecial ти е типичен пример за тоа,многу е чудно што кај сите бара влакно во јајцето а сама не се гледа и чита какви гадости пишува тука за другите членови,барем да имаше некоја поента,вака само вергла во празно,толку критикува што ке помисли човек дека фемина е нејзина фирма,и сега како газдарица ке исправа криви дрини и ке докажува тука кој е виновен а кој не е. Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат.
Кримсон знаеш дека немам ништо против тебе , но некои работи не ги знаеш ... На некои им е дозволено да наречат некој психопат и само ке им биде избришано мислењето а некои ке добиат доживотен бан . За ова зборувам од прее , не се толерираат сите исто и еднакво.
@Someonespecial не ми пишувај во Лп изјасни се тука, јас не те замарам ти си таа што се замараше со мене. Гледаш дека не е убаво и кога тогаш ќе се наврти на тебе. Патем јас тебе не сум те навредила и не пишувам по ЛП ако не сум виновна за нешто.
Мислам дека малку си грешка во врска со пристапот до личните пораки или пак може јас не те разбрав што сакаш да кажеш. не би требало никој да има пристап до туѓите лп освен ако еден од соговорниците не препрати на некој..
Ако уште живееш на школо, нема проблем. Во свет на возрасни, само редно е да се пријави кога нешто не е во ред во нечии очи. Има навластени да одредат дали тој некој е навистина во право или не. Тоа што не е во ред - мора да се среди. Дури и некој кој до вчера ми бил мил, ако денес јади тоа што не треба и заслужува бан - само е фер и праведно да го добие.
Јас сум админ на друг форум и имам пристап до личните пораки. Мислам дека и тука имаат пристап админите но не и модераторите.
Извини што се мешам. Ами да не гледаш на графчиња? Од кај знаеш кој го притиснал копчето пријави? Не се мачи со мене Џастис, јас сум тука само за сеир. Ма тука прочитав дека членови копале по лп на други членови, и така откривале идентитети, па се прашувам како е тоа возможно.
Ај некој од модетаторите ако има информација дали е тоа точно нека каже, да не ја замарам Реин зошто сепак жената има и таа дете и свои обавези ве молам. Ме интересира зошто имам кажано приватни работи по лп кои реално ако би сакала повеќе луѓе да ги знаат овде ќе сум ги кажела.
Прашањето не беше поставено до вас . Членката што ја посочив може сама да ми одговори , и без нејзините пријателчиња . Како што рековте не би требало да се мешате .
Зборувам за форум на кој јас сум админ. На фемина не сум сигурен но претпоставувам дека може. Затоа пазете што пишувате во лп, може некој неочекуван член да стане админ па да го злоупотреби тоа. А и некои информации на форумов се толку незаштитени што хакер почетник може целосна контрола да превземе.
Не е точно. Кажано е повеќе пати Реин може да види порака САМО доколку истата е пријавена од учесник во разговорот.
Не е точно.Бидејки кога го пријавував еден тролач што ми има пишано закани , на реин морав да и посочам све (и цитирања и мислења како ми бара да му пишам во лп) , ако би можела реин да ги чита немаше да ми бара такво образложение.