Да можеа модераторите/админите да направат да..двеве завојувани страни бидат една на друга на игнор (пошто самите никако да ја вклучат опцијата).. па, да не можат да си ги читаат мислењата... во најмала рака ќе сме поштедени од убивање на темите, какво се прави редовно. Од друга страна пак, тоа не не' поштедува нас од стандардното за нив „дебатирање“ читај, уќутување и спуштање на земја (демек), суптилно вреѓање,понижување, копање по нечии мислења и исмевање - у групњак од едните и.... искажувањето на мислења кои другиве не можат да сфатат дека не спaѓаат во слобода на говор. Ама, форум, јбг. Ко и надвор, и тука не има секакви и си се обидинуваме во групички и бодриме,поддржуваме...ма си газиме и мака си немаме.
Во една прилика пишав некаде, а сега ќе се повторам - Форумот го прават членовите, а не администрацијата и модераторите. И ако нешто не му се допаѓа на некого, многу е полесно секој да се погледне самиот себе и да си го корегира сопственото однесување отколку сите да си тераат по свое, а да се очекува од модераторите постојано да воведуваат ред. Ви сметаат караници? - Не се карајте. Ви сметаат оговарања? - Не оговарајте. Ви сметаат одредени членови? - Игнорирајте ги. Некој постира вознемирувачка или непристојна содржина или на друг начин ги прекршува правилата на форумот? - Пријавете го. Едноставно е, навистина. Мислам дека повеќето го занемаруваат значењето и смислата на поимот „форум“. Форум не е само место за дружење, туку и за размена на мислења, дискусија и спротиставување на ставови Ако сте го искажале вашето мислење или став на јавен форум, сосема нормално е да очекувате дека ќе се најде некој што не се сложува со вас или некој кој ќе се спротистави на вашето мислење. Ако сакате да си го браните ставот - дебатирајте, на пристоен и културен начин; ако не сакате - немојте. Одлуката за она што го пишувате на форумов е целосно во ваши раце и смешно е вината за вашето однесување да ја барате кај некој друг - член или модератор, сеедно. Нереално е да очекуваме некаква форумска утопија (или дистопија ) во која сите ќе се сложуваме меѓу себе, ќе размислуваме исто и ќе имаме исти ставови. Различностите се една од убавините, а не маана на форумов. И се' додека тие различности ги искажуваме на начин кој е во согласност со форумските правила и основната човечка култура, тоа е океј. Спојлер: DISCLAIMER Мислењево е одраз на моите лични ставови како член, а не како модератор на форумов, бидејќи тоа и не сум, веќе извесен период. Она што можам да го потврдам како некој кој членувал во сегашниов модераторски тим е дека меѓу модераторите и во самиот начин на модерирање никогаш немало никакви привилегии, предрасуди или поинаков третман кон ниту еден член, без зависност од неговиот „статус“ или стаж на форумов.
Решив да го пишам постот и покрај тоа што веројатно ќе испаднам некако крива на крај, зашто секако нема решение за сите да бидат задоволни. Вие имате лични проблеми, веќе да си ги решавате по лични пораки и искористете ја опцијата игнорирај. Во тие ваши лични проблеми нема да се мешам, ќе се повторам само нешто што и минатиот пат го кажав. За банирањето упорно овој бил баниран, оној бил, а не требало, а таков нема. Секој направил нешто со што заслужил бан. Да не кажам колку е бесмислено тоа "барање" на банови, демек сега ќе рече некој овој треба да биде баниран и навистина тој ќе биде, а си ги почитувал сите правила. Во овие осум години ве уверувам дека такво нешто не се случило. Викторија откри личен податок, (требаше да ја пишам во листата на банирани и причината, сум изумила) @Justicija тоа и ти го пишав во пораката, а ти рече штом е така заслужено е, сега тука некоја друга прикана вртиш, што не можам да разберам, но добро, твое си е. Никој не ја "накодоши", да не навлегувам колку смешно и детски звучи тоа, да се бара кривец за нешто што таа направила, влегов на чет и видов што се случува. Дури и да ја пријавил некој ќе било сосема исправно, ако кажала за еден ќе каже и за друг, таквите работи треба да се пријават и не е тоа никакво кодошење. За издавање лични податоци следува веднаш бан, нема зошто и како, веќе е кажано и работата е направена. За личните пораки не знам од кога се збори тоа, по пораки податоци се пренесуваат, вака-така, а ниту еднаш не била пријавена таква порака. Ако се пријави таква порака исто така ќе се реагира. Се истите апстрактни муабети се вртат, истите препирки, верувајте веќе на сите неинволвирани им е здосадено. Сите сте биле предупредени или банирани за овие работи што упорно ги нафрлате тука. Беа банирани од темата за која @Vitaly се буни дека не било ништо преземено и @DAngel и @Someonespecial , и пак сите сте тука за упорно да ги повторувате истите работи од двете страни. Тоа мислам навистина говори за толеранцијата. Можеби следниот пат нема да ја има и кога вака ќе почнете да се расфрлате со навреди сите ќе бидете малку на принуден одмор. Да не зборувам за навредите и нивното пријавување и ај сега да видам дали тебе ќе те избрише, па другите, не јас сега ќе пишам пострашна навреда да видам дали ќе биде избришана. Сериозно? Пак ќе кажам, нема решение, освен една страна да биде банирана, па другата да биде задоволна, а тоа нема да се случи додека нема прекршок за бан. И ако продолжите да провоцирате и навредувате ќе следува бан и за тие и за тие. Исто како што беше на четот, јас навредив прва, ама он мене повеќе ме навреди. Ајде луѓе, па немојте такви работи, мислам веќе треба малку да се смири топката, ете гледам сте кажале сите сè што имате и доволно е со истата дискусија. Исправајте што ви се искривило во пораки, надмудрувајте се, игнорирајте се, не сте обврзани да зборувате едни со други.
@RainBow тој мене не ме навреди, сексуално ме понижи. Толку. И стојам на тврдењето дека секој што не реагира на сексуално вознемирување и индиректен подржувач на истото. Мислиш не ми пишаа и АДОКИ и витали лп и вчера и денес? Игнорирав и не одговорив, навреди и провокации игнорирам, ама сексуално вознемирување нема да игнорирам никогаш.
Затоа и тој е баниран и предупреден пред перманентен бан доколку само уште еднаш се испушти нешто такво. Ти за промена би можела да престанеш да го прогонуваш каде и да напише мислење и да го напаѓаш. Стави го на игнор ако не можеш да го читаш.
Јaс зa мoдерaтoрите пoвеќе дoјдoв дa укaжaм декa тие се глaвните винoвници, тие се тие штo имaaт мoќ дa бришaт и бaнирaaт и oд нив зaвиси мнoгу кaквa ќе е и кaквa е мoментaлнo ситуaцијaтa. А oни зa едни се кo спешлкa, бришaт зa глупoсти нaвoднo зa мир вo светoт, зирo дискриминaцијa и тaкви ствaри, a зa други...пa мoже се и сештo. И не збoрaм зa себе, мене знaм декa нaмернo ми прaвaт и знaм и зoштo (хинт -oпсесијa сум им, не знaм сaмo дaли еднa или пoвеќе се зaљубени вo мене пa кo штo педер не сaкa дa признaе и нaмернo вреѓa и дискриминирa педери, тaкa и oвие ) Бендер не е тaкa еднoстaвнo, aкo не сaкaме кaвги дa не се кaрaме и oбрaтнo. Спешл пример вели декa не сaкa a едвaј чекa приликa дa нaјде некoј сo пoстaрoмoдни мислењa зa дa си јa искaже свoјaтa либaрaлнoст oти нели тoa денес мoдернo е. Јaс еве aкo сaкaм кaвги кaј дa oдaм? Имa теми зa кoј кaде сaкa тaму дa пушувa и тoa сo нaтписи -тукa сме женoмрзaчите, тукa пoзитив вaјбс и сличнo? Сaкaш дa кaжеш декa кaј кoлешките твoи не приметувaш пристрaснoст и нефер пoтези? @Bender Rodriguez
Нека ме стави и мене, пишав ама ќе пишам пак. Наместо да ме цитира и напаѓа постојано, нека ме игнорира и решен проблем. Ама очигледно не сака да се реши туку сака да ме провоцира.
Уште нешто околу банирањето. Мислам дека барем едно ЛП со на колку време сме банирани би било сомема коректно на пример, за темата на витали, 3 дена појма немав дека сум банирана. и сега, појма немам на колку време сум банирана.
Утре ќе истече банот, во право си, се извинувам. Ќе ја ставам темава под клуч до вечер, некое време истото веќе се зборува, а мислам треба малку да дишеме и да се смириме. (Иако знам дека не го сфаќаме сериозно форумот, сепак е само форум нели, и сите имаме животи). Ама сепак, до вечер може да се оладат главите.
Пишав во тема донираме средства за оние на кои им се потребни, ке пишам и овде.. Во темата што ја спомнав, бокаче не намерно го открива идентитетот на чадорче, иако многумина знаеме која е сепак не е коректно, предлагам да се избрише информацијата и да се внимава во иднина. Тоа што е почината не ни дава право да ја откриваме.
Имам забележано неколку пати кога некој ќе ме означи на пост не ми стигнува известување за затоа, знае некој зошто ?? И еден предлог од мене , темата вашата шминка низ слики да биде во скриено катче
Зошто некои коментари ми се променети од модератор? Во мислењата нема никакви навреди, а се менуваат. Подобро да го избришете целосно отколку вака. Искрено да му се одмили на човек да коментира. И затоа некои членови не пишуваат веќе,баш поради овие причини.
Го поддржувам предлогот и ќе додадам уште еден. На пример скриеното катче да биде заштитено со лозинка, имам видено таква опција на друг форум.
/|\ Ќе ја дознае лозинката некој лик кој не треба да ја дознае лозинката, таквите работи се шират брзо. Него искрено не можам да ве сфатам (тука не говорам за тебе зошто мислам дека ти тоа го немаш направено) туку за другите од форумов. Од една страна се трудите со сила извадена од петни жили да останете анонимни и гледате никој да не ви го дознае идентитетот а од друга страна постојат вакви теми на форумов каде (пази на интернет) објавувате слики од вашите лица. WTF, мислам. Па подобро договорете се по приватна порака да се најдете некаде и разменете си мислење за шминката и што ти ја знам не отколку вака. Јас можеби се мешам сега таму каде што не треба, извинете вака искрено, ама чисто добронамерен совет зошто после Цацко ви е крив што некој ве знае. Извинете ама логиката не можам да ви ја сфатам.
Одредени членови имаат огромни потписи, човек мора да оди на страна 2 за да дочита мислења. Еднаш сум ставила огромен потпис и никогаш повторно бидејќи само што го ставив веднаш ми рекоа да го избришам, а сега со денови стои потписот на одредени членови и никој не бере гајле за тоа. Дискриминација.
Како што кажа членот така мислам и јас дека брзо ќе се дознае лозинката... Мене одамна ми има текнато за предлогот што го кажав. И премногу сакам и сметам дека таа тема треба да биде во скриено катче како и сите други каде што се поставуваат слики што можат да го откријат идентитетот а и мислам дека повеќе членки би ставале слики доколку е во скриеното катче... Јас често пати ставам слики, не ми смета што ќе ме препознаат (повеќето што ќе ме препознаат почнуваат да ме следат а и јас ги препознавам лесно ) Јас свесно ставам слики секаде низ темиве во кои учествувам . Мислам дека предложив предлог кој треба да е подржан од повеќето членки и дека ќе биде реализиран