Морам да прашам ЗОШТО ми е избришано последното мислење на тема Врска со оженет, каде што наведов ќе има некоја што имала или има врска со женет како што ги именуваат како ''наша банкарка'', ќе има очајни домаќинки, ќе има неутрални и сеирџики??? Какви навредливи мислења и оф топици се прават и се уште стојат на таа тема така да мoјава констатација по кој критериум забоде очи а?. п.с.@Dust а ти си била. Шу е ова работа? Ништо навредливо немаше во мојава констатација. И без неа вакви ко најбројаниве ќе(не)има. Сепак поштовање што ја затвори темата,ама и санкции да имаше нешто а? Има(имаше)ликови кои намерно одеа оф топик колку и да беа предупредувани дека само ви отвараат работа на вас модераториве.
Не ми се допаѓа што мое мислење е избришано , ништо лошо не сум рекла. Аман бре еднаш ќе пишувам веднаш ме бришите. Затоа никогаш ништо не пишувам. Сакав неколку пати да го избришам профилот ама тоа е невозможно. Само имам една забелешка за овој форум, зошто во скриено катче дозволувате слики од деца да се ставаат што ако тоа го гледаат педофили. Против сум ставање слики од деца било каде. Не знам што напишав за да ме избришите, само на банкарката и одговорив како мојот маж ќе постапи ако сретне таква, значи ќе ја испцуе и и ќе ја понижи. Не сака такви лесно жени. Добро што ја заклучивте и темата. Ако сакате и банирајте ме и трајно. И така не влегувам често на овој форум. Поздрав.
Санкции веќе има. Почнувајки од Бриџит па нагоре. Темата ќе биде отворена кога ќе биде целосно прочистена. И тоа нема да биде во следниве 60 минути, во случај да ги интересира останатите Не можам јас да бришам а други по мене да ги пишуваат истите работи. Срамота е во цивилизирано општество да не се почитуваат опомени. Некој опоменал затоа што се претерало, опоменав и јас и Реин ама очигледно требаше санкции од почеток, не само опомени. Ова последново не се однесува на тебе. Општо за темата.
Ок јас не се лутам и за мене да ти е замерката ако е на место. Може да ги споделиш санкциите чисто како пример за другите кој ќе се дрзнат и по цивилизирани примедби да престанат со тоа однесување и пишување тоа па тоа,полно со навреди и осудување да знаат дека ова е сериозен форум и следи тоа и тоа.
Бидејќи си нова, веројатно не ги знаеш правилата.. и само затоа што си нова, ќе ги повторам .. Опомена Бан од тема на одредено време Бан од тема трајно Бан од форум на одредено време Бан од форум трајно .... ...по заслуга Пријатен престој на Фемина
Ама ти ептен имаш мерак некој бан да дадеш гледам јас... Според мене не ти е коректно однесувањето на темата која ја заклучи. Излезе од контрола и прерасна у огромно безобразие и навреди, ама најмалку што треба е да дојде модератор и да се однесува како шамари да дели ко грујо на жерновски. Мислам... нивово... Колку и да беа безобразни постовите не се мали деца за да така им се обратиш од една страна, а од друга страна според мене ова е презентирање на сила. А накалеменоста према одредени форумџики особено се чувствува откако во модераторскиот тим се одредени форумџики. Вие си знаете... сугерирам зошто реално се чувствува. А и пак ќе речам, некои муабети од типот оваа не ја можам, таа не ја можам одамна прават да не се осеќа убаво човек да пишува. Се скубале малку големо чудо... ќе избришеш и тераш даље.
А извини вака што ќе упаднам јас ако смеам да те прашам а да не помислиш дека и јас тендециозно прашувам. Нели Бриџит постојано одеше оф топик и по предупредување на Даст и Реиин? Тоа ок е на таква тема? Ко малине деца,100пати да му кажуваш што е во ред а што не,а возрасни ѓоа лица сме.
Не зборев за тоа. А имаше и поголеми навреди од боцките на Бриџита, неа не знам ни дали ја дочитав на секое искрена сум. Оди прочитај види Реин како се обратила да видиш на што мислам на спроти ова банови ќе летаат.
Ништо не си пропуштила што не си ја дочитала. Имаше,имаше и затоа има и санкции,а има и контрареакции какви и да биле на Даст или Реин(јас мислам дека се и претолерантни)
@Bridget добила бан од форумов до април 2018 заради коментарот, т.е навредата за тој што и го избришал мислењето, кое не ни беше нешто посебно безврска Ама банов до април..е безврска
Значи кога модератор ќе добие навреда, членот добива бан од 3 дена од цел форум, а кога обичен член е навреден, тогаш членот кој претерал добива опомена. Да нагласам дека навредата упатена кон мене беше исто така сериозна, неколку мислења по ред беа директни навреди, а модераторите само ја опоментаа членката и доби бан од темата, што патем и не е којзнае колку сериозна санкција.
Некој сега пука шампањ за банот на Бриџит, а неа баш и е гајле. Бриџи си е Бриџи.  Некако откако се ставија нови модератори се отиде. Темата +- 40 не можев да ја дочитам, сега едвај 4страни. Некој толку сериозно го доживува форумов, се соживува со се тука, стварно не можам да разберам...
Воопшто не станува збор дека за модератор се работи. Туку и покрај предупредувањата не престана со навредите, а тогаш и нема што друго да се направи, освен краткотраен бан за оладување на ситуацијата. Инаку немаше да има бан од цел форум.
А што па како некои диктаторчиња се заканувате, ќе следеле санкции, ќе следел бан, мислиш крај на светот и толку им пресудивте во животот, мислиш утрото не ќе го дочекаат, а не можете мирно да бришете офтопици и да банирате? Смешно делувате со опомените, никој не ви се плаши, ова е само форум, виртуелно
А како мирно да банираме без предупредување? Потоа нели ќе биде ме банираа од чиста мира, ни ме опоменаа прво туку директно бан? Не мора да одговараш, знаеме сите дека така ќе биде. Воопшто не е целта некој да се плаши, ниту мислам дека некој и се плаши, баш напротив, гледаме секогаш да сме културни и коректни. Се извинувам доколку некаде имаме пропуст. Предупредувањата и опомените се само алатки да се запази редот и да бидат информирани членовите кога прекршуваат правила. Инаку без ред знаеме колку навреди ќе има и оф топици, па ќе трпат дискусиите и членките што мирно дискутираат. Како што еднаш една членка ми рече, ние сме само метларки тука. Добра ноќ.
И во мојата ситуација беше речиси идентично. Не една навреда, туку во 4-5 мислења по ред јас добив навреди, и покрај сите предупредувања членката продолжи да ме навредува и најверојатно доби бан од темата, па ситуацијата се смири. Во сосема ист случај, само овој пат за навреда кон модератор, наместо бан само на темата во која се дискутираше, Вие дадовте бан 3 дена од цел форум.