Зошто мислите дека некој има привелегии за разлика од останатите? Пријавувајте ги навредите. Модератори не можат да дремат на секое едно мислење нон стоп. Нормално дека е можно нешто да биде пропуштено. Јас колку што ја разбрав ситуацијата, сосема се соодветни санкциите. Не станува збор за релација модератор-член. Ами веројатно за тежината на престапот, мерена со број на навреди и број на опомени.
Во мојот случај санкцијата не беше иста. Бев навредена во неколку мислења по ред а членката доби бан од темата во која пишувавме. Во овој случај модераторот беше навреден и членката доби бан од цел форум на 3 дена. Ме интересира зошто сега саква санкција, а кога јас бев навредена, "казната" беше санкција од една тема? Ги пријавив јас мислењата, истите беа избришани речиси веднаш, тука нема збор, модераторот веднаш реагираше. Сигурна сум дека членката која ме навреди била опомената ама сепак прдолжи да ме навредува. Не ми текнува во која тема, ниту ми текнува кој модератор ги избриша мислењата, не е ни битно.
Клучниот збор, речиси идентично. Да продолжела членката ќе било исто, а не речиси исто. Затоа едната што се смирила не добила бан од форум, другата да, продолжи и во други теми да пишува. Каде било ова патем? За тебе што и да напишам нема да биде прифатливо како одговор, едноставно место да прашуваш и да чекаш одговор кој секако нема да биде по твој ќеиф пиши си забелешка. Некогаш се случува да заостане некое мислење, и најчесто е истото пријавено, па се средува и тоа. Сепак и ние сме луѓе, грешки се случуваат.
Izvini, so sakas da kazes? Ti neso se obiduvas da me navredis, da bides ironicna ili sto? Jasno e deka prasanjeto ne ti odgovara, ama so taa titula moze malku pokulturno neli?
Воопшто не сакам да те навредам. Одамна веќе не го практикувам тоа, не ми доликува. Кажав дека ти веќе мислиш дека ние селективно бришеме и што и да напишам јас нема да те разубедам.
Да, идентично, затоа што јас не сум модератор. Не се доволни навреди во неколку мислења по ред? И во мој случај членката продолжи да пишува во други теми, не ме навреди, ама продолжи со провокации. Не ми текнува на темата, не ми текнува ни кога точно се случи тоа, паметам само за која членка станува збор. Инаку не беше битно што некоја членка ме навредила, ниту тогаш не придадов значење, ниту пак сега, и онака сите мислења се избришани. Проблемот е што не сите се третирани исто, а овде се трудите да објасните дека сте фер и дека исто ги третирате сите.
Епа ете, реков џабе се докажуваме. Не било ваков случај во тоа сум сигурна. Ова беше пиши бриши случај, ние бришеме, членката упорно пишува, па затоа доби краткотраен бан. Сега во твојов случај и таа продолжила, а еднаш се смирила, па и не ти текнува. Бан од цел форум не практикуваме кога има расправии во теми, колку навреди бришеме секојдневно само, ако директно банираме од цел форум којзнае форум дали ќе имаме. Само во екстремни случаи доаѓа до бан од форум, особено перманентен. Пиши ми кога ќе ти текне каде било, вака сепак на празно збороме.
Точно, џабе се докажуваме, сепак на крајот ќе остане дека Вие сте во право. Всушност, не ми е целта да се докажувам, како што реков, воопшто не е битно што во некоја тема, некогаш, одредена членка ме навредила. Да сум сметала дека има потреба од драми, јас тогаш ќе сум реагирала. Сакав само да напишам дека мојот случај не беше помалку екстремен од овој сега, ама вашата постапка не беше иста. Само да дополнам дека убаво пишав, престана со навреди, ама продолжи со провокации во друга тема. Ти самата рече дека во овој случај, членката продолжила и на други теми па затоа е банирана, јас само дополнив дека така беше и во мојот случај. Да не заборавам да кажам дека таа иста членка, сум ја читала и во неколку други теми, каде што има навредено и други членки. Сите мислења се пријавени, истите модераторите ги бришат, ама периодично членката навредува а нема никаква сериозна санкција (пример, бан од цел форум на неколку дена) барем не колку што сум можела да забележам. Последно пријавив мислење во темата за Паричен надоместок за трето дете од истата членка.
Мислам дека до нас членовите е вината. Вреѓањето е одраз на нашата култура. Собрани сме најразлични карактери, а модераторите треба да изиграваат дежурни полицајци и да не смируваат. Зошто една дискусија да не може да се одвива без навреди? Последно што беше актуелна темата искрено јас да сум модератор сите би ги банирала. Се водеше борба кој повеќе ќе навреди. На сите понекогаш ни стапнале на некој живец и мене ми идело да навредам ама не си дозволувам да се спуштам толку ниско. Не би можела да навредам некого кого не познавам. Сите фини сме и ја покажуваме само добрата страна се додека не дојде до некој инцидент за да си го покажеме вистинското лице. Модераторите треба да бидат објективни за сите исти, без разлика за кој член се работи. Освен за мене.
Те бива дефинитивно за политичар, навреди од типот на глупава, проста или грда наменети кон модератор-санкција бан, а во политичкине теми навреди од типот на психолошки пореметени и други ментални дијагнози заврши со затворање на групата под клуч а главниот иницијатор го “опоменавте” неколку пати, така да мачкање очи поминува само кај новиве членови
Затоа што мк народ е премногу суетен . Ако размислуваш поинаку од некого ке бидеш нападната како од глутница волци , никој не го прифака тугото мислење ако е спротивно од нивното.
Zosto ne mi stignuvaat izvestuvanja za site temi sto gi nadgleduvam? Za nekoi temi mi stignuva, za nekoi ne
Мислам дека ако не си отворила некое известување од темата што ја следиш претходно, не стигнува после тоа.
Јас да си прашам, модераторот што ми го избриша името во темата за изостаноци, не можеше сите офтопици да ги избрише? Или сега станавме и толерантни кон рандом тролови? И јасно ми е дека само реин може да банира, а веројатно не е уклучена, ама некогаш за такви ситници се бришат мислења, ми се има случено да ми редактираат мислење затоа што сум спелувала лошо име, а ова си седи повеќе од пола саат.
@crimson Реин успеала да одвои време да ти го избрише името, бидејќи и она е човек како сите останати членови со свои проблеми и обврски, другите мислења кои беа за бришење, а можеше да почекаат ги оставила да ги избришам кога ќе се уклучам. Имав проблем со интернетот на мобилниот и ми требаше повеќе време да подзачистам во темата. Бидете трпеливи.
Се разбравме со реин. Мислев дека ти бришеше, па ме интереираше зошто останаа други офтопик мислења, а и цела тема генерално, затоа што очигледно дека е трол. Плус, не беше ни целосно избришано, затоа што во цитираните мислења си стоеше како претходно. Небитно, се надевам дека сега е средено