Лејдицата пак има огромен потпис. Па гзови на фемина и тоа голи. Пак дозволувате? Да знам да си ставам и јас ако не.
Здраво до сите, е сега вака (ова е здраво и до тие кои не можат да ме читаат но и до тие кои ме читаат исто како и до тие кои не ме сакаат зошто сум притиснал „ми се допаѓа“ опција на некое мислење кое на мнозинството не им се допаднало и.т.н.). Имено би сакал да ги информирам членовите и членките од тука дека пред два дена профилот ми беше на мета од некој (или некоја) која сакал (или сакала) да се најави, но личноста не ја знаела лозинката па профилот беше привремено блокиран поради премногу неуспешни обиди. Без разлика, можеби бил некој со добри намери, можеби бил некој со лоши намери, како и да е ѝ се заблагодарувам на личноста за покажаниот интерес спрема мене. Како и да е, не се сите како мене и тоа го разбирам и затоа апелирам до сите кои имаат здрав разум да си ги сменат лозинките и да отвораат очи што е можно повеќе зошто искрено има и луѓе со лоши намери, па луѓево се спремни на сè и сешто, мислам ова е форум да се разбереме се зачленуваат и такви кои имаат за цел да му наштетат на некого. Како што реков, некои ме сакаат на форумов а некои не ме сакаат но сеедно, имам здрав разум и колку и да не се согласувам со некоја личност никогаш не би се осмелил да се обидам да му наштетам на некој. Јас ве известив зошто сметам дека тоа ми е должност, а вие како сакате правете. Ако има и некој друг ваков случај го охрабрувам да го пријави на администрацијата на Фемина форум. Срдечни поздрави, Крст
Крсто, нас ни хакираа инстаграми, а не па тука да не пробаат.. И не прашувај како знам дека е некој што чита фемина..мејлот што го ставиле содржеше збор фемина..и ред други работи Абе смешки, некои луѓе дефинитивно треба да пораснат не знам кои се, ама ете.. нека пораснат Не се замарај многу со ова, секако не може ништо да се направи..
Без разлика Даст, јас си кажувам само што забележав и сметам дека ми е должност да ги известам луѓето да пробаат ако ништо друго да се заштитат. Јас воопшто немам злобни намери, ама ете, да си споменам само а како тоа ќе го сфатат другите тоа си е нивно.
А што ако всушост ти им ги хакираш профилите на сите членови и сега лажеш дека и тебе пробале да ти го хакнат за да не те откријат? Се зезам Крсто, убаво што предупреди ама тури им пепел на такви. ..Гревчиња без работа.
@Mishela не знам зошто си ми го избришала мислењето во вашата шминка низ слики кога ти јасно стави до знаење да не се ставаат слики со бјути фејс. Плус ништо немаше навредливо. Модерираш ама не како што треба туку како ти одговара. Плус и други членки пишале за истото и се стои. Многу лошо модераторство, со тоа докажа дека воопшто не ги следиш правилата кои самата ги постави. Следен пат кога ќе ми избришеш мислење наведи ја причината, оти мене кога ми дале замерка очигледно ти годи да има такво нешто, само јас немам право да го изнесам тоа што го мислам. И не само членката сите други користат бјути-фејс ама ти тоа не го забележуваш или го забележуваш ама си прогледуваш низ прсти оти така ти одговара. Ако дадам замерка се брише, ако ми дадат се стои, браво ептен модерираш. Седи 5ка за тебе.
истото скроз и мене ми се деси во истата тема кога ја прашав loveme дали користи фотошоп?.Реално од километар се гледа дека лицето е целото исчистено преку апликација .Еднаш дури и дел од образот и фалеше од што беше пеглано лицето.Меѓутоа и мојот пост се избриша одма.
Прво, не е една модераторка на темата, туку се три кои се консултираат и соработуваат. Второ, навистина се трудат некако да ја средат темата и да бидат фер, дури и кога не ви делува така, но едноставно колку и да се трудат, во темата се продолжува исто. Ќе пишам во темата сега.
Прво немаше ништо навредливо во постот. Второ искоментирав и за шминката на друга членка. Магично се избриша, епа ајде и на другите нека им се избрише сето мислење, да ставаме слики и да ќутиме.
Izvinete neznam dali praseneto e za ovaa tema pa sakam da ve prasam kako da si go deaktiviram profilot ovoj sto mi e
Замоли ја @Lella да ти ги избрише 15те пораки што си ги пишала. Па повели пак во иднина со ново корисничко име