Еве јас ти пријавив мислење од денес што си го пишала во темата Бадник каде што постираш некаква си слика и под неа одговараш на претходно поставено прашање „Ќе ти пораснат рогови„ (ако јадеш риба) Значи ти или имаш премногу слободно време или си имаш некаква мака па мора да се закачаш на секоја тема со секого на форумов. Засегнатата модераторка Lella не смета дека мислењето било офтопик, а тоа Е офтопик и бескрајно нерелевантно за темата Бадник. Што заедничко има Бадник со роговите од твојата слика што си ја постирала таму? Ако имаш проблем/конфликт со верници, си атеист или што те знам - по убедување, едноставно не мешај се во теми со предзнак религија.
Што имаше лошо во моето мислење @Dust ? Можеби стварно човекот плука од уста ... Таму каде што си мод. си прават муабет а ти мене ми бришeш едно мислење...
Се однесува на мислењето на DAngel во темата Бадник. Извадок од правилата на форумот: Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. (На пример како постирање на слика со нејасна содржина и коментар под неа „Ќе ти пораснат рогови“ од страна на DAngel. Шо не се отвори на пример катче за малолетни или членови шо се осеќаат малолетни, или нека идат во теми каде и онака никој нема сериозно да ги сфаќа, хумор, сатира и слично ) Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Модераторите имаат право да преземаат соодветни мерки за да санкционираат нечие однесување што пречи на дискусиите во темите или на друг начин влијае негативно на форумот, дури и притоа да не е прекршено ниту едно од горенаведените правила. Kaжано е се.
Сметав дека прашањето од членот е поставено со цел да се "руга" православието. Ако ги следиш мислењата на членот ќе знаеш дека сум во право. Мојата слика е поставена како саркастичен одговор на неговото исмевање. На сликата се исмева НЕГОВАТА религија. На сликата е претставен ѓаволот како "свири" преку Мартин Лутер. Не сметав дека како православни, ќе ви смета ако некој ве брани. Очигледно побитно ви е да напаѓате некого, наместо да ја согледате поентата зад мислењето. Баш застанав во одбрана на православието во тоа мислење, макар и на саркастичен начин. Тоа што сликата за тебе е со нејасна содржина само значи дека имаш уште многу да учиш за религијата. Не сум атеист, напротив, верник сум.
Воопшто не ми е гајле во која улога реплицираш со такво мислење и на таков член. Таман работа да почнам да ти ги анализирам мислењата па да стигнам до заклучокот што си и од кај доаѓаш. Тотално нерелевантно! Тој што го спомнуваш е прочитана книга. За него важи „please do not feed the troll“. Погоди зошто е и тој самиот на темата на која што си отишла и ти. Во секој случај мислењето не ти е на место, а уште помалку и неговото прашање. (за жал за него знам од кои побуди ги пишува мислењата) И ако така се бранеше православието, wow...
Are you talking about me? Don't be afraid to mention my name. It's not so sacred Дечки озбилно, олабавете малку на темите за религија. И престанете да глумите големи верници на форумов. На форумов не се практикува религија, ниту се напаѓа, ниту се брани религија. На форумов се ДИСКУТИРА за религиозни теми. И престанете да си ги присвојувате темите, демек оваа или онаа била православна и таму само православците смеат да пишуваат, а секое друго мислење или прашање се смета за крстоносна војна Едноставно, ако сакате да си правите блогови каде што никој не смее да ви пише коментар или да ви постави прашање под мислењето, бујрум блоговите се бесплатни: www.blogspot.com А овде на форумов, дококу сте емотивно преосетливи за да прочитате критичко мислење за одредена религиозна појава или убедување, или не дај Боже да ви биде поставено прашање, тогаш навистина би ви препорачал да не ги посетувате темите за Религија. Замислете на тема за политика некој да постави прашање „А зошто Груевски бегал во Грција?“ и некој вмровец да го пријави ова мислење и да рече „Ама видете овој ми ја напаѓа мојата политичка партија, се потсмева со мојот Груевски waaaaa Резиме: Форумите за Религија и Политика се за емотивно зрели личности кои можат да дискутираат на ниво, кои можат да се носат и со различни мислења и со несогласувања и без притоа да го примаат секое различно мислење како напад на нивната личност. И да, секако дека одмерени дози на невулгарен хумор треба да се толерираат. Тоа само им дава свежина на темите. Еве ја на пример ич не се навредив на сликата од @DAngel иако таа беше наменета за мене и многу си ги почитувам и неа и @Someonespecial и @Bender Rodriguez и @Lella итн иако имам различни убедувања со нив за религиозни теми и еволуција.
Насекаде на форумот, па и во Религија важат истите правила за бришење мислења. Мислењето се брише ако не е во склоп со темата или ако е навреда упатена кон некој член или специфична група луѓе. Многу едноставно на прв поглед, нели? Најчестите пријави кои ги добиваме се во стил: „не смее вака да пишува во православна тема“, „атеист нема право да пишува таму и таму“, „со ова мислење го навредува Бог, а со тоа и сите верници“. Да разграничиме, ова е форум, не може да очекувате дека никој нема да се спротистави на одредени верувања, да коментира за одредени идеали или да се исмее на некоја традиција, како случајот погоре. Не заборавајте, правилото важи дека ако некој член е навреден, исмеан или понижен, мислењето се брише. Ако некоја религија, верување, идеал, традиција е навредена, исмеана и понижена, нема основа за бришење. Зошто? Затоа што сите според правилата имаме обврска да го почитуваме правото на религиска определба, но не и самата религиска определба. Овде се јавува проблемот. По пријавите слични на гореспоменатите, најчесто испраќам лична порака со слично објаснување, па одговорот секогаш е нешто во стилот „но тоа мене ме навредува“. Ајде да направиме една споредба. Да замислиме дека Боки 13 има некој die-hard обожавател. Кога тој обожавател ќе ја отвори темата Македонски јавни фаци ќе се соочи со разноразни навреди кон него, понижувања, исмевања, што ти знам. Дали ако некој ги пријави сите тие, јас треба веднаш да ги избришам? Не, затоа што Боки е јавна личност, познат ентитет, кој не е член на форумов, подложен на сечии коментари, исто како Бог, Исус, Буда итн. „Ама со тоа што го навредуваат Боки ме навредуваат и мене, а и сите обожаватели на Боки.“ Тоа е проблем на обожавателите на Боки, а не на модераторот кој треба да ги избрише сите мислења, ако се води по личните, субјективни чувства на некој член.
Џабе се умилкуваш, нареден пат ко у политика така ко ќе се „испукаме“ за некој различен став - има тука да кренам револуција да те банираат Ние неверниците да не мислиш помалку јаки сме, мислам хелоууу... Се шалам, нормално... ете заради ова и јас секогаш сум те почитувала и сè уште те почитувам, иако у последно време повеќе пишуваш во теми на кои имаме спротивни ставови. Некои ликови сериозно треба да пораснат... не дека ми е „моја“ и најомилена, ама на Лела медал треба да ѝ се даде со што сè си има работа (сега сама и тоа) во религија...
Ама сфаќаш дека ти како модератор во Религија а воедно и атеиста се однесуваш ко Господ овде?Ау извини Господ не постои,тогаш како кралица и бришеш се што не ти одговара.Мислам ..исто ко мене да ме ставите па да си правам пиши бриши пошто сте вие атеисти или муслимани. Ставете малце прст на челото.Мене можеш да ме замолчиш еднаш или 2 пати ама мене кога ќе ми дојде преку глава ќе се молиш *ќе кажев на Господ ама ај ,да ме банираат.Пошто ја терам по свое, ми бришеш еднаш/два пати на третиот јас ќе ти најдам на тебе замерка. Мое годиште си не се поставувај овде према сите како 70 годишна жена те молам. А во последното мислење што ми го избриша во делот ,,не замарај" не гледам увреда бидејќи стварно не треба да замара со образлагање.Нити ја навредив членката нити ништо.А нема ни да ми се случи вакво нешто за твој инает да немаш што да бришеш океј?Ако нешто не ти чини скокај не. А за последново браво треба да поштуваш некој што е муслиман,будиста ова она а тоа немора да го почитуваш?Јас тебе не те терам да веруваш во нешто што не сакаш и мислиш дека не постои.Ама не ми барај образложение зошто верувам во Бог,зашто сум христијанка и тако даље.Мој живот мој одлуки.Така ако гледаш пола и повеќе луѓе во светов се определени за некоја религија.Дали треба вас атеистите да ве дереме до гола кожа и да ве реметиме? Ако си веќе толку начитана живееме во демократско општество, Македонија е воглавно христијанска земја, дали тоа значи дека вие сега треба да сте измачувани и да ви бараме отчет? Аман више аман.
@Feminka22 Дај бе биди реална. И моите мислења беа избришани, а само ти кажав дека ќе пијам кафе. Шала на страна, мислењата беа за бришење и нема селекција. Да имаше, моите мислења немаше да бидат избришани, по атеистичка основа. Оти со Лела таму ист став делиме. Иначе, многу е нормално да се даде образложување во мислење, особено ако тоа ти биде побарано во цитат.
Ти не викна на кафе Искрено твоето беше изван тема.А јас фино прашав, што сакаат атеистите?Да се симне Господ? И извини што ти реков да не замараш, да си исплакнам уста ајдеда не речете Феминка ваква таква
До кога ќе стои горе банерот за автоматско пренасочување кон темата „Форумџика на годината“? Форумџики се избраа, освен ако не се продолжи понатаму да се избира форумски Дедо Мраз. И онака имаше теми на форумов за Дедо Мраз... just asking.
Дали има можност да се пријави член кој буквалноо ти се нафрла во одредени теми без причина? Постои можност за предупредување или не? Секако членот е игнориран од моја страна ама пак може да ме цитира и тагне.
Пријави ги сите тие мислења кадешто членот ти се нафрлува и те навредува без причина и пријави го и членот исто така ако не го затворил профилот да не може сите да му ги гледаат мислењата,јас така правам во вакви случаи.Модераторите и администраторите ќе си преземат мерки против него,а ако ептен претерува тогаш може дури и да го банираат привремено или,пак,перманентно.
Не ме навредува туку ми се нафрлува без некоја посебна причина. Затоа мислев да не има некоја санкција за тоа.